КАКО МИНАТ ГОДИНИТЕ, ФРИЗУРАТА НА БОРИС ЏОНСОН СТАНУВА СЕ ПОЛОША И ПОЛОША, ТЕШКО ЧОВЕК ДА ГО СЛЕДИ БЕЗ ДА ПРСНЕ ДА СЕ СМЕЕ
КАКО МИНАТ ГОДИНИТЕ, ФРИЗУРАТА НА БОРИС ЏОНСОН СТАНУВА СЕ ПОЛОША И ПОЛОША, ТЕШКО ЧОВЕК ДА ГО СЛЕДИ БЕЗ ДА ПРСНЕ ДА СЕ СМЕЕ
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА НАТО, СТОЛТЕНБЕРГ ДО БАЈДЕН: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ФАЛА ВИ ШТО ЕВРОПА МОЖЕ ДА СМЕТА НА САД, ЗНАЈТЕ ДЕКА И САД МОЖЕ ДА СМЕТА НА ЕВРОПА КАКО СИЛЕН СОЈУЗНИК!
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА НАТО, СТОЛТЕНБЕРГ ДО БАЈДЕН: ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ФАЛА ВИ ШТО ЕВРОПА МОЖЕ ДА СМЕТА НА САД, ЗНАЈТЕ ДЕКА И САД МОЖЕ ДА СМЕТА НА ЕВРОПА КАКО СИЛЕН СОЈУЗНИК!
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ЏО БАЈДЕН ВО БРИСЕЛ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕЧЕ ДЕКА ЈА ИМАМЕ НЕГОВАТА ПОДДРШКА, ГО ПОКАНИВ ДА ЈА ПОСЕТИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ЏО БАЈДЕН ВО БРИСЕЛ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ РЕЧЕ ДЕКА ЈА ИМАМЕ НЕГОВАТА ПОДДРШКА, ГО ПОКАНИВ ДА ЈА ПОСЕТИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!
СКОПЈЕ ДОБИ НОБО ОДБОЈКАРСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ
СКОПЈЕ ДОБИ НОБО ОДБОЈКАРСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ
(ВИДЕО) Mерко не е Заев, краток му е фитилот - Откако доби рафал од прашања, до новинарка на ТВ Aлфа: Неписмена си!
(ВИДЕО) Mерко не е Заев, краток му е фитилот - Откако доби рафал од прашања, до новинарка на ТВ Aлфа: Неписмена си!
МЗ: ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАА 13 ИЛЈАДИ ФАЈЗЕР ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА
МЗ: ДЕНЕСКА ПРИСТИГНАА 13 ИЛЈАДИ ФАЈЗЕР ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА
ВАКВИТЕ ПОТЕЗИ ГО ОЛЕСНУВААТ МНОГУ ЖИВОТОТ НА ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ: Се укинува роамингот на Западен Балкан – повици, СМС и интернет по домашни цени
ВАКВИТЕ ПОТЕЗИ ГО ОЛЕСНУВААТ МНОГУ ЖИВОТОТ НА ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ: Се укинува роамингот на Западен Балкан – повици, СМС и интернет по домашни цени
(ВИДЕО) 12 ГОДИШНА НАВИКА: Бенџамин Нетанјаху направи грешка и седна на премиерското место во кнесетот, иако веќе не е премиер!
(ВИДЕО) 12 ГОДИШНА НАВИКА: Бенџамин Нетанјаху направи грешка и седна на премиерското место во кнесетот, иако веќе не е премиер!

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

Почитувана министерке за култура,

Почитуван директор на АД Пошта на Северна Македонија,

Почитуван претседател на Советот за македонски јазик,

Драги пријатели,

Имам особена чест и задоволство да ви се обратам на денешнава промоција на поштенската марка со ликот на Блаже Конески по повод големиот јубилеј – 100 години од неговото раѓање. Како покровител на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ би сакал да и се заблагодарам на АД Пошта на Северна Македонија, што се вклучи во активностите и програмските содржини, преку издавање на пригодна марка со ликот на Блаже Конески.

Денешната промоција се одвива на просторот од некогашната шалтер сала која во 2013 беше уништена од пожар. Оштетените ѕидови сѐ уште нѐ потсетуваат на грандиозното здание, проектирано од Јанко Константинов кое има голема архитектонска вредност не само кај нас, туку и пошироко. Тука беше и муралот на Борко Лазески, кој ја претставуваше македонската Герника, поради што објектот со право беше една од култните знаменитости на Скопје. Верувам дека како што го чествувавме великанот на македонската култура, литература и лингвистика, Блаже Конески така ќе го чуваме и останатото современо творештво кое претставува културно движно и недвижно наследство на нашата модерност, и дека во блиска иднина овој простор ќе го врати првобитниот лик.

Почитувани,

Пред неколку дена не напушти проф. д-р Трајко Стаматоски, еден од најблиските соработници на Блаже Конески. Стаматоски беше и еден од најревносните соборци на Конески во афирмацијата и промоцијата на македонскиот јазик. Впрочем токму на промоцијата на книгата на Трајко Стаматоски, „Борба за македонски литературен јазик“ во 1987, Блаже Конески ја искажа познатата и често цитирана мисла за јазикот како единствена комплетна татковина, односно најголемо приближување до идеалната татковина. Тогаш Конески го рече и следново: “И во моменти на раслојувања и колебања последно што треба да ни паѓа на ум е да ги поставуваме под прашање придобивките на нашата самостојна акција на јазичен план”.

За жал, и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик и неговото верифицирање од страна на светската лингвистичка наука, сведоци сме на негации и притисоци. Сепак, ме радува фактот што барем внатрешно немаме никакви колебања и што обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик. Впрочем негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академик Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти- македонисти кои го проучувале и изучувале. Кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски.

На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и правдата. Затоа во годината на Конески, но и во секоја следна, како општество, но и како поединци – обични граѓани или претставници на институции, да работиме сплотено и одговорно во афирмацијата и промоцијата на неговото дело.

loading...

GoGoAnime gogoanime gintama: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 7 (https://gogoanime.be/m/MWP9/ep-7)

AnimeTV boruto anime tv: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 2 (https://animetv.cc/m/WLG2/ep-2)