Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите

(ВИДЕО) Тренчевска: Посветено работиме на обезбедување на сите предуслови за еднаков и квалитетен ран детски развој на децата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на традиционално Велигденско дружење посветено на децата со развојни тешкотии под мотото: СИТЕ СМЕ ИСТИ – СРЕЌА Е ДА СМЕ СИТЕ ЗАЕДНО, во организација на Европскиот Универзитет, Скопје.

Во своето обраќање министерката ја потенцираше заложбата на Владата и министерството во обезбедувањето на поголема инклузија на децата со попреченост и развојни тешкотии во општеството.

„Нивото на инклузивност во предучилишните установи и целокупниот образовен систем, како и обезбедувањето на еднакви права и можности за сите деца, покажува колкава е свеста и степенот на развиеност на едно општество. Како Влада цврсто застанавме зад концептот едно општество за сите, кое подразбира еднакви можности на сите граѓани, по сите основи и еднаков пристап до ресурси, “рече министерката Тренчевска.
Таа посочи дека, развојот на современите политики за децата со попреченост се видливи преку воведувањето на Меѓународната класификација на функционирањето при проценката на децата со попреченост. Новиот начин на проценка го напушта стариот медицински модел на перцепција на попреченоста, и ја заменува со немедицинско гледање кое ги проценува силните страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие во образовниот систем за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал.

Министерката се осврна на легислативните измени во Законот за заштита на детето со кои посебни групи за деца со попреченост се заменија со вклучување на децата во редовните воспитни групи. Направени се законски измени и на Законот за социјална заштита со кои возрасната граница за користење на услугата на лична асистенција се намали од 18 години на 6 години, со цел да го поддржиме вклучувањето на децата во редовниот образовен систем и во општеството во целина.

„Се даде можност за приоритет при прием на деца со попреченост и нивна инклузија во јавните детски градинки, за кои до Комисијата за прием е доставен наод со препорака за прием од стручното тело за функционална проценка. А при изградбата на детските градинки особено се внимава на пристапноста и обезбедувањето на соодветни просторни услови за децата,“ рече Тренчевска.

Министерката информираше, во тек е имплементација на проект „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ од Акциската програма на ИПА 2017 во висина од 1.150.000 евра, наменет за модернизација на системот за кариерен и професионален развој на вработените во детските градинки и зајакнување на учеството на родителите во предучилишното воспитание, образование и грижа.

Таа истакна дека раната интервенција е од огромно значење за понатамошниот развој на децата со попреченост, затоа Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство и агенциите на Обединетите нации инвестираме во изградба на систем за рана интервенција од 0-5 годишна возраст, бидејќи раната интервенција е најважната алка во понатамошниот живот на децата. Таа додаде дека во тек е и изработка на Регистер за лица со попреченост, кој ќе обезбеди точна евиденција на лицата со попреченост, а врз основа на кој ќе се креираат идните политики во делот на поддршка и обезбедување на правата на лицата со попреченост.

Таа на крајот од своето обраќање истакна дека различностите треба да обединуваат, а не да разединуваат. Само со таков став, рече Тренчевска може да очекуваме развој на едно општество.

„Како Министерка за труд и социјална политика, и пред се како човек, продолжувам да се залагам во обезбедување на сите предуслови кои ќе обезбедат еднаков и квалитетен ран детски развој на децата со попреченост, кој е многу важен за понатамошниот нивни развој и еднаков придонес во општеството,“ порача Тренчевска.

loading...

go88 hỗ trợ khách hàng

sunwin đánh bài tải sunwin apk mở khoá tài khoản sunwin