Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“ за старт на преговорите, на потег сега е Париз
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола, Приведен гостиварец по распишана централна потерница

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик: Една од нашите заеднички вредносни котви е, секако, она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, филолог, лингвист, визионер

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Небрегово ja посети Спомен-куќата на Блаже Конески и се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.

Во рамки на настанот, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе пред родната куќа на Блаже Конески и ги посети внатрешноста на спомен-куќата, обновената училишна училница и црквата во Небрегово.

На настанот се обратија и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик и проф. д-р Људмил Спасов, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а беше рецитирана и поезија на Конески од страна на ученици од Небрегово и Прилеп.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Драги пријатели, добар ден на сите,

Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата не дистанцираше од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување.

Една од нашите заеднички вредносни котви е, секако, она што зад себе како животно дело го остави Блаже Конески, филолог, лингвист, визионер. Тој опстојува како заштитник на нашата модерност – јазична, мисловна, книжевна, образовна и институционална. Тивок човек, кој со својата посветеност, одговорност, работливост и смиреност, треба да ни биде модел за нашето сегашно и идно дејствување во промоција на заедничката кауза.

Токму затоа личноста која е парадигма за нашата национална еманципација и прогресивност треба да ја чествуваме постојано, не само јубилејно. Тој беше човек на кој не му требаа почести. Неговата големина дополнително беше нагласена со неговата скромност и личниот аскетски профил. Во наследство ни ги остави – мислите, зборот, емоциите, духовноста и јазикот, без да побара надомест. Имено затоа, кај нас лежи одговорноста да не го заборавиме она што Конески ни го остави како културно наследство бидејќи низ неговото дело, всушност, се надѕираат сите слоеви на нашата култура.

Почитувани,

Многу е важно да се спротиставиме на културата на заборав, која, за жал, е голема закана во овие брзи времиња. Неопходно е да ги реартикулираме во нашата сегашност, белезите на оние кои се арматурата на нашиот национален и културен континуитет. Овој собир, посветен на Конески, токму тоа и го прави – го позиционира во сегашноста неговиот легат уважувајќи дека без поглед кон значајните секвенци и личности од нашето подалечно и скорешно минато, нема да можеме да ги видиме сите опции на утрешниот ден.

Наоѓајки се овде, во Небрегово, во подножјето од каде што започнува искачувањето до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, станува појасно од какви дамари е составена личноста и животната патека на Конески. И сосема јасно е дека од овој вруток извира мудроста, духовноста и сталоженоста на една таква величина.

Во време кога често знаеме преку бескрајно повторување и употреба да ги обезвредниме зборовите, би сакал да потсетам на една забелешка на Конески, кој во своите разговори со Цане Андреевски се запраша уште одамна: „Јазикот на политиката го шаблонизира секојдневието. Дали ќе дојде моментот на едно крајно осиромашување, односно на едно унифицирање во изразот? Односот кон зборот, е нешто што најмногу ни недостига. А треба да се има и напор да се усовршува нашиот јазичен израз. Тоа се прави во секој миг и во секоја средина. И во патријархалната и во современата.“

Денес кога многу често зборовите се расфрлаат во јавниот говор испразнети од секаква вредност добро е да се потсетиме и на познатата мудра препорака на Конески: „Чувај го зборот добро врзан како необучен коњ што знае да каса, да клоца, да мава. Чувај го! Зашто ако го пуштиш така разоглавен по чаирите, којзнае која луда глава ќе посака да го јава“.

Почитувани,

Дозволете ми на крајот кусо да споделам со вас некои мои согледувања кои се однесуваат на релацијата помеѓу политичкото и уметничкото. Да се биде ангажиран во промислувањето на политичкото во нашите животи не е негативна работа, особено од аспект на современото читање на културата. Почнувајќи од културните, уметничките и естетските модалитети во драмските бисери на античката, хеленска книжевност, преку европските првенци на зборот, како Шекспир, Гете, Молиер, Лорка, Брехт, Бекет до нашите современици, со векови се говори и се пишува за клучното место на уметничкиот, хуманистичкиот промислувач на општествените, меѓугенерациски процеси во секоја заедница. Конески припаѓа токму на таа група – благороден, политички свесен архивар на светот и на неговите суптилни општествени динамики. Лишени од неговата оставина ние не би постоеле, бидејќи одамна е речено дека човекот постои низ јазикот, а низ јазикот, преку зборовите, се оформува нашето мислење.

Чест ми е што сум денес во домот каде што Блаже Конески се родил и ги поминал своите најзначајни формативни години од животот. Ова овде не смееме да го загубиме, мораме да најдеме начин да го оживееме повторно за новите генерации да имаат каде да се навраќаат. Затоа што, како што еднаш рече Конески: „Сето е предвидено – ние си одиме, а земјата останува.“

Ви благодарам.

loading...

quà tri ân go88 nạp tiền go88 bằng sms Go88 apk - Hệ thống game bài đổi thưởng uy tín

sunwin s.r.o tại sunwin app store sunwin máy chủ đặt ở đầu