ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ Е ГРАД ЗА СИТЕ, САРАЈ СЕ РАЗВИВА ВО ЧЕКОР СО СИТЕ ДРУГИ СКОПСКИ ОПШТИНИ
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ Е ГРАД ЗА СИТЕ, САРАЈ СЕ РАЗВИВА ВО ЧЕКОР СО СИТЕ ДРУГИ СКОПСКИ ОПШТИНИ
(ВИДЕО) Маричиќ: Одлуката за стопирање на изградба на Прифатен центар за странци во Бардовци неопходна за да се испочитува барањето на граѓаните
(ВИДЕО) Маричиќ: Одлуката за стопирање на изградба на Прифатен центар за странци во Бардовци неопходна за да се испочитува барањето на граѓаните
ЌЕ ИМАМЕ НАЦИОНАЛНО СЛАВЈЕ - Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите
ЌЕ ИМАМЕ НАЦИОНАЛНО СЛАВЈЕ - Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите
Селмани: Заев е еден од ретките политичари кои имаат голема храброст да решат битни прашања
Селмани: Заев е еден од ретките политичари кои имаат голема храброст да решат битни прашања
Мисовски: По недела парламентарното мнозинство ќе се зголеми
Мисовски: По недела парламентарното мнозинство ќе се зголеми
ПУКНА ТЕШКА БРУКА - Арсовска од личната карта што ја покажа СДСМ е гласач во Петрич
ПУКНА ТЕШКА БРУКА - Арсовска од личната карта што ја покажа СДСМ е гласач во Петрич
НАНО РУЖИН: Ајде Петре! Yes We Can!
НАНО РУЖИН: Ајде Петре! Yes We Can!
(ВИДЕО) Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена
(ВИДЕО) Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ, КОСТАДИНОВ, НИКОЛОВ, ТЕМЕЛКОВСКИ, ГОШАРЕВСКИ, ХАЛИМИ, АНАСТАСОВ, АНГОВ – СДСМ ги објави првите 30 кандидати за градоналници на претстојните локални избори

– По спроведените испитувања на јавното мислење, анализата и истражувањата и со консултациите со нашето членство, целосно се заврешени и со одлука на раководството дефинирани првите 30 кандидати за градоналници од редовите на СДСМ, изјави лидерот на партијата Зоран Заев, по вечерашната седница на партиксиот Извршен одбор.

До СДСМ, посочи Заев, беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и пет илјади кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање и постапките на партијата.

Тој информира дека за кандадати за градоначалници се утврдени Перо Костадинов за Валандово, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Велими Смилевски за Бутел, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, Сашко Николов за Штип и Петре Шилегов за Градот Скопје.

Одлуките, додаде Заев, ги носиме здружено со граѓаните, кои што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина.

– Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени меѓу граѓаниет на овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина, изјави Заев.

За останатите кандидати, посочи Заев, ќе информираат како што ќе се завршуваат останатите анкети, истражувања, анализи и ќе се носат одлуките на раководството.

– Не станува збор за фаворизирани општини. На пример за општините за кои со сигурност знаеме дека ќе победиме како Струмица, Центар, Куманово, Карпош, Крива Паланка и други ќе ги објавиме во следните фази, затоа што за нив постапките ќе завршат до крајот на овој месец и средината на август, изјави Заев.

Втората фаза потврдени градоначалници, посочи Заев, ќе биде објавена кон почетокот на следниот месец, а очекувањата се кон крајот на август да бидат објавени комплетно сите кандидати за градоначалници и градоначалнички.

Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат во втората половина на октомври.

loading...

Website https://animekisa.in: Watch Munto 2: Beyond the Walls of Time (Dub) animekisa Episode Full free anime

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Watch Super Street Fighter IV (Dub) Episode Full

AnimeFreak: Toaru Kagaku no Railgun: Motto Marutto Railgun anime episode 2 online free at https://animefreak.ws anime websites

Artmight: https://artmight.com/gallery/editimageuser/309304

Muckrack: https://muckrack.com/gogoanimebe