ОБИДОТ САШО МИЈАЛКОВ ДА ИЗБЕГА НЕ ИМ УСПЕА, СЕГА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ЈА РУШИ ВЛАДАТА ПРЕКУ ФРЧКО, ТОЈ ПО НИКОЈА ЦЕНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ АМБАСАДОР - ДРАМА ВО САД, ВМРОВЧЕТО МЕТО КОЛОСКИ АКТИВНО ЛОБИРА ВО ВАШИНГТОН, ВОДИ ЦРНА ПРОПАГАНДА, ВПРЕГНАЛ ГОЛЕМА МАШИНЕРИЈА!

ТЕМЕЛКОВСКИ: Уште едно населено место во општина Кисела Вода ќе добие приклучок на фекална канализација
ТЕМЕЛКОВСКИ: Уште едно населено место во општина Кисела Вода ќе добие приклучок на фекална канализација
МЗ најава: 21 илјади вакцини од Фајзер до крајот на месецов
МЗ најава: 21 илјади вакцини од Фајзер до крајот на месецов
(ВИДЕО) ВАЛКАНА МЕДИСКА ИГРА НА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ДА СЕ РУШЕЛО СКОПЈЕ 2014-ТА, ПЛАНОТ Е ДА СЕ ПРЕДИЗВИКААТ ЖЕСТОКИ АНТИ ВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!
(ВИДЕО) ВАЛКАНА МЕДИСКА ИГРА НА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ДА СЕ РУШЕЛО СКОПЈЕ 2014-ТА, ПЛАНОТ Е ДА СЕ ПРЕДИЗВИКААТ ЖЕСТОКИ АНТИ ВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!
ДЕМАНТ ОД ЈОРДАН КАМЧЕВ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД МАКТЕЛ
ДЕМАНТ ОД ЈОРДАН КАМЧЕВ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД МАКТЕЛ
МПЦ-ОА: Пред СПЦ е изборот дали ќе остане надвор од решавање на спорот негирајќи ги правата на Цариградскиот престол или ќе даде амин
МПЦ-ОА: Пред СПЦ е изборот дали ќе остане надвор од решавање на спорот негирајќи ги правата на Цариградскиот престол или ќе даде амин
НОВ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - Среде пандемија, италијанска „Витило“ ќе инвестира нови 10 милиони евра во земјава!
НОВ ТРИУМФ НА ВЛАДАТА - Среде пандемија, италијанска „Витило“ ќе инвестира нови 10 милиони евра во земјава!
СПАСОВСКИ: Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување
СПАСОВСКИ: Продолжува опремувањето на полицијата, нова опрема за полициските службеници од Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Покрај мерките на институциите коишто се најважни во моментов, потребна е и поголема индивидуална одговорност

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се сретна и поразговара со претставници на Националниот совет на инвалидиски организации на Македонија.

Посочувајќи дека нашата земја пред речиси една деценија ја ратификуваше Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, претседателот Пендаровски истакна дека како држава и натаму заостануваме со нејзина целосна и доследна имплементација. Претседателот Пендаровски и денеска повтори дека крајно време е да се имплементираат одредбите на Конвенцијата, особено членовите 5 и 9, односно, правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација.

„Потребно е надлежните институции со директна поддршка и вклученост на претставниците од организациите на лицата со попреченост, поефективно да пристапат кон имплементација на споменатите членови. Исто така, неопходно е лицата со попреченост и нивните организации да бидат вклучени во мониторингот, во надзорот над имплементација на Конвенцијата, при што мора да се изнајдат соодветни модалитети за вашето учество во мониторингот за тој да не биде само формалност“, потенцираше претседателот Пендаровски

На средбата со претставниците на здруженијата со телесен инвалидитет, на глуви и слепи лица, здруженија на лица со интелектуална попреченост и цивилни и трудови инвалиди, претседателот Пендаровски рече дека мора да се зголеми динамиката со којашто државни институции работат на укинување на физичките и менталните бариери и имплементација на инклузивното образование, а со тоа и надминување на длабоко вкоренетите стереотипи.

„Институциите кои работат со лицата со попреченост неопходно е да имаат соодветни кадровски, финансиски и технички ресурси. Притоа, не смее да се прават компромиси и да се одложуваат процесите без разлика на сите економски, политички или како во моментов, здравствени предизвици и проблеми“, подвлече претседателот Пендаровски.

Во услови на пандемијата на Ковид-19, како што додаде претседателот Пендаровски, најзагрозени се најранливите категории наши сограѓани, на коишто им е потребна поддршка, солидарност и грижа. Во таа насока, заклучи претседателот Пендаровски, „покрај институционалните мерки кои се најважни во моментов, потребна е и зголемена индивидуална одговорност и ангажман на секој наш граѓанин. Сите ние како поединци можеме да придонесеме со нашето однесување, проактивност и одговорност“.

На средбата, претставниците на НСИОМ на претседателот Пендаровски му ги укажаа проблемите и предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат. Пред се, ја посочија непристапноста на објектите, недостапноста до образованието, невработеноста на лицата со попреченост, ниските надоместоци од државата, недостиг на соодветни помагала.

Во насока на подобрување на дел од состојбите, претседателот Пендаровски искажа ветување дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за градба доколку во него не се имплементирани главните сугестии на лицата со попреченост, а коишто предвидуваат новите објекти да бидат пристапни за лица со попреченост.

3 Декември е прогласен за Меѓународен ден на лицата со попреченост од страна на Генералното собрание на ОН на 14 октомври 1992 година. Годинава денот се одбележува под мотото „Да градиме подобра поддршка: за лицата со попреченост – инклузивен, пристапен и одржлив свет пост Ковид-19“.

loading...

Tian Guan Ci Fu Episode 11 at website https://funimationfree.com funimation ps4

Attack on Titan Season 2 Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll do you have to pay