Ковачевски: Oд Скопје до Лондон ќе бараме луѓе, за да ѝ помогнеме на државата
Ковачевски: Oд Скопје до Лондон ќе бараме луѓе, за да ѝ помогнеме на државата
БОМБА НА ТАЧИ: Мнозинството може да стигне до 70 пратеници
БОМБА НА ТАЧИ: Мнозинството може да стигне до 70 пратеници
(ВИДЕО) Заев: Прва стратешка француска инвестиција во енергетскиот сектор, Соларен парк „Стипион“ еден од најголемите во Европа
(ВИДЕО) Заев: Прва стратешка француска инвестиција во енергетскиот сектор, Соларен парк „Стипион“ еден од најголемите во Европа
И ГОЦА СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ГРУЈО - Јанкулоска сведочеше за плацевите на Водно на Груевски: Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски, во партиското седиште имаше сеф во секоја просторија!
И ГОЦА СЕ СВРТЕ ПРОТИВ ГРУЈО - Јанкулоска сведочеше за плацевите на Водно на Груевски: Некогаш донаторите ги даваа парите на Груевски, во партиското седиште имаше сеф во секоја просторија!
ЕВЕ КАКО ВМРО ЈА ПЉАЧКАЛО ДРЖАВАТА: Чинговски сведочеше дека како поштар доставувал пакети за ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека во некои имало и пари
ЕВЕ КАКО ВМРО ЈА ПЉАЧКАЛО ДРЖАВАТА: Чинговски сведочеше дека како поштар доставувал пакети за ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека во некои имало и пари
Реакција на Павле Трајанов на изјавата на Христијан Мицкоски
Реакција на Павле Трајанов на изјавата на Христијан Мицкоски
Imuno Aktiv - Борете се за вашиот имунитет со најсилниот германски бренд Doppelherz
Imuno Aktiv - Борете се за вашиот имунитет со најсилниот германски бренд Doppelherz
БОМБА ВО СУДНИЦА - ВИСТИНАТА ЗА РЕЖИМОТ ОДЕКНА ОД УСТАТА НА НАЈБЛИСКИТЕ НА ДИКТАТОРОТ - Протуѓер: Со Груевски бевме блиски. Ми спомена дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно
БОМБА ВО СУДНИЦА - ВИСТИНАТА ЗА РЕЖИМОТ ОДЕКНА ОД УСТАТА НА НАЈБЛИСКИТЕ НА ДИКТАТОРОТ - Протуѓер: Со Груевски бевме блиски. Ми спомена дека купил земјиште од 10.000 квадратни метри на Водно

[Видео] Премиерот Заев: Развиени општини значат силна економија, Делчево со новиот капитален проект дава стимул за локалниот економски развој

Современиот градски пазар преку почитување на сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, ќе биде уште едно место двигател на локалната економија тука во Општина Делчево, заедно со текстилните претпријатија за производство на кошули, ХТЗ- опрема, претпријатија од дрвната индустрија, како и земјоделските дејности во кои се вклучени најголем број од населението“, изјави претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој заедно со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, заменикот-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски го означија почетокот на изградба на современиот градски пазар.

Премиерот Заев истакна дека целта на овој капитален проект за Делчево во износ од 33,4 милиони денари е создавање модерни услови како за продавачите, така и за купувачите.

„Дополнително овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Развиени општини значат силна економија. Во таа насока Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење. Владата продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој“, изјави Заев и рече дека Владата со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции спроведува проекти конкретно насочени кон развој на општините за зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво.

Градоначалникот Трајковски истакна дека градскиот пазар во Делчево е неопходна потреба и проект кој има регионално значење за Општина која е на крајниот исток од државата, каде доаѓаат посетители од соседна Бугарија, но и како транзитно место, често посетувано од граѓани од цела држава и пошироко.

„Целта е да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг простор. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење 6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи но и други стоки“, рече Трајковски и додаде дека изминатиов период во Делчево се града улици онаму каде што канализации, се работи да се подобриме квалитетот на водата за пиење и да се обезбеди чиста вода за Делчево.

Дополнително како што подвлече Трајковски, реализирани се и ветените капитални проекти: улици во населбата Басарица, пешачки мост на р. Брегалница, градска капела, а за една година ќе биде реализиран и долгогодишниот сон на секој делчевец, изградба на современ градски пазар кој ќе овозможи да се создадат современи услови во трговијата и можности за развој на овој дел од градот.

loading...

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak My Hero Academia (Dub) Episode 11

anime sites My Hero Academia Season 3

SK8 the Infinity (Dub) Episode 3

english anime Boruto: Naruto Next Generations

AnimeFreak Attack on Titan Season 2 (Dub)