Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Музејот „Матка“ повторно отворен за посетители - Меѓународниот ден на музеите одбележан со работилница за обновливи извори на енергија
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
Грант од 2,2 милиони евра од германската КФБ банка за Кавадарци: Градот ќе биде градилиште со месеци, но добива трајна инвестиција
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
САД бара ЕУ да воведе царини за руската нафта
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
БРАВО: Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа
БРАВО: Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа
ПОЖАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДРАЧЕВО, СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ И ШТЕТАТА Е НЕЗНАЧИТЕЛНА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
ПОЖАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДРАЧЕВО, СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ И ШТЕТАТА Е НЕЗНАЧИТЕЛНА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Градската болница „8 септември“ треба да плати околу 1,5 милиони евра за струја и гас
Градската болница „8 септември“ треба да плати околу 1,5 милиони евра за струја и гас
И ГЕРМАНИЈА СИ ИМА СВОЈ ТРАМП: Германија ја затвори канцеларијата на Шредер поради неговата блискост со Путин
И ГЕРМАНИЈА СИ ИМА СВОЈ ТРАМП: Германија ја затвори канцеларијата на Шредер поради неговата блискост со Путин

(ВИДЕО) Свечено одбележување на 41-ата годишнина од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“

Денеска (13.03.2022) на платото пред базата на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“, во касарната „Илинден“, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, полициски аташеа при амбасадите во земјава, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во МВР, свечено беше одбележана 41-ата годишнина од формирањето на оваа специјална единица.

„Ми претставува чест и задоволство да бидам дел од овој настан со кој се одбележува Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар”.Станува збор за значаен ден од историјата на нашите безбедносни единици. Специјалната антитерористичка единица денес е синоним за обученост според највисоките стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и сериозниот криминал. Припадниците на оваа единица се олицетворение на професионалност. Единицата ,,Тигар” како колектив, е збир на максимално посветени, врвно обучени поединци, со максимална храброст и подготвени да се спротивстават на секој предизвик кој може да биде закана за безбедноста на земјата и граѓаните. Со нашето членство во НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Северна Македонија го адаптираше воено-безбедносниот систем според стандардите на НАТО. Во таков систем според највисоките стандарди на алијансата, свое значајно место има и Специјалната антитерористичка единица, која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоки борбено-технички вештини“, рече претседателот на Владата Димитар Ковачевски во своето обраќање на одбележувањето на 41-ата годишнина од формирањето на САЕ ,,Тигар“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод чествувањето на Денот на САЕ ,,Тигар“ истакна: ,,Гордоста да се биде дел од одбележувањето на Денот на создавањето на нашата најреномирана полициска формација – Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ е дотолку поголема што јас, како министер за внатрешни работи, имав задоволство минатата година, заеднички со припадниците на оваа единица, на овој ден – 13 март, да го одбележиме респектабилниот јубилеј од 40 години од формирањето, кога и ја промовиравме во Специјална антитерористичка единица ‘Тигар’ со нов амблем и знаме. Денеска, на прагот од петтата деценија, Единицата ‘Тигар’, од аспект на професионализмот и стручноста на нејзините припадници, претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Република Северна Македонија. И во тоа сум длабоко уверен! Бидејќи следствено полициско-безбедносната пракса кај нас, во регионот и во светот, областа на специјалното оперативно полициско дејствување е еден од есенцијалните сегменти во полициското работење. Или, да бидам уште попрецизен, негов врвен, дури и елитен дел, како во организационен, така и во професионален поглед“.

Според министерот Спасовски, оваа специјализирана полициска служба, како една од најсложените во безбедносната структура на МВР, во име на специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење, неопходно е секогаш да биде целосно подготвена, технички и кадровски опремена до перфекција.
,,Во претходните неколку години за припадниците на оваа Единица е обезбедена нова тактичка униформа за рурална и урбана средина со нов дезен, висококвалитетна спортска облека, вооружување и техничка опрема од типот на радиостаници и тактички комплети, набавени се интервентни возила, а добиено е и едно специјално возило за транспорт на службени кучиња. Заеднички успеавме да го изградиме стрелиштето овде, во касарната „Илинден“, со цел обезбедување услови за вежбовни активности на припадниците на Единицата заедно со колегите од полкот за специјални операции на АРСМ, го реновиравме и адаптиравме преземениот поранешен војнички клуб од Армијата и го пренаменивме во ресторантска сала за потребите на Единицата ТИГАР. Го уредивме ова плато на коешто сме, обновени се пристапните улици до базата на Единицата. Од аспект на подобрување на финансиско-социјалните услови, кое претставува приоритет за ова раководство на МВР, припадниците на ‘Тигар’ веќе редовно ги добиваат своите бонус плати за прекувремено изработени часови, редовно се вршат исплатите на патни трошоци за припадници кои живеат надвор од Скопје, како и исплатата на дневници за службени патувања, што претходно не било случај“, подвлече Спасовски.

Министерот Спасовски потсети дека оваа Единица претходниве неколку години беше дел од врвни обуки во земјава и во странство, во рамки на меѓународни и европски проекти, како онаа во Република Германија со Европската команда на американската војска – Зелени беретки, со специјалците – карабинери од Италија, со специјална единица „УРНА“ во Чешка, со австриската „КОБРА“, со француската „РАИД“, а секогаш посебен белег остава учеството на припадниците на оваа Единица во бројни тактичко-оперативни вежби со национален и меѓународен предзнак.

,,За сето ова говорат и резултатите на терен. Припадниците на ‘Тигар’ се неизоставен сегмент во оперативните акции на МВР, секогаш подготвени за најтешките спасувачки мисии, без нив речиси и да не може да помине поголема полициска акција за недозволена трговија со дрога, оружје, криумчари на мигранти, односно сите форми на сериозен и организиран криминал. Заедно со своите колеги од специјализираните оддели тие беа дел од бројни активности во кои за само два месеца се запленети 7 килограми хероин со вредност од речиси 300.000 евра, околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра, над 2 тона марихуана со вредност од над 4,5 милиони евра…“, потенцираше министерот Спасовски, честитајќи им го Денот на припадниците на САЕ,,Тигар“, со уверување дека оваа единица и во иднина ќе биде секогаш на висината на задачите, темелна и ефикасна во заштита на сето она што им е доверено по Уставот и законите.

Командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски во своето обраќање рече: ,,Следејќи ги светските трендови, новите форми на дејствување на организираните криминални групи, радикализмот и насилниот екстремизам, а со цел да се даде ефикасен одговор преку спречување на истите, САЕ ‘Тигар’ континуирано се усовршуваше и модернизираше, за денес да можеме да кажеме дека Единицата претставува високопрофесионална, организирана и врвно опремена формација во рамки на МВР и безбедносниот систем во државата. Особено сакам да го истакнам фактот дека припадниците на САЕ ‘Тигар’ се одликуваат со висок степен на подготвеност, мотивираност и силна посветеност во извршување на своите задачи, а посебно место во историјата на нашата единица имаат припадниците, кои извршувајќи ја својата должност, на првите борбени линии, го дадоа и најдрагоценото – ги положија своите животи“.

Командантот Даневски порача дека САЕ„Тигар” беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи ги мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата држава.

Во текот на свеченоста официјалните делегации им оддадоа почит на загинатите припадници на САЕ „Тигар“, положувајќи цвеќе на Спомен плочата, а беа доделени признанија, благодарници за соработниците, јубилејни плакети за 5, 15, 20 и 30 години во службата на припадници на Единицата, како и признание за најдобриот припадник за изминатата 2021 година, а присутните имаа можност да погледнат една тактичко-показна вежба на припадници на „Тигар“, насловена: „Упад во објект од воздух и копно“.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Attack on Titan Final Season (Dub)

anime website One Piece

4Anime Dragon Ball Super Episode 126

My Hero Academia

Pokémon Journeys: The Series Episode 95

tải go88