Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

(ВИДЕО) ВОДИТЕЛКАТА МИА КОСТОВА ЈАВНО ОТКРИ ДЕКА СЕ БОРИ СО ДЕПРЕСИЈА: Побарајте помош, не е срамота да боледуваш од депресија и анксиозност

Поранешната водителка и инфлуенсерка Миа Костова откри дека со години се бори со анксиозност, панични напади, а од неодамна и со депресија. Таа е уште една од редот на познатите личности кои решија јавно да проговорат за психичките и психолошки проблеми што се соочуваат, не само и за да си помогне себеси, туку да им помогне и на тие што се во слична ситуација како неа, за да побараат помош и да пробаат полесно да се справат со болеста. Миа си ја отвори душата, па зборува за моментите кога ѝ било страв да излезе од дома, за лудите забави со многу алкохол кога останувала во град до рано сабајле и кои ги опишува како втор пубертет, но и за најтешката битка што ја води во моментов, со депресијата, поради која со денови не сака да стане од кревет. Во видео на социјалните мрежи таа ја раскажа својата приказна.

„Милион луѓе функционираат со анксиозноста. Но, за депресијата се зборува многу малку, затоа што тогаш не ви се зборува со никој, дури не ни кревате телефон. Јас го правев тоа на максимум двајца, само со мајка ми и една најдобра другарка можеби. Депресијата не ти дава да чувствуваш ниту задоволство. Ништо не ме прави среќна, рамна линија, комплетна рамнодушност. Нема нешто што те радува, ниту има нешто што може да те растажи и тоа е најлошо чувство. Подобро е да се расплачеш, отколку да не чувствуваш ништо.

Кон средината на февруари решив дека ќе направам сè што е во моја моќ да станам од кревет. Решив дури да не одбивам и антидепресиви, но дека ќе ги земам кога ќе бидам сигурна дека ќе дадам буквално сè од себе. Сега сум 30-40% подобра. Имав многу нарушен сон, знаев да минам 48 часа без сон, ништо не ми помагаше, ниту работи на природна база не ми помагаа. Знаев да спијам по час и половина и да не презаспијам и денот да го минам анксиозна и депресивна. По многу психотерапии сум многу подобра. Спијам сега по 5-6 часа навечер што за мене е бајка. Депресијата ми донесе 10 килограми и несоница, а има луѓе во депресија кои слабеат и спијат по 15 часа. Сите сме различни.

Најважно е да се знаете себеси и да си помогнете себе. Самите нема да го решите никогаш, зборувајте отворено. Ова видео е една порака до сите оние кои мислат дека само нив им се случува ова, дека е срамота да имаш анксиозност и депресија и мислам дека кревањето на јавната свест да се посети психолог и психијатар е клучно. Од депресија и анксиозност не страда само човекот што ја живее, туку и целото семејство“, вели Миа во видеото.

Инфлуенсерката раскажува дека психологот ѝ препорачал да направи однапред распоред за две-три за тоа што треба да направи и каде да оди. Се запишала на јога и вели дека тоа ѝ помага многу.

„Најмногу ме нервира кога ќе ми кажат имаш дете, заработуваш, 90 дена беше на море, како можеш да бидеш депресивна? Не е така. Замислете само колку светски ѕвезди се самоубиле во врвот на славата. Сметам дека ова видео по видеото на Дарко Влогс ќе ви дојде многу добро и ќе ви помогне ако се справувате со ова. Се надевам помогнав барем малку на некои од вас коишто ќе го изгледате видеото.

На таа Миа која 24/7 се бори за Андрија ѝ завидувам сега, затоа што ѝ беше многу тешко, но правеше сè за Андрија и во ниту еден момент не ми паѓаше на ум да се вратам дома, да се предадам, да си свиркам и да прашам што има денес за ручек. Толку долго бев силна. што мојата најголема психичка криза дојде пред две-три години, баш со почетокот на короната.

По емотивна агонија од цели 6 години не се чувствував ниту среќна, ниту слободна, емотивна. Но во мигот кога почувствував дека можам да одам напред, доживеав втор пубертет. Полесно се организирав и таа една година пред да почнат карантините почнав да излегувам до доцна. Можеби е тригер и алкохолот и едноставно правев работи кои не одговараат на возраста. Потоа почна анксиозноста и една состојба на константен страв. Ми се потеа рацете, не ми беше пријатно во моето тело и постојано чувствував дека нешто ќе се случи. Чувството е како да имаат најавено земјотрес во 3:15 часот, а сега е 1:15. Не знаев од каде доаѓа таа агонија, а во текот на цел ден не можев да кренам од постојано чувство на вознемиреност, неоправдан страв и само сакате да заврши денот затоа што утре ќе биде подобро, а утре никогаш не е подобро.

Тоа траеше година и половина и јас постојано бев во консултација со психилог. Постојано си велев дека ова ќе заврши и нема да трае вечно. Отидов во Албанија на ангажман од 90 дена и првпат во животот бев сигурна за мојата финансиска ситуација и за тоа како расте и како ќе расте во тие моменти. Дури бев и збунета како се промени мојата финансиска ситуација. Пред крајот на мојот ангажман во Дерми, 25 дена пред да се вратам дома, ми се случи нешто како нервен слом. Не бев оптоварена, немав една мисла на која треба да се фокусирам, сè ми течеше лесно како по вода, немав потреба да го заморувам мозокот со ништо, бев толку многу опуштена на море, што мислам дека оттука ми почнаа сите проблеми. Поддршката од Тијана направи да имам чувство дека јас не треба да мрднам со прст.

Враќањето во Скопје беше почеток на депресивната епизода со анксиозни напади. Најважно во сите овие психички состојби е да се познавате себеси и да знаете кога нешто не оди како треба. Ако немате поддршка од семејството, мора да имате од стручни луѓе. Разговарајте со некој што ќе ве разбере. Јас можам да познаам кога некој има паничен напад и да му пристапам и да го утешам.

Депресијата почна онака силно некаде околу Нова година, односно пред тоа, некаде декември, период кога немав волја да го напуштам креветот. Ми се случуваше 3-4 дена да лежам во кревет, да ги откажам сите состаноци за да можам само да лежам со денови и да си се дувам со фен. Не ми беше јасно зошто сум таква, тоа ми донесе и 10 килограми плус. Тоа е една состојба од која многу сакате да излезете, а во истиот период ја доживувате како нормална, односно како епизодна мрза која ќе помине.

Депресијата е многу сериозна состојба и многу пострашна од анксиозноста која носи константна нервоза во текот на денот, а депресијата многу полошо може да прогресира и да ве одведе знаете каде. Мојата депресија беше како по книга, односно од сите 15, јас имав 15 симптоми. Јас имам константна поддршка од психолог, бев свесна дека имав проблем. Уште се справувам со тоа. Сега сум многу подобра од пред 2 месеци. Не очекувајте дека ќе бидете нов човек, без разлика дали тоа е со терапија или без, туку едноставно наоѓате начин како да живеете во таа состојба и да функционирате“, раскажа Миа во видеото.

loading...

https://go88.gg/

sunwin aaa sunwindy SUNWIN - Game bài đổi thưởng trực tuyến uy tín top 1 Sun Win