Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка
Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: БУГАРИЈА НИ НАНЕСЕ ТЕШКА РАНА КОЈА ТЕШКО ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ЗАРАСНЕ!
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: БУГАРИЈА НИ НАНЕСЕ ТЕШКА РАНА КОЈА ТЕШКО ДЕКА НЕКОГАШ ЌЕ ЗАРАСНЕ!
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

(ВИДЕО) Премиерот Заев за патот Крива Паланка – Деве Баир: Интензивно се гради Коридорот 8, тоа ни носи поврзување и економски развој

“Модернизацијата на Коридорот 8, комплетната реконструкција и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, во должина од околу 13 километри е значајна заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна економска важност за нашата земја“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на работните активности каде беа присутни и заменикот на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Премиерот Заев истакна дека патниот правец Крива Паланка – Деве Баир е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај, кон и од соседна Бугарија.

„Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа: Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите. Дел од овој процес е и доизградба на железницата на овој коридор, кој е поделен на 3 делници: Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека покрај сите предизвици со ковид кризата и со наследените огромни грешки во проектите, продолжува вложувањето на квалитетно подобрување на патната мрежа и подигнување на безбедноста на патиштата на рамниште на Европската Унија.

„Во реализација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 90 милиони евра за изгрaдба и модернизација на Коридор 8. Очекуваме до 2022 година да имаме комплетно нова патна врска кон Република Бугарија, а истовремено се работи на патната врска на запад кон соседна Албанија. Вкупниот влог во модернизација на Коридор 8 достигнува една милијарда евра“, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека станува збор за реконструкција со рехабилитација и доизградба на трета лента на 13,2 км со предвидена ширина од 10,5 м. за што се издвоени се 10,16 милиони евра, обезбедени преку Европска банка за обнова и развој.

loading...

ANIMEFLIX dubbed anime: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://animeflix.nl/m/DvVp/ep-1)

AniWatch anime websites: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/Aaeo/ep-2)