ШТО ЛИ ЌЕ КАЖАТ СЕЛА И ТАРАВАРИ ЗА ОВА - НИКОЛОВСКИ: ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ПОНИЖУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?!
ШТО ЛИ ЌЕ КАЖАТ СЕЛА И ТАРАВАРИ ЗА ОВА - НИКОЛОВСКИ: ПОСЕТАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ПОНИЖУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?!
(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
(ВИДЕО) Обраќање на претседателот Пендаровски на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СУГАРЕВСКИ: СЕ ВРАТИ ФУДБАЛОТ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ПРИЛЕП!
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СУГАРЕВСКИ: СЕ ВРАТИ ФУДБАЛОТ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ПРИЛЕП!
(ВИДЕО) КОГА ИЗДРОГИРАН ИЛИ МРТОВ ПИЈАН ИЛИ БОЛЕН ЌЕ СЕ ПОЈАВИШ НА ТВ ЕМИСИЈА?!?!?
(ВИДЕО) КОГА ИЗДРОГИРАН ИЛИ МРТОВ ПИЈАН ИЛИ БОЛЕН ЌЕ СЕ ПОЈАВИШ НА ТВ ЕМИСИЈА?!?!?
НЕРВОЗЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ПЛАЧЕ ЗОШТО ГО ВИКАЛЕ ЛИГЊА И ШУНКА, ГИ НАВРЕДУВАШЕ СЕЛАНИТЕ, ГИ НАВРЕДУВАШЕ ДОЈДЕНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ, ГО НАВРЕДУВАШЕ КАНДИДАТОТ НА СДСМ ВО БИТОЛА
НЕРВОЗЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ПЛАЧЕ ЗОШТО ГО ВИКАЛЕ ЛИГЊА И ШУНКА, ГИ НАВРЕДУВАШЕ СЕЛАНИТЕ, ГИ НАВРЕДУВАШЕ ДОЈДЕНЦИТЕ ВО СКОПЈЕ, ГО НАВРЕДУВАШЕ КАНДИДАТОТ НА СДСМ ВО БИТОЛА
ШОКАНТЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ГОЛЕМ МАФИЈАШ, ВМРО ДПМНЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД НЕГО И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ПРИФАЌА ДОНАЦИИ ОД НЕГО!
ШОКАНТЕН НАСТАП НА НИКОЛОВСКИ НА АЛФА: ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ГОЛЕМ МАФИЈАШ, ВМРО ДПМНЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД НЕГО И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ПРИФАЌА ДОНАЦИИ ОД НЕГО!
МВР: Авганистанските разбојници кои извршиле физички напад и кражба се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и никако не се поврзани со граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош
МВР: Авганистанските разбојници кои извршиле физички напад и кражба се илегални мигранти кои влегле во земјава од Грција и никако не се поврзани со граѓаните за кои државата обезбеди хуманитарна помош
AЈДЕЕЕ, ТОНИ ШАНАЦ НЕМА НИТУ ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ВТОР КРУГ А НЕ ПА ДА ПОБЕДИ?!?!
AЈДЕЕЕ, ТОНИ ШАНАЦ НЕМА НИТУ ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ВТОР КРУГ А НЕ ПА ДА ПОБЕДИ?!?!

(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

„Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување на обврските и да се завршат експресните патишта, регионалните, локалните, да финишираат работите на големите системи за наводнување, канализационите мрежи. Сите проекти се од огромен интерес за граѓаните бидејќи дојдоа како резултат на нивните барања. Така е и со регионалниот пат Пробиштип – Крупиште кој е веќе во употреба на огромно задоволство на граѓаните на Пробиштип, Злетово и на другите населени места од регионот“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на увид на рехабилитираниот патен правец Пробиштип – Крупиште.

Премиерот Заев рече дека овој градежен потфат е од посебно значење и ја олеснува работата на компаниите во регионот на Пробиштип и Злетово каде што се фабриката за акумулатори „Таб-Мак“ и рудниците „Злетово“ и „Стрмош“, сите странски инвестиции.

„Го слушнавме гласот на граѓаните и тие денеска имаат современ регионален пат кој ги поврзува со експресниот пат Штип – Кочани и со тоа им е олеснета комуникацијата со овие градови, како и со останатите градови на истокот и југоистокот на државата. Тука се и неколкуте конфекции, а голем број работници од овие градови и околните населени места секојдневно патуваат до штипските конфекции и сега тоа го прават по нов, современ патен правец“, истакна премиерот Заев и додаде дека тоа е огромен потенцијал за развој на нови поврзувања низ бизнис иницијативи.

„Сега од Пробиштип до Скопје преку сосема нова и модерна патна инфраструктура се стигнува за 45 минути. Изградбата, реконструкцијата и рехабилитацијата на патиштата останува еден од нашите стратешки приоритети заради брз економски развој и на овој регион, но и на целата држава“, заклучи премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потенцираше дека Владата вложува преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура низ целата држава со цел граѓаните да возат побезбедни и модерни патишта.

„Овде, во Источниот регион изградивме нова и квалитетна патна мрежа. Речиси и да нема патен правец кој не е рехабилитиран. Регионалниот пат од Крупиште до Пробиштип е со должина од 18 километри за што инвестиравме 3,4 милиони евра за негова рехабилитација. Овој пат сега се поврзува и со експресниот пат од Штип до Кочани и преставува една целина преку кој граѓаните значително го намалуваат времето на патување“, рече министерот Бочварски и додаде дека активно се работи во Источниот регион.

„Ја изградивме автопатската делница Миладиновци – Штип. Ја изградивме првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, а до крај на годината очекуваме да ја пуштиме во употреба и втората фаза од Крупиште до Кочани. Исто така ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, очекуваме септември да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш, а делот од Три чешми до Штип да биде завршен веќе следната година.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека патниот правец Крупиште–Пробиштип е важна сообраќајна артерија за граѓаните на Пробиштип кон Штип, Кочани и граничниот премин со Бугарија кај Делчево.

„Рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип–Крупиште, која што е во должина од 18 километри е финансирана преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а вредноста на ова делница изнесува 3,46 милиони евра. Со завршувањето на асфалтирањето, со поставувањето на еластична одбојна ограда и хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација, овој патен правец целосно е рехабилитиран“, објасни Рустеми и додаде дека во процес на рехабилитација и санација се повеќе патишта во североисточниот регион кој е индустриски, општествен и административен центар.

loading...

Website https://animebee.to: Watch Green Days: Dinosaur and I animebee Episode Full online anime

Website https://wcostream.cc: Watch Ceres, Celestial Legend wcostream Episode 24 black clover wcostream

Website https://kissanime.mx: Watch Hustle Punch kissanime Episode 2 god of highschool kissanime

Website https://animefreak.ws: Watch Heart no Kuni no Alice: Wonderful Wonder World animefreak Episode Full animefreak my hero academia

8tracks: https://8tracks.com/kissanimemx

Getpocket: https://getpocket.com/@700dzpe7T034dg99fuA847cA4agVT185978fb2U9cQL6f8x345cqfN45D10FX81d?src=navbar