(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ

(ВИДЕО) Шахпаска: Првиот Младински ресурсен центар во Гостивар е одговор на потребите на младите во Полошкиот регион, преку нивно активирање на пазарот на трудот и поттикнување на претприемачкиот дух

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, а наменет за младите од Полошкиот регион. Мисијата на Центарот е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.

Младинскиот ресурсен центар претставува модел на инклузивен, дигитален, иновативен и неформален центар за обуки, кој целосно ќе одговори на потребите на младите и нивно побрзо и поефикасно вработување, но и можност младите да бидат дел од претприемачката сфера.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја потврди заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика во креирање на младински политики и силна поддршка на младите во јакнење на нивниот претприемачки дух.

„Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди токму таква поддршка на младите, да ја развиваат својата креативност и своите бизнис идеи, со цел успешно да ги преточат во вистински бизниси и во старт ап компании и активно да учествуваат заедно со сите чинители на пазарот на трудот,“ истакна министерката Шахпаска. Таа посочи дека активните мерки и програми како дел од Оперативниот план од минатата година покажале висока реализираност, односно само во полошкиот регион отворен е 231 сопствен бизнис, од кои 83 основани од млади. Притоа таа се осврна на имплементација на проектот Гаранција за млади, со цел подобро позиционирање на младите на пазарот на трудот, со кој изминатата година, 8446 лица се вработиле, а 2000 станале повработливи. Младинскиот додаток пак, овозможува секое младо лице до 23 годишна возраст вработено во производство да добива месечен надоместок од државата во износ од 3.000 денари. Мерка со која минатата година биле опфатени 3474 лица.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја подвлече важноста од еден ваков центар за локалниот развој и изрази уверување дека овој современ ресурсен центар ќе одговори на потребите на младите во целиот полошки регион. Општина Гостивар ја нуди својата целосна поддршка за негово функционирање со сите расположливи капацитети“, истакна Таравари.

Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е Сибул Сутер, истакна дека со поддршката на „ I can “ Центарот, Швајцарија ја потврдува заложбата за вклучување на младите во сите важни процеси на локално ниво, а посебно успешната активација на младите на пазарот на трудот. Таа мисија претставува и надоградување на швајцарскиот придонес кон социјалната локална агенда и нов правец во долгогодишното партнерство со Владата во промовирањето можности за работа за сите.

„УНДП соработува со младите и младинските организации, приватниот сектор и владините институции со цел поддршка и промовирање на младинскиот концепт. Ние веруваме дека младите се поттикнувачи на промените и многу важни партнери за остварување на одржливите развојни цели. Начините како ги вклучуваме младите во важните глобални трендови ќе го одреди и успехот за постигнување одржлив развој, раст и инклузивен проспаритет“, истакна постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

Партнерството со Штуловиот универзитет за ректорот Абдулменаф Беџети претставува исчекор во воспоставување уникатни партнерства помеѓу различните чинители. „Ние како Универзитет ќе ги ставиме на располагање сите наши капацитети и експертизата со цел обезбедување квалитетни и иновативни обуки за младите, како и обезбедување на блиска соработка со компаниите во Полошкиот регион. “, истакна Беџети.

Кон локалната агенда и поддршка за Центарот се придружува и Општина Тетово.

Иницијативата за отворање на Младинскиот ресурсен центар „ I can “е дел од проектот за создавање можности за работа за ранливите категории, вклучувајќи ги и младите. Активностите се финансирани од Швајцарската агенција за соработка и развој, а реализирани од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со локалните партнери и Министерството за труд и социјална политика.

loading...

KissAnime: Detective Conan Movie 23: The Fist of Blue Sapphire anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime closed

AnimeFreak: Mew Mew Power anime episode 52 online free at https://animefreak.ws kiss x sis animefreak

AnimeHeaven: Kimi ni Todoke 2nd Season: Minitodo Gekijou anime episode 2 online free at https://animeheaven.pro anime heaven org

Animepahe: Mameshiba anime episode Full online free at https://animepahe.cc animes online

Magcloud: https://www.magcloud.com/user/animeflixnl

Hubpages: https://hubpages.com/@gogoanimebe