ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
ВИЛМА РУСКОВСКА НАЈАВИ НОВА ИСТРАГА И ОБВИНЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
Николовски: Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО
РУСКОВСКА: ВО ВРЕМЕ НА ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ВЛАДИН СЕКРЕТАР И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ, СЕГА ИМАМЕ ОЈО КОЕ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД НИКОГО
(ВИДЕО) БОМБА НА РУСКОВСКА: ПРАШАЊЕ НА ДЕН Е КОГА МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ ЌЕ ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА, МУ СЕ ЗАПРЕТУВА КАЗНА ЗАТВОР ОД НАД 20 ГОДИНИ!
(ВИДЕО) БОМБА НА РУСКОВСКА: ПРАШАЊЕ НА ДЕН Е КОГА МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ ЌЕ ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА, МУ СЕ ЗАПРЕТУВА КАЗНА ЗАТВОР ОД НАД 20 ГОДИНИ!
ЦРН ДЕН ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАЦИЈАТА ГЛУМЕЊЕ СРЦЕВ БОЛЕСНИК И МАЧЕНИК НЕ МУ УСПЕА НА КАМЧЕВ: Судот во Стразбур одби да и наложи на државата да го пушти Камчев од притвор
ЦРН ДЕН ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАЦИЈАТА ГЛУМЕЊЕ СРЦЕВ БОЛЕСНИК И МАЧЕНИК НЕ МУ УСПЕА НА КАМЧЕВ: Судот во Стразбур одби да и наложи на државата да го пушти Камчев од притвор
МВР УАПСИ РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ, МОНСТРУМ ТАТКО СО ГОДИНИ ГИ СИЛУВАЛ СВОИ ЌЕРКИ А МАЈКАТА ГИ ПРОДАВАЛА ЗА СЕКС ЗА 500 ДЕНАРА
МВР УАПСИ РОДИТЕЛИ ОД ПЕКОЛОТ, МОНСТРУМ ТАТКО СО ГОДИНИ ГИ СИЛУВАЛ СВОИ ЌЕРКИ А МАЈКАТА ГИ ПРОДАВАЛА ЗА СЕКС ЗА 500 ДЕНАРА
(ВИДЕО) МАКЕДОНСКИОТ ЏИМИ ХАФА - ЛИДЕРОТ НА УПОЗ ПЕЦО ГРУЈОСКИ ИЗБЕГА ОД НОВИНАРСКИТЕ ПРАШАЊА, ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА УПАД НА ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ВО УПОЗ!
(ВИДЕО) МАКЕДОНСКИОТ ЏИМИ ХАФА - ЛИДЕРОТ НА УПОЗ ПЕЦО ГРУЈОСКИ ИЗБЕГА ОД НОВИНАРСКИТЕ ПРАШАЊА, ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА УПАД НА ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ВО УПОЗ!
ИТАЛИЈАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ЛУЧАНА ЛАМОРЏЕЗЕ ПРЕЧЕКАНА СО ПОЧЕСНА ГАРДА И БУКЕТ ЦВЕЌЕ
ИТАЛИЈАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ЛУЧАНА ЛАМОРЏЕЗЕ ПРЕЧЕКАНА СО ПОЧЕСНА ГАРДА И БУКЕТ ЦВЕЌЕ

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК – Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

– Државната изборна комисија (ДИК) е максимално подготвена за Локалните избори, вели во интервју за МИА претседателот на Комисијата Александар Даштевски, нагласувајќи дека идеални избори не постојат, но се надева дека ќе бидат многу подобри од кои било други досега, бидејќи се воведува гласање со отпечаток од прст.

– Можеби ќе има некакви проблеми, но ќе спречи најголем дел од нерегуларностите што постоеа кај нас. Затоа и се договорија големите партии да го воведат овој начин на гласање, вели Даштевски во интервјуто.

Тој потенцира дека недоверливиот и доверливиот материјал во којшто спаѓаат и уредите за биометриска идентификација се навреме доставени до општинските изборни комисии и до избирачките одбори, како и дека за спроведување на изборите со уредите се направени три циклуси на едукација на нивните членови. За денот на изборите, на 17 октомври, ќе бидат ангажирани 400 ИТ инжинери и експерти, 320 од ДИК и 80 од компанијата „Дермалог“ од која се набавени уредите, кои ќе се погрижат да се надминат сите евентуални проблеми со нивната примена.

Даштевски во интервјуто за МИА за јавноста уште еднаш појаснува каква ќе биде постапката за гласање, нагласувајќи дека е казнив секој обид за манипулација или неправилност или оштетување на уредите за проверување на отпечатоците од прсти на гласачите.

Претседателот на ДИК најавува дека на овие избори резултатите ќе бидат објавени околу или после полноќ, бидејќи ќе се споредуваат.

– Ќе бидеме внимателни, бидејќи постојат уредите за да пресметаме добро за да не испадне да објавиме едни, па после да испаднат други. Така што малку поспоро ќе оди, меѓутоа има држави каде што резултатите ги чекаат по еден месец, посочува тој во интервјуто за МИА.

Господине Даштевски, на еден ден сме пред одржувањето на локалните избори. Дали Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за одржувањето на овие седми Локални избори?

Државната изборна комисија е максимално подготвена, бидејќи сите дејствија се завршени навреме, а некои дејствија се завршени и пред време. На пример некои одлуки се донесени ден-два пред рокот за да бидат достапни до изборните органи и да бидат закачени на веб сајтот. Така што е подготвена.

А најголемата работа што требаше да се заврши беше вчера со дистрибуирање на материјалот за изборите, односно доверливиот изборен материјал, бидејќи има и недоверлив кој претходно се достави, и тој е доставен без проблем. И се беше идеално направено затоа што, вие имавте изјава нели дека 60 тони хартија е употребена и имаме 4,5 милиони ливчиња. Тоа се треба да се достави од нас. Имавме осум или девет екипи, не сум сигурен, кои го доставуваа материјалот и сето тоа треба на лице место да се преброи значи секое ливче да биде под број точно, и изводи од избирачки списоци и други материјали дали се точно. И се беше направено, никаде не фали ништо.

Ниеден проблем немаше и денеска (петок) е во тек дистрибуцијата на уредите за биометриска идентификација на гласачите. Ќе се заврши и тоа пред време некаде попладне ќе се заврши, така што и тоа ќе биде завршено и сите подготовки се готови. Од утре (сабота) веќе почнува нели за болни и немоќни лица и лица болни од ковид.

Веќе ги спомнавте уредите за биометриска идентификација на гласачите. Овие уреди првпат ќе се употребат на овие локални избори во земјата. Дали е се подготвено во смисла на систем, дали пристигнаа сите уреди, дали сите ставки што требаше досега да се исполнат од договорот со „Дермалог“ се исполнети, и второто подпрашање во овој контекст е колку лица ќе бидат ангажирани на самиот ден на изборите?

Ние сето тоа го завршивме. Испорачани се 4000 уреди, испорачан е серверот и сите други придружни работи кабли, МРЗ скенери, термални принтери. Некои кабли беа доволни како тие за термалните принтери меѓутоа екстра испорачаа 3.800 кабли, по пет метра најмалку за места како училница каде што нема можност да се приклучи, ќе има долги кабли за да тече гласањето нормално. Имаме како подарок од таму, не е тоа прескапо, графитни перничиња за секој случај за неписмени ако има потреба да остават отпечаток од прст на Избирачкиот список, има посебно место за тоа, а графитните перничиња се многу попрецизни од овие на мастило.

Ни поклонија илјада полначи бидејќи сфатија дека овде има проблеми со електрична енергија. На тие 30 места каде што имаше проблеми со штекери и со осветлување преземавме мерки и тие проблеми се отстранети. Меѓутоа знаете дека овие апарати работат на батерии така што и да снема батерија веднаш се префрлува на литиумска батерија која трае 12 часа, но за да биде безбедна компанијата за да не речат еве апаратот откажал ни поклонија 100 полначи како за телефони кои се вклучуваат дополнително и тие работат 12 часа, така што нема никакви теоретски шанси да се прекине гласањето, затоа што имаме дупло време од потребно за кое што ќе траат батериите. Тие ќе бидат ставени на места каде што е најризично. Бидејќи знаеме дека во градските средини ретко снемува електрична енергија.

Колку ИТ експерти ќе бидат ангажирани за гласањето?

Со оглед дека сфативме дека е првпат и може да се појават проблеми и лицата да не сфатат, ние направивме и дополнителна обука наместо две-три обуки. Таа траеше во овие последни три дена. Мислам дека денеска (петок) завршува за тие лица што ќе управуваат со нив. Ние ќе ангажираме за тој ден за помош на овие што ќе работат на уредите, ќе ангажираме 400 лица. 320 овде од ДИК. 160 се пријавија на јавен повик и 160 од државната администрација.

Обуката за нив ќе биде утре (сабота) бидејќи се разликува таа од другата. Тие треба да знаат да го расклопат и да го склопат уредот за да проверат што не е во ред. И 80 од компанијата кои веќе се обучени. На пример, во Скопје ако има 20 лица од овие, ќе има две три лица од компанијата. Точно 400 лица кои ќе има помагаат. Со оглед дека веќе беа извршени обуки, ние знаеме точно каде се послаби овие што работат на уредите и таму уште на отворањето ќе биде присутно техничко лице за да помогне во вклучувањето.

Само да појасниме. Значи со овие уреди во избирачкиот одбор ќе управуваат претседателот и заменик претседателот или лице кое ќе биде определено од нив. Едукацијата треба да заврши денеска, петок е кога го снимаме интервјуто?

Веќе имаат поминато два циклуси на едукација, третиот циклус едукација за техничкиот дел завршува денеска. За да го утврдат знаењето, а веќе на дел има се дадени, а на дел ќе им бидат дадени и видео материјал. Секој може да си го отвора на телефон, на андроид или да го гледа дома 20 пати и плус упатство во писмена форма.

Каква е постапката за гласање?

Кога гласачот ќе влезе на гласачкото место, нели, бидејќи сме со маски треба да ја покаже личната карта на лицето кое е задолжено за тоа и да ја тргне маската за да види дали е тоа истото лице. После следниот чекор е треба да го колектира отпечатокот од прст и ако го најде ќе покаже зелено, ако не гласал, ако гласал ќе покаже црвено светло и звучен сигнал.

Доколку не може да му го најде отпечатокот тогаш се користо тој МРЗ скенер, се става личната карта или патната исправа во него, и бидејќи тој е внатре во податоците, го пронаоѓа. Меѓутоа за секој случај има и трета опција со матичен број. Тоа е апарат кој има екран од осум инчи и дигитална тастатура. Го впишува матичниот број и тогаш го наоѓа. Меѓутоа ќе го најде по важечкиот личен документ. И фактички кога ќе го најде тој мора, тоа го прават претседателите и замениците претседатели на избирачки одбори, и истиот човек кој е на екранот да го отколектира прстот, бидејќи тоа после се проверува.

Кај нас овде во ДИК овде има специјални брзи скенери кои ги проверуваат брзо податоците и тогаш ќе му дозволи да гласа со неговиот отпечаток на прст. Никако не смее да стави отпечаток од прст друго лице бидејќи веднаш ќе се открие овде кај нас и ќе се поништи гласањето на тоа место, а од друга странатие што го направиле тоа може да сносат и одговорост поради тоа бидејќи тоа не е дозволено.

И мора да спомнеме дека мора внимателно да се управува со тие уреди, тоа важи и за гласачите и за членовите на избирачкиот одбор бидејќи доколку се случи да се оштети или не дај боже да се скрши уредот, тогаш постои кривична одговорност, бидејќи се работи за уред кој ги содржи доверливите податоци на луѓето, најдоверливите затоа што никаде на друго место ги нема отпечатоците на прсти, дури ни во Избирачкиот список, така што треба внимателно да се управува бидејќи доколку се случи нешто постои одговорност бидејќи тоа е оштетување на доверливиот материјал. И тоа треба да го знаат сите, јавноста. Во време на носење или после тоа тие се многу заштитени. Имаат кутии кои се заштита од вода, удар, прашина итн. Фактички нема можност нешто да се случи додека не се извади апаратот од кутијата.

На овие избори полицијата првпат постојано ќе ги обезбедува доверливиот избирачки материјал токму поради уредите за биометриска идентификација. Исто така има и други новини кои се воведени поради употребата на уредите за боиометриска идентификација. Дел од тие новини се во делот на заштита на личното право на гласачите. Во кои случаи гласачите можат да поднесат приговори и жалби до ОИК, односно до ДИК, и во кои случаи тоа можат да го сторат учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати?

Таа новина е посебна и не е во врска со уредите за биометриска идентификација. Таа новина е исто како оваа што рековме со личната карта и со другите. Значи најстрашно е да не се дозволи некој што има право да не му се дозволи да гласа. И затоа треба да бидат предвидени сите ситуации како да гласаат сите луѓе. Новината е кога ќе дојде гласач со важечка лична карта и важечка патна исправа, а го нема во избирачкиот список, тогаш тој ќе може да поднесе приговор до ОИК. ОИК тогаш ќе се обрати до ДИК, дали тој можеби е во списокот или во друго избирачко место или е во списокот, а не е внесен во тој писмен список, бидејќи тука е електронски воден, и ако најде дека може и каде е, носи решение ОИК дека тој може да гласа и тогаш го остварува. Ако не има право на приговор до Управниот суд.

Што доколку гласачот не биде во уредите за биометриска идентификација, а биде во посебниот извод од избирачкиот список?

Тоа не може да се случи бидејќи тоа е проверено. Идентични се списоците. таква ситуација не може да се случи.

Кои се роковите за поднесување на приговори за учесниците на изборите? Кампањата за вториот круг од локалните избори почнува веднаш, практично од понеделник. Роковите се прилично кратки.

Сите рокови, вклучувајќи го и Управниот суд би требало да завршат до среда. Кратки се така што до среда ние мора сите работи да ги завршиме. Во понеделник е предвидено да ни се вратат и уредите ако има потреба да се прочитаат, меѓутоа се и најдоверливиот материјал и стојат во Домот на Армијата и да си стојат каде што стојат и да ги чува полицијата како што ги чуваше и да се провери ако треба. Тие се многу прецизно направени. Секој е обележан на кое избирачко место е, во која ОИК со сериски број, а сите се ставени по општини и многу лесно може да се знае каде е.

Се надевам дека се ќе биде позитивно, и дека нема да им потреба за приговори, дека нема да има многу приговори и дека ќе се заврши тоа затоа што веќе од среда односо од четврток кога ќе завршат роковите треба да се спремаме за вториот круг и тука ќе има доста печатење, меѓутоа повеќе од 50 отсто од работата ќе биде завршена затоа што советите отпаѓаат. Тоа се големи листи, многу материјал и остануваат само по два градоначалници, таму каде што ќе одат во втор круг.

Како ќе биде објавувањето на резултатите од локалниве избори имајќи предвид дека овој пат има многу повече листи, максимален број на кандидати како за градоначалници така и за советници?

Па, мислам дека тоа го решивме сега со излезноста на денот на изборите и првите и неофицијални резултати. Нели лани беше тоа проблем и фактички падна апликацијата. Сега избравме компанија која повеќе пати го правела тоа успешно. Веројатно така ќе помине и сега, меѓутоа баравме во техничката спецификација, технички дијалог имаше претходно, да ни објаснат која заштита ја имаат, и тие ни објаснија дека имаат посебни заштити од тие „дедос“ напади како што беше лани и не знам кои други, така што тоа тие ќе го водат со помош на сто луѓе ангажирани од статистика кои ќе ги внесуваат информациите од терен. Од секоја општинска му јавува, ги внесува и на секои два часа излезноста ќе се внесува, а термалните принтери ќе имаат можност да ги печатат тие. Значи ваднаш ќе го испечати и ќе го прати најверојатно по мобилен на тоа лице што е задолжено да ги внесува, така што внесувањето ќе биде брзо. А резултатите, ОИК после тоа доаѓаат во ДИК во мнозинство и ги предаваат на ДИК така што и тие би биле познати околу полноќ, после полноќ би рекле.

Нема сукцуесивно да објавувате електронски како ќе ви јавуваат ОИК, телефонски или во некоја друга комуникација?

Резултати не можеме да објавуваме бидејќи сега е малку покмплицирано со уредите затоа што може да не се совпаднат. Ги кажавме некои работи, или дошло некое лице неписмено и ставило отпечаток или нешто друго, па ќе има резултати од уредите и резултати од гласањето. Па ќе се види што е разликата, така што ќе бидеме внимателни за да не кажеме едни резултати, па да испаднат други после така што ќе чекаме малку за да ги дознаеме.

До лани, апликацијата кога падна, Македонија беше една од земјите во која најбрзо се објавуваат резултатите. Тоа е многу битно за транспаретноста, но некогаш тоа не е толку добро, бидејќи брзината може да чини и грешка во објавувањето. И сега ќе бидеме внимателни, бидејќи постојат уредите за да пресметаме добро за да не испадне да објавиме едни па после да испаднат други. Така што малку поспоро ќе оди, меѓутоа има држави каде што резултатите ги чекаат по еден месец. На Косово, бидејќи се отворени листи кои тешко се пребројуваат, некогаш ги чекаат и по еден месец.

Која е вашата порака до изборната администрација, до сите учесници во целиот тој процес за организирање и спорведување на овие избори имајќи предвид дека изборите се спроведуваат не само со уреди за биометриска идентификација туку и со општите ковид мерки за заштита, имајќи предид дека има многу голем број на учесници на самите избори, има по неколку листи за градоначалници за советници, од една страна и од друга страна каква е вашата порака до учесниците на изборите политичките парии и коалициите и независите кандидати?

По однос на првите прашања, сметам дека овие уреди, самата идеја тие да постојат е да бидат лесно применлици и тие се управуваат полесно од мобилните телефони затоа што имаат по 3-4 икони за пуштање, за процесот, за гаснење, а да кажеме мојот мобилен има 30 апликации, така што ако може со 30 да се управува со три, четири би требало да се управува уште полесно. Бидејќи и обуки се извршени, така што тука не очекувам проблеми во тоа.

Очекувам проблеми на отворањето, меѓутоа рековме техничките лица ќе помогнат затоа што секој може да се збуни, а после кога ќе се извежба, значи десет избирачи кога ќе поминат веќе тој има рутина.

Што се однесува до рекорден број листи тоа е завршена работа, нас ни беше потешко да ја завршиме таа работа, да нема некоја грешка во имињата во симболите итн, меѓутоа тоа е веќе завршена работа. Се останато е исто. Заокружување на гласачот. Тој што оди на гласање веќе се определил, меѓутоа и да не се определил ќе си прочита и ќе си заокружи, иста е постапката така што не очекуваме и тука проблеми.

Пораката моја е, знам дека ние бевме многу ефикасни, затоа што тоа може само од внатре да се знае и исто така сметам дека кампањата беше релативно коректна, имаше и негативна кампања имаше и некои неправилности, меѓутоа беше покоректна од кога било. Ги знаеме поранешните кампањи какви биле. Така што сега релативно коректна беше, така што сметам дека и изборите треба коректно да поминат за да го заокружиме целокупниот циклус.

Очекувате фер, демократски и слободни избори и без одредени проблеми од техничка смисла?

Па јас често знам да кажам дека идеални избори не постојат. Гледавме дека во САД имаше проблеми, во Русија, така што идеални избори не постојат, но се надеваме дека овие избори ќе бидат многу подобри од кои било други избори, бидејќи се воведува овој инструмент, како да кажам, гласање со отпечаток од прст, и секако дека можеби ќе има некакви проблеми, но ќе спречи најголем дел од нерегуларностите што постое кај нас. Затоа и се договорија големите партии да го воведат овој начин на гласање.

loading...

Magical Shopping Arcade Abenobashi (https://twistmoe.net/m/zrRB) Episode 13

Watch anime online for free at Animepahe stream anime online

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Website https://animefreak.ws: Watch Dusk Maiden of Amnesia: "Ghost Girl" (Dub) animefreak Episode Full anime freak tv

SCANDAL ANIME (https://4anime.biz/m/jaJj) Episode 12