БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
БРАВО, БРАВО, БРАВО - КЕЈОТ 13 НОЕМВРИ ПОВТОРНО НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ, РЕКОНСТУРИРАН, ПОУБАВ И ПОШИРОК
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Се враќаат жештините, повторно температури до 40 степени
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Заев: Не можеме утре да ги внесеме Бугарите во Уставот
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
Зибери: Воспитно-поправниот дом за малолетници не си ја извршува функцијата
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
ВМРО-Народна: Отворените изборни листи ќе ги збришат сите мали политички партии
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска на средба со претставниците од „Дневен центар Доза среќа“
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
Вицепремиеорот Битиќи за порталот Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌИЊА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

(ВИДЕО) Шахпаска: Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги, грижата за граѓаните е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска во Клубот на пратеници заедно со градоначалниците на осум општини потпишаа договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел, услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од нивното место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање на нови работни места, преку платена работа за давателите на овие услуги,“-истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување на нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект кој се работи заедно со поддршка на Светска банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10.8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини започнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање на дневни центри за стари лица и лица со попречености и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен, ранливите категории на граѓани, старите лица, лицата со попречености, но и секој граѓанин на кого му е потребна поддршка,“порача Шахпаска.

Министерката информираше дека оние општини кои не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат следната година.

loading...

AnimeFreak watch anime free: Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 9

AniWatch dubbed anime: One Piece (Dub) Episode 693