РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
(ВИДЕО) БРАВО - Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

[Видео] Премиерот Заев од магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар: Интегрирани сме во енергетски проекти за стабилно снабдување со гас за поголема конкурентност на стопанството и економски развој

Со интерконекторот со Грција, државата ќе обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгогодишна енергетска стратегија за регионална соработка во енергетиката“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на денешниот увид на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар заедно со министрите Бектеши и Бочварски и директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи.

Премиерот Заев го поздрави напредокот на работните активности и истакна дека магистралниот гасовод е дел од изградбата на преносниот систем за гас во целата држава, како еден од врвните приоритети на Владата што е од исклучителен интерес за граѓаните и за стопанството.

„За три години направивме огромна разлика на планот на енергетиката. Од земја која што беше ставена во ситуација да биде зависна од само еден коридор, Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување кои отвораат широки перспективи и за брз економски развој и за стабилно снабдување на граѓаните со евтин и еколошки енергенс како што гасот. Оваа динамика на градежни работи и во услови на пандемија, веќе го прави многу блиску гасот до индустријата и граѓаните што значи обезбедување пренос и приклучок по ниски цени, достапни за граѓаните и стимулирачки за индустријата. Магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, во должина од 86 километри, заклучно со септември оваа година, е реализирана на ниво 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година, вклучувајќи ја и изградбата на мерните станици и краците кон градовите“, изјави премиерот Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека изградбата на гасоводот е најприоритетен проект во енергетиката во државата. На изградбата на националниот гасовод се работеше интензивно во изминатите три години, а со исто темпо ќе се продолжи и во наредниот период. Министерот Бектеши потенцираше дека паралелно се работи на воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа.

“Ова ќе овозможи пониски цени за енергенси за индустријата и стопанството, а компаниите ќе станат поконкурентни со што ќе ги намалат нивните трошоци во делот на снабдување со енергенси, но дополнително ќе им овозможи и на граѓаните можност на снабдување со природен гас”, кажа министерот Бектеши.

Министерот Бочварски потенцираше дека се вложени сите расположливи капацитети за интензивно решавање на имотно-правните односи и забрзување на постапките за експропријација и одобрување на проектите за инфраструктурната гасификација на земјата, која ќе придонесе за намалени емисии на штетни гасови, а со тоа и за почист воздух и поздрава животна средина, од бенефит не само за нас, туку и за идните генерации.

„Во моментов за изградба на двата магистрални гасоводи се реализираат инвестиции во висина од околу 65 милиони евра од кои 29 милиони за изградба на кракот од Скопје кон Гостивар и 36 милиони евра за изградба на гасоводот од Неготино до Битола“, рече Бочварски истакнувајќи ги следните чекори за продолжување на кракот кон Кичево-Охрид, поврзувањето со пруга крак кон Велес и Cв.Николе, како и проектите за изградба на интерконекциски врски со соседните држави.

Директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи ја истакна важноста од гасификацијата и рече дека иако во време на пандемија е неблагодарно да се дефинираат точни рокови, очекува навремена реализација на предвидените проекти.

loading...

watch anime. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch WONDER EGG PRIORITY Episode 8

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

stream anime online Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

watch anime AniWatch Naruto (Dub)

AniWatch One-Punch Man Episode 12