(ВИДЕО) ПОМЛАДИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ЗА БУГАРСКАТА МАШИНА ЗА ГОЛОВИ ХРИСТО СТОИЧКОВ, КОЈ ВО 90-ТИТЕ БЕШЕ КРАЛ НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
(ВИДЕО) ПОМЛАДИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ ЗА БУГАРСКАТА МАШИНА ЗА ГОЛОВИ ХРИСТО СТОИЧКОВ, КОЈ ВО 90-ТИТЕ БЕШЕ КРАЛ НА СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ!
Филипче, Царовска, Битиќи и Спасовски се нови потпретседатели на СДСМ
Филипче, Царовска, Битиќи и Спасовски се нови потпретседатели на СДСМ
ФИЛИПЧЕ: Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk
ФИЛИПЧЕ: Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk
(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ИРЛ: ОТКРИJA ФИРМА ОД КИЧЕВО КОЈА СНАБДИЛА ДЕСЕТИЦИ МИНИСТЕРСТВА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО МАЗУТ ОД БОСНА ЗА КОЈ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ОТПАДНО МАСЛО!
(ВИДЕО) СТОРИЈА НА ИРЛ: ОТКРИJA ФИРМА ОД КИЧЕВО КОЈА СНАБДИЛА ДЕСЕТИЦИ МИНИСТЕРСТВА И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО МАЗУТ ОД БОСНА ЗА КОЈ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА Е ОТПАДНО МАСЛО!
АЛИ АХМЕТИ ГО КРЕНА ПЕХАРОТ: ФК Шкендија – шампиони на Македонија за сезона 2020/21
АЛИ АХМЕТИ ГО КРЕНА ПЕХАРОТ: ФК Шкендија – шампиони на Македонија за сезона 2020/21
ИКОНАТА НА СДСМ, ШЕЌЕРИНСКА: Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска - Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани
ИКОНАТА НА СДСМ, ШЕЌЕРИНСКА: Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска - Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани
ЗАЕВ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: ГИ ПОВИКА И ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ДА ПРЕСТАНАТ СО ВОЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ!
ЗАЕВ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: ГИ ПОВИКА И ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ДА ПРЕСТАНАТ СО ВОЕНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА ДА СЕ СПРЕЧАТ ЦИВИЛНИТЕ ЖРТВИ!
(ВИДЕО) БОМБА НА ЗАЕВ ПО 26-ТИОТ КОНГРЕС, ОТКРИ ПАРТИСКА ТАЈНА КОЈА СДСМ ЈА ЧУВАЛА ОД ЈАВНОСТА 8 МЕСЕЦИ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЗАЕВ ПО 26-ТИОТ КОНГРЕС, ОТКРИ ПАРТИСКА ТАЈНА КОЈА СДСМ ЈА ЧУВАЛА ОД ЈАВНОСТА 8 МЕСЕЦИ

ВИДЕО: Промовиран проекот „Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ со новите можности за престој во природа

„Попова Шапка-планински рај-опуштете се и уживајте“ е насловен проектот кој го спроведува Здружение планинарскиот клуб „Шара ски“ од Тетово, со што на сите посетители на овој зимско-рекреативен центар им овозможува еден поинаков престој во природа. Пешачење, велосипедизам, детска забава, воедно опуштање и уживање на чист воздух е комбинацијата на сите убави работи кои ги нуди проектот.

Пешачко-велосипедската патека „Јелак“ со вкупна должина од 12 километри е можност да се помине неколку часа на чист воздух, да се види убавината на зимзелената шума од борови и елки попат. Во рамки на проектот се изгради простор за одмор со клупи и претствува нова содржина за посетителите на Попова Шапка. Од ски-центарот до новото место за одмор се потребни околу час до час и половина пешачење, а патеката спаѓа во лесна категорија која може да ја поминат и почетници.

-Просторот се состои од четири маси и осум клупи, канти за отпадоци. Исто така, поставена е и инфо – табла со дополнителни информации за можностите и активностите во близина на патеката „Јелак“. Таа е поставена на шестиот километар на патеката која е во вкупна должина од 12км (во двете насоки), во непосредна близина на прекрасниот видиковец од кој се гледа „ Јелачки црн врв“. Ова место за одмор на една од најатрактивните патеки што овозможува поминување време во природа и на отворено е од особено значење во новите променети услови и протоколите за безбедност од Ковид 19, изјави Тихомир Аноски, претседател на планинарскиот клуб „Шара Ски“.

При денешната промоција на проектот инаку чии активности беа спроведени во изминатите три месеци се запознаваме и со новото детско игралиште Active Кids Аdventure Park.

-Тоа се атрактивни содржини за најмладите (лизгалка, нишалка, клацкалка, вратила) меѓу кои најмногу внимание привлекува детскиот тандем Зип лајн. Еден дел од паркот е прилагоден за деца со посебни потреби. Детскиот парк е поставен во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка, влезот е бесплатен за сите посетители. Заради дополнителна безбедност на децата набавена е заштитна опрема (кациги со различна големина).Во склоп на Паркот опремени и функционални се два тоалети кои се наменети исклучиво за Кидс адвенчар паркот, објаснува нашиот домаќин Аноски.

Во рамки на проектот се работеше и на тоа луѓето да имаат соодветни и навремени информации за сите тековни можности за престој на Попова Шапка, на начин што е создадена обединувачка веб-платформа со информации за сите случувања во центарот со наслов „Popova Shapka – All seasons Adventure”

-Оваа веб платформа е создадена заради подобрување на атракциско мотивациските фактори преку збогатување на туристичката понуда, но и промоција на истата, а со цел да се зголеми приливот на туристи врз основа на пристигнувања, како и развојот на туризмот на Попова Шапка. Идејата е на едно место да се понудат информации за сите досегашни и идни туристички настани, случувања, понуда на туристички производи, туристичка понуда и слично на Попова Шапка од сите засегнати стреани. Исто така, на веб – страницата има форум кој ќе биде модериран секојдневно. Веб – платформата е тројазична, на македонски, на албански и на англиски јазик. www.popovashapka.mk, наведе Аноски.

loading...

AnimeHeaven animeheaven bleach: Watch Naruto: Shippuden (Dub) Episode 427 (https://animeheaven.pro/m/5j7D/ep-427)

AniWatch aniwatch.me: Kuroko's Basketball 2 (https://aniwatch.pro/m/qlw) Episode 25