Една слика што ја покажува сплотеноста во СДСМ Центар и која испраќа една единствена порака до ДПМНЕ.
Една слика што ја покажува сплотеноста во СДСМ Центар и која испраќа една единствена порака до ДПМНЕ.
Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски
Ние сме сигурни победници и во вториот круг на изборите, вели Илиевски
МАЛЕСКИ -ЗАКЛУЧОК ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Подем на националистите и на радикалите
МАЛЕСКИ -ЗАКЛУЧОК ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: Подем на националистите и на радикалите
Шилегов: Скопје тргна напред, сите кои го носите во срцето, излезете на избори!
Шилегов: Скопје тргна напред, сите кои го носите во срцето, излезете на избори!
(ВИДЕО) Кондовски: Битола ќе доживее економски и инфраструктурен бум!
(ВИДЕО) Кондовски: Битола ќе доживее економски и инфраструктурен бум!
ИСМЕТ РАМАДАНИ: МАКЕДОНСКИОТ ГЛАСАЧ ГЛАСА ЕМОТИВНО И МИСЛИ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ
ИСМЕТ РАМАДАНИ: МАКЕДОНСКИОТ ГЛАСАЧ ГЛАСА ЕМОТИВНО И МИСЛИ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ
Иванов: ВМРО-ДПМНЕ не е партија на која треба да ѝ се даде централна власт
Иванов: ВМРО-ДПМНЕ не е партија на која треба да ѝ се даде централна власт
МИЦКОВСКИ Е ДАЛЕКУ ОД СВЕСТА НА МУЦУНСКИ - Муцунски испи кафе со противкандидатите: Потребно ни е обединување
МИЦКОВСКИ Е ДАЛЕКУ ОД СВЕСТА НА МУЦУНСКИ - Муцунски испи кафе со противкандидатите: Потребно ни е обединување

[Видео] Премиерот Заев во Прилеп: Владата е посветена на инвестирање во инфраструктурни проекти во сите општини, градежната офанзива не запира, новиот булевар е најмодерна градска сообраќајница

Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски присуствуваше на одбележувањето на пуштање во употреба на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“, која е реконструирана во најмодерна градска сообраќајница и покрај здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.

„Прилеп треба да се гордее со овој булевар, современ булевар со пешачки и велосипедски патеки кој граѓаните го очекуваа долги години. Булеварот е со две коловозни ленти во едниот правец и две во другиот правец, меѓусебно одделени со зелен појас, во кој е поставено осветлувањето. Должината на реконструираниот булевар изнесува 560 метри и со комплетната реконструкција на улицата „Прилепски бранители“ со три коловозни ленти, Прилеп добива модерна сообраќајна инфраструктура“, подвлече Заев изразувајќи задоволство што градежната офанзива во Прилеп не запре и покрај пандемијата од коронавирусот.

Премиерот Заев, ја искористи приликата и на прилепчани им го честиташе празникот „Свети Никола“, патронот-заштитник на градот Прилеп, посакувајќи им здравје и успеси на сите граѓани на Општината.

„Знам дека заради пандемијата од КОВИД-19 и во име на почитување на мерките за заштита од вирусот, годинешното прославување и одбележување на големиот празник „Свети Никола“ е поразлично во однос на претходните години и ќе изостане традиционалниот светиниколски ручек во центарот на Прилеп. Но, бидете уверени дека оваа отстапка од традицијата, оваа година е ваш голем придонес за здравјето на прилепчани и за спречување на дополнителното ширење на вирусот“, рече претседателот на Владата Заев, посакувајќи им здравје на граѓаните.

Тој подвлече дека и покрај нетрадиционалното чествување на празникот, граѓаните можат да бидат горди, поради работните успеси кои не запреа и за време на корона-кризата и кои се во интерес и обезбедуваат услови за подобар живот на сите.

„И во оваа прилика, како и на секој јавен настап повторувам: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Убеден сум дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, порача Премиерот нагласувајќи дека Владата останува посветена на унапредување на работата на локалната самоуправа, во инвестирање во проекти од инфраструктурата во општините низ целата држава.

loading...

AnimeHeaven: Ten Tokyo Warriors anime episode 6 online free at https://animeheaven.pro anime websites

Website https://animeflix.nl: Watch Hayate the Combat Butler!! animeflix Episode 25 animeflix the promised neverland

https://gogoanime.be gogoanime pro

TwistMoe: InuYasha (Dub) anime episode 166-167 online free at https://twistmoe.net watch animes

App roll20: https://app.roll20.net/users/9226550/animeflixnl

Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/animefreakws