ПРАКТИЧНА, СОВРЕМЕНА И ПРОСТОРНА: OPEL ЈА ОТКРИВА ЦЕЛОСНО НОВАТА ASTRA SPORTS TOURER
ПРАКТИЧНА, СОВРЕМЕНА И ПРОСТОРНА: OPEL ЈА ОТКРИВА ЦЕЛОСНО НОВАТА ASTRA SPORTS TOURER
Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам
Ковачевски за влијанието на Заев: Мојот интегритет ќе го потврдам преку одлуките коишто ќе ги носам
ФИЛИПЧЕ: Од исклучителна важност е успешното партнерството помеѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ
ФИЛИПЧЕ: Од исклучителна важност е успешното партнерството помеѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ
АЈДЕ НАРОДЕ ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА: Oд денеска кесите ќе чинат 15 денари, ќе користиме торби како пред 30 години
АЈДЕ НАРОДЕ ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА: Oд денеска кесите ќе чинат 15 денари, ќе користиме торби како пред 30 години
НА СКОПСКИ ИЗВРШИТЕЛ МУ СЕ ПАДНА БИНГО: Mу заплени 9,5 милиони евра на Самсоненко, ќе си лапне дебела провизија
НА СКОПСКИ ИЗВРШИТЕЛ МУ СЕ ПАДНА БИНГО: Mу заплени 9,5 милиони евра на Самсоненко, ќе си лапне дебела провизија
ВЕНКО, КАРАЏОСКИ ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ: ГРЦИЈА ОД 16-ТИ ЈАНУАРИ ВОВЕДУВА КАЗНА ОД 100е МЕСЕЧНО ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ А СЕ НАД 60 ГОДИНИ
ВЕНКО, КАРАЏОСКИ ДАЛИ СЕ СЛУШАМЕ: ГРЦИЈА ОД 16-ТИ ЈАНУАРИ ВОВЕДУВА КАЗНА ОД 100е МЕСЕЧНО ЗА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ А СЕ НАД 60 ГОДИНИ
Ковачевски поднесе и изборна програма во СДСМ: Партијата поминува низ предизвик, потребно е обединување
Ковачевски поднесе и изборна програма во СДСМ: Партијата поминува низ предизвик, потребно е обединување
АНГЕЛОВ: СПРЕМИВМЕ ПЛАН ЗА ЦРНО СЦЕНАРИО СПОРЕД КОЕ ДРЖАВАТА БИ ОСТАНАЛА ЦЕЛОСНО БЕЗ СТРУЈА, ТОА Е НАША ДОЛЖНОСТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТОА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ
АНГЕЛОВ: СПРЕМИВМЕ ПЛАН ЗА ЦРНО СЦЕНАРИО СПОРЕД КОЕ ДРЖАВАТА БИ ОСТАНАЛА ЦЕЛОСНО БЕЗ СТРУЈА, ТОА Е НАША ДОЛЖНОСТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТОА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ

(ВИДЕО) Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на промоцијата во фирмата „Брако“ во Велес и прв ја возеше хидрогенската метларка за чистење на улици и јавни површини

Првото возило за чистење кое целосно работи на водород и воопшто не испушта јаглерод диоксид, што ќе се произведува во „Брако“ под брендот „Грин машинс“, денеска беше промовирано во кругот на велешката фабрика во присуство на владиниот врв. Станува збор за еколошка машина за чистење улици и јавни површини која како гориво користи водород (хидроген) што е складиран во сад под екстремно висок притисок кој заедно со кислородот од воздухот напојува горивна ќелија која генерира електрична енергија што се користи за напојување на електромоторите на возилото.

– Иднината на македонската индустрија се производите со поголема додадена вредност. За да се произведуваат такви извозно ориентирани продукти што можат да се продаваат во целиот свет, потребно е компаниите да го поседуваат највисокото ниво на технологија и да имаат агресивен маркетинг. Токму ова веќе 20 години го применуваме во „Брако“, а овие возила се резултат на овој принцип на работа – истакна Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако“.

За таквиот развој, нагласи тој, потребни се повеќе години посветен ангажман со јасна стратегија и со луѓе кои што знаат како тоа да го изведат.

– Навистина сум горд што денес можеме да ги промовираме овие возила, пред сѐ, возилото на водороден, хидрогенски погон кое што е комплетно развиено како најнова технологија што е иднина во светот. Исто така, горди сме што во „Брако“ во Велес се произведе машина за чистење и метење улици, со големина и капацитет што се први во светот. Сето ова е резултат на 60-ина инженери што работат во „Брако“, односно на 150 инженери кои што се дел од групацијата „Фероинвест“, која што вработува повеќе од 1.000 – рече Анѓушев.

Покрај машината што користи водород, под брендот „Грин машинс“, истакна, беше изработен и камионот GM995, кое што ќе биде најголемото возило што се произведува во „Брако“. Дополнително, компанијата ги привршува активностите во чии рамки вложи осум милиони евра во нови производствени капацитети, што е значаен исчекор во време на глобална пандемија.

Премиерот Зоран Заев посочи дека велешката компанија „Брако“ е особено добар пример што им дава мотив и на другите, бидејќи од претпријатие во 10-годишен стечај благодарение на добриот менаџмент и визионерските чекори се трансформира во една од технолошки најнапредните компании во Северна Македонија.

– Навистина сум горд што повеќе од 60 инженери, кои што се дел од „Брако“ и „Грин машинс“, стојат зад ова напредно технолошко, целосно еколошко возило, со кое што компанијата, а со тоа и нашата земја е конкурентна на светскиот пазар – рече Заев.

Современата трансформација на компанијата, додаде, резултира со создавање на производи што се продаваат на глобалниот пазар, како „Грин машинс“.

– Особено е значајно тоа што целиот нивен развој се одвива токму тука, во Велес од првичната идеја до конечната реализација. Ова што го создава „Грин машинс“ докажува дека фосилните горива и нивната примена во секојдневниот живот полека стануваат дел од историјата. Тоа се случува како резултат на извонредни иновации за кои што слушаме од сите страни на светот, а мене ми е особено мило што такво едно еколошко решение е создадено токму во Северна Македонија – потенцира премиерот.

И покрај кризата, поради која што условите за работа беа најтешки од логистичко-технолошки аспект, како што посочи, „Брако“ не доживеа пад на производството, го зголеми бројот на вработени и сега дел од ова претпријатие се повеќе од 600 лица. Велешката компанија е меѓу технолошки најсовремените во земјава, а со 95 отсто од производството наменето исклучиво за извоз во над 30 земји, таа е еден од најуспешните извозници во Северна Македонија.

Во рамки на циклусот на нови инвестиции, компанијата вложи во напредната технологија на CNC-управувачки машини, нов погон за комплетно еколошко поцинкување, нова опрема за лин-производство, како и во нова менза за вработените.

„Брако“, со своите 15 инженери, кои соработуваа со колеги од Холандија, го креира еколошкото возило за чистење кое што испушта вода, но не и издувни гасови кои што ја загадуваат животната средина. Амстердам, Утрехт и Ротердам се првите градови што ќе ја одржуваат хигиената со моделот GM 500H2 на „Грин машинс“, а интерес за ова возило има во САД, Велика Британија, Јапонија, но и во скандинавските земји.

loading...