ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ СО НОВ УСПЕХ: Продолжува растот на платите, посветени сме да стигнеме до 34.000 денари просечна плата
ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ СО НОВ УСПЕХ: Продолжува растот на платите, посветени сме да стигнеме до 34.000 денари просечна плата
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
СДСМ: Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика

Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ
Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ

(ВИДЕО) Заев: Имаме добра порака за Светскиот ден на дијабетесот – Направивме пресвртница и наместо несигурни сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки сестри, по повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.

Премиерот Заев се обрати со посебен осврт на здравјето на граѓаните како врвен приоритет и истакна дека Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес со тоа што ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

Во продолжение следи интегралното обраќање на премиерот Заев.

“Денеска е 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, и ова мое видео обраќање им го посветувам на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки -сестри.
И не само денеска, туку целата оваа година, членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот.

Содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнуваме свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со КОВИД-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група.

Од овој аспект се особено значајни навремените реакции за превентива и едукација на Националната комисија за дијабетес и на Клиниката за ендокринологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Имајќи го здравјето на граѓаните како врвен приоритет од 2017 година наваму Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

Од тогаш наваму за прв пат беше извршена и континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки свестки стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нè потсетува дека од витално значење е да обезбедиме овие посветени политики и развојната работа на методи и терапии за добра контрола на состојба на лицата со дијабетес да продолжат и да се унапредуваат. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја.”

loading...

Back Arrow (https://gogoanime.be/m/0aP3) Episode 2 at GoGoAnime anime gogo

Hiyokoi Episode Full at KissAnime kissanime monster