СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
ЛАДИЧ: Киносалата „Рудар“ во Пробиштип е во финална подготовка
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!
АКО СЕ ДОДАДАТ ГЛАСОВИТЕ НА БЕСА И ЛДП/ДОМ НА ОНИЕ ШТО ГИ ОСВОИ СДСМ, ОВИЕ ИЗБОРИ СЕ НЕРЕШЕНО ЗА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА!
OPEL ПРОВЕРКА НА СИСТЕМОТ ЗА СОПИРАЊЕ - ПОПУСТ 15% ВО ЕУРОИМПЕКС
OPEL ПРОВЕРКА НА СИСТЕМОТ ЗА СОПИРАЊЕ - ПОПУСТ 15% ВО ЕУРОИМПЕКС
Шилегов убеден: Победа во втор круг!
Шилегов убеден: Победа во втор круг!
ДИК заврши со пребројување на гласовите во Куманово – Димитриевски води со само 22 гласа
ДИК заврши со пребројување на гласовите во Куманово – Димитриевски води со само 22 гласа
ШОКАНТНО: ДУРИ 1400 ОХРИЃАНИ ГЛАСАЛЕ ЗА ГОЦЕ ВЕГЕТА, ПОРАДИ ШТО ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ ВО ОХРИД
ШОКАНТНО: ДУРИ 1400 ОХРИЃАНИ ГЛАСАЛЕ ЗА ГОЦЕ ВЕГЕТА, ПОРАДИ ШТО ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ ВО ОХРИД

(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи и министерот Бочварски на средба со стопанственици од Пелагонискиот регион – Владата е посветена на изградба на квалитетна инфраструктура во Пелагонискиот регион за побезбеден и побрз траснпорт на патници и производи

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и градоначалниците на Прилеп, Илија Јованоски и на Битола, Наташа Петровска, денес остварија средба со стопанственици од Пелагонискиот регион, со кои разговараа за економските политики на Владата на централно и локално ниво.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека пред стопанствениците се претставени плановите на Владата за економски развој на регионот, особено кога станува збор за директната поддршка од Владата кон компаниите, но и инвестициски планови за инфраструктурни проекти со кои ќе се подигне конкурентноста на фирмите, како и системски промени кои ќе донесат царински и даночни олеснувања, што е уште еден чекор напред и поддршка на домашните компании за нивен раст и развој.

„Ние сме навистина посветени да работиме на развојот на инфраструктурата и тоа не само во овој регион, туку во цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во 2021 година, планираме за изградба и рехабилитација на патишта да намениме околу 200 милиони евра. Јас лично сметам дека Пелагонискиот регион е навистина атрактивен за компаниите, пред се заради близината со границата со Република Грција и блиското пристаниште во Солун и токму затоа сме во намера овде да имаме еден вистински инфраструктурен бум, со кој ќе направиме модерни и безбедни патишта, за побрз трансфер на производите. Вкупните инвестиции во патната инфраструктура во овој дел од Северна Македонија очекувам да изнесува околу 320 милиони евра, се разбира во неколку години. Важно е да се напомене дека реализацијата на капиталните проекти, од оваа година ќе добие нова димензија, односно ќе се формира тело кое директно ќе го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и ќе го забрзува истото“, нагласи Битиќи во изјава за медиумите.

Вицепремиерот информираше дека се започнати активности за два клучни инфраструктурни проекти, со чие завршување Пелагонискиот регион ќе добие на уште поголема атрактивност.

„Верувам дека сите стопанственици, но и граѓаните ги интересира постапката за автопатот Прилеп Битола и би сакал да информирам, дека започна постапката за оваа автопатска делница во должина од 43 километри, односно изработка на идеен проект, физибилити студија, студија за оцена на влијанието на животната средина и социјални аспекти и подготвување на тендерска документација за градење според ФИДИК (жолта книга), а на намера сме и да продолжиме и со изработка на експресен пат на релација Битола-Меџитлија, со што дефинитивно ќе направиме одлично меѓудржавно поврзување со Република Грција“, соопшти вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски подетално се осврна на инвестициите во инфраструктурата во Пелагонискиот регион при што истакна дека во изминатиот тригодишен период во овој регион се случуваше силна инвестициона активност во делот на целокупната инфраструктура.

„Морам да спомнам дека наследивме многу проекти со проблеми несвојствени за градежништвото, но сакам да укажам дека веќе сето тоа е надминато и сега имаме чист терен за работа. Верувам дека стопанствениците ги интересира Коридор 10 д, кракот од Градско, па се до границата со соседна Грција, и еве накратко ќе се обидам да дадам јасна слика за состојбата и ативностите што ги преземаме за модернизација на овој Коридор. Ги надминавме сите состојби со стариот изведувач на изградба на експресниот пат делница Градско до клучка Дреново. Градежните активности ги презеде компанијата Штрабаг и тие веќе од минатиот месец се воведени во работа и верувам со подобрување на временските услови ќе се засилат гардежните работи. Инаку до сега физичкиот прогрес изнесува 33%. Понатаму, за втората фаза, од клучка Дреново до Фаришка клисура, знаете дека изведувачот го напушти градилиштето, а ЈП за државни патишта објави нов тендер за доизградба на преостанатите 65 % од оваа траса. Во овој момент се врши евалуација на пристигнатите понуди. За третата фаза – Проширување на делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента од село Беловодица до Каменолом Маврово, се врши проектирање.

Се очекува тоа да биде завршено до крајот на март и потоа во мај веднаш ќе се распише тендерот за изведување на градежните работи. Во меѓувреме ќе се рехабилитира магистралниот пат Фаришка Клисура – Прилеп, практично третата лента на Плетвар. Тендерската постапка заврши, а постапката е во фаза на евалуација. Владата предвиди и изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола. И на крај за оваа година предвидена е рехабилитација на државниот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија. Уверуваме дека сите овие инвестиции ќе дадат силен инпут во економскиот раст и развој на Пелагонскиот регион, а ние како Влада остануваме фокусирани на унапредување на целата инфрастуктура за да создадеме квалитетна патна мрежа и да овозможиме брз и безбеден транспорт на стока и патници“, објасни Бочварски.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рекоа дека со модернизација на патната и железничката инфраструктура значително ќе се придонесе за економски развој на Пелагонискиот регион.

Претставникот на бизнис секторот, Претседателот на регионалната стопанска комора од Битола, Мико Велковски посочи дека Пелагонискиот регион е втор по големина со 830 правни субјекти, со 220 илјади жители, кој создава 13% од БДП и дека во овој регион се произведува 65% од вкупното производство на тутун, 300 илјади литри млеко, што е 90% од вкупното производство

„Сите овие бројки би биле поголеми доколку се реализираат инфраструктурните проекти и се изгради нов автопат“, кажа Велковски.

loading...

Xinghe Zhizun Episode 27

AnimeFreak: Gakkatsu! 2nd Season anime episode 3 online free at https://animefreak.ws animefreak attack on titan

AnimeFLV: The Story of Saiunkoku (Dub) anime episode 39 online free at https://animeflv.uk stream anime online

Website https://animeheaven.pro: Watch Honoo no Alpenrose animeheaven Episode 2 animeheaven dragon ball z

Buddypress: https://buddypress.org/members/animeflixnl/profile/

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/358936