Почитувани граѓани
Кавадарци стана општина во која потребите на социјално ранливите категории, на граѓаните со ниски приходи се целосно заборавени од страна на актуелната локална власт.
Заложбите кои ги прави Министерсвото за труд и социјална политика, социјалната реформа која опфати низа сет на мерки со кои им се помага значително на овие граѓани, ние сакаме да ја пресликаме и на локално ниво.
За таа цел за овие граѓани нудиме сет на мерки со цел подобрување на нивниот живот.
За таа цел ќе направиме интервентен фонд за социјални случаи.
Во партнерство на Општина Кавадарци, бизнис секторот и Министерството за труд и социјална политика, ќе направиме интервентен фонд за социјални случаи и за лица во социјален ризик.
Заедно ќе го формираме овој социјален фонд со што ќе им подадеме рака на оние на кои им е најмногу потребно.
Покрај ова за децата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, Општина Кавадарци ќе им обезбеди, бесплатно да посетуваат часови по странски јазици и компјутери. Ова сметаме дека е од исклучително значење за развојот на секое дете во иднина.
Општина Кавадарци ќе субвенционира купување на лаптопи и таблети на сите ученици од социјално загрозени семејства. Секој ученик треба да има соодветен уред кој ќе може да го користи за образование и негова професионална надградба.
За жителите од селата во општина Кавадарци со ниски приходи, кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, со цел да им го олеснеме пристапот до градот, ќе им обезбедиме бесплатен автобуски превоз.
Социјалната заштита, грижата и помошта за социјално ранливите категории, ќе биде еден од нашите приоритети.
Ние сакаме да направиме општина на еднави граѓани.
За нас сите граѓани се подеднакво важни.