(ВИДЕО) Шекеринска во работна посета на САД: ЌЕ ПОБАРАМЕ ОД БАЈДЕН ДА НИ ПОМОГНЕ ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
(ВИДЕО) Шекеринска во работна посета на САД: ЌЕ ПОБАРАМЕ ОД БАЈДЕН ДА НИ ПОМОГНЕ ДА ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
ХАХА, СРЦКА - НА МИЦКО МУ СЕ ГАДЕЛО ШТО УШТЕ НЕ БИЛ ПРЕМИЕР, СЕ УТЕПАЛ ОД ЧЕКАЊЕ?!?!
ХАХА, СРЦКА - НА МИЦКО МУ СЕ ГАДЕЛО ШТО УШТЕ НЕ БИЛ ПРЕМИЕР, СЕ УТЕПАЛ ОД ЧЕКАЊЕ?!?!
(ВИДЕО) МУ ДОЈДЕ ВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ, СОЗРЕА, НЕМА ВЕЌЕ ВОЈНИ, ЌЕ ИМА САМО МИР, ПРОСПЕРИТЕТ, РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИ РАСТ
(ВИДЕО) МУ ДОЈДЕ ВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ, СОЗРЕА, НЕМА ВЕЌЕ ВОЈНИ, ЌЕ ИМА САМО МИР, ПРОСПЕРИТЕТ, РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИ РАСТ
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: СО 110 КМ ВЕЛОПАТЕКИ И НАД 12 000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ, СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: СО 110 КМ ВЕЛОПАТЕКИ И НАД 12 000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ, СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, НАРОДОТ ОВА ГО ОЧЕКУВА ОД ВАС - СУПЕРМОДЕРНА ФИЛТЕР СТАНИЦА ВО ШТИП За 100.000 домаќинства обезбедена чиста и здрава вода
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, НАРОДОТ ОВА ГО ОЧЕКУВА ОД ВАС - СУПЕРМОДЕРНА ФИЛТЕР СТАНИЦА ВО ШТИП За 100.000 домаќинства обезбедена чиста и здрава вода
(ВИДЕО) Заедничката седница на двете влади, Република Северна Македонија и Република Косово е потврда на одличните односи и надградување на заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир
(ВИДЕО) Заедничката седница на двете влади, Република Северна Македонија и Република Косово е потврда на одличните односи и надградување на заедничките интереси за Западен Балкан како регион на траен мир
Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ
Собранието ги усвои шесте закони за управување со отпад што ги бараше ЕУ
Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба
Заев: Балканот веќе не е буре барут и не е темпирана бомба

(ВИДЕО) Заев: Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ

Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за МИА и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада.

Вчера, говорејќи на Делфи економски форум, Заев изрази оптимизам дека ќе најдеме решение со Бугарија, но додаде дека ни треба помош од Грција, а четири часа подоцна, на средбата со неговиот грчки колега, веќе добил конкретни идеи од Мицотакис.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, премиерот вели дека грчката страна покажала дополнителна креативност, „на многу пријателски начин, на многу прагматичен начин“, а за блокадата од Софија коментира дека тоа е проблем и предизвик, не само за нас, туку и за Европската Унија и за Бугарија и за Грција како земји членки.

Премиерот денеска ја завршува посетата на Атина, а освен за продлабочување на политичките односи, оствари низа средби и за продлабочување на економските врски и економската соработка.

Во видео интервјуто за МИА детално ги објаснува проектите што се во финална фаза, говори за соработките што треба да започнат, а истакнува дека и покрај пандемијата, „цела есен и зима работевме на многу проекти“.

Паралелно, открива детали, како од денеска ќе патуваме во Грција, со оглед на тоа дека рампите на граничните премини, за македонските државјани, се кренаа по 14 месеци.

Премиере, идејата ми беше да започнеме со други теми, меѓутоа одовде од Атина, соопштивте една убава вест за Македонците, од денеска, по 14 месеци пауза, можат да патуваат во Грција. На кој начин ќе биде патувањето кај јужниот сосед?

-Навистина, од денеска, отворањето на границите веројатно за нашиот народ значи симбол на ова затворање, ова ограничување, затоа што често сме поврзани со грчкото море, но и како дестинација и бизнис многу често за многу луѓе, така да верувам дека е позитивна вест.

Веста ни беше директно соопштена на состанокот со премиерот Мицотакис и тоа покажува прво дека се олабавуваат работите и верувам уште повеќе понатаму ќе се олабавуваат. Може да се патува со ПЦР тест, кој што е непостар од 72 часа, може да се патува со две вакцини и 14 дена по вакцината или со соодветна потврда за поседување антитела, дека имате прележано или слично од соодветна институција, која е регистрирана во Република Северна Македонија.

Ова е добра вест за македонскиот народ, за сите граѓани што живеат во Република Северна Македонија. Како што реков, прво е порака на олабавување, но секако јас би сакал да ја испратам секогаш пораката да внимаваме сѐ уште на мерките, затоа што мал е процентот на вакцинирање кај нас. Бројките покажуваат дека веќе одиме кон 200.000. Сето тоа покажува дека она што треба да го постигнеме 1.200.000-1.300.000-1.400.000 колку и да се по проценките на здравствените комисии, сме далеку од тоа. Значи треба да внимаваме. Колку повеќе внимаваме, толку повеќе ќе нема рестрикции, ниту дома, ниту од дома кон надвор, кои што се случуваат.

Верувам дека сето тоа ќе придонесе за поголема мобилност на луѓето, отворање на нови економски перспектив, пред сѐ за сите, но секако и унапредување на соработката помеѓу институциите и државите.

Ја споменавте соработката, веќе имаме соработка со Грција. Не е само за Ковид-19, го имаме интерконекторот, терминалот за течен гас во Александруполи, го имаме нафтоводот. До каде сме на ова поле со јужниот сосед?

-Прво да го споделам задоволството, затоа што овие два дена поминувам навистина прекрасно. Сите се позитивни. Мене ми драго што некако веќе после Преспанскиот договор и тие што беа скептици, пополека ги гледаат бенефициите од тоа. И целото тоа ја создава атмосферата веројатно и кај Владата, а ја создава и кај опозицијата, затоа што и со Алескис Ципрас се видов и со Мицотакис се видов, сакаат да соработуваме и тоа е добро. На крајот договорите се прават за унапредување на соработката.

Ние ја искористивме дури и пандемијата. Цела есен и зима работевме на многу проекти, така да интерконекторот е веќе со потпишани правни документи, изработени документации за почеток на градба. Очекуваме овие денови да се распишат тендерите за почеток на изведба, односно за избор на изведувач, затоа што очекуваме брзо и ефикасно градење, затоа што трасата е покрај нафтоводот. Значи нема експропријации, нема други очекувани проблеми обично кога се градат големи капитални инфраструктури. Тоа е многу значајно заради тоа што правиме диверзификација на гасот. Има можност да влезе во Северна Македонија природен гас, освен рускиот, и азербејџанскиот, катарскиот, израелскиот, американскиот што значи очекуваме и паѓање на цените и можност за повеќе и повеќе да се користи кај нас од граѓаните и од стопанството.

Вториот важен проект го финишираме, верувам дека до крајот на мај или 10 јуни најдоцна ќе биде склучен договорот за пуштање на нафтоводот, кое што дава можност за користење од страна на „Окта“ односно „Хеленик петролеум“, но и на сите други трети корисници за одредена надокнада за користење на цевката. Нашата земја е 20 отсто сопственик во тој нафтовод, а при тоа постигнавме веќе и договори да сите инвестиции кои што ќе ги прават, не смеат да бидат во камиони или цистерни, затоа што нашите цистерни треба да го дистрибуираат кон Србија, Косово, да имаат работа, да имаат разбирање за оваа работа. Работна група од кај нас на чело со потпретседателот Битиќи и неколку други министри се во работната група, верувам дека ќе успеат успешно да финишираат со тој дел, затоа што се преговара за казните што треба да се платат за некористењете на мазутот. Еднаш државата плати, сега за останатите земји, но и „Окта“ има казни што треба да плати према нас. Деталите на договорот кога ќе се постигне ќе ги објавиме, но работиме на пријателски начин, заради тоа што е добро за државата, за народот, за економијата, а секако и „Хеленик Петролеум“ гледа иднина преку пуштањето на овој заеднички наш нафтовод.

Следната работа, меморандумот е веќе потпишан со Александруполи, односно со „Копелузос“. Овде се Грција и Бугарија партнери, каде што Северна Македонија учествува со 10 отсто во изградбата на гасниот терминал, кој што вреди сигурно повеќе од 350 милиони евра, а има 170-180 милиони евра грант од Европската Унија, така да ни следува и нас тој грант. И вториот дел на проектот е гасната централа, каде што учествуваме со 25 отсто, а 25 отсто од над 800 мегавати е 200 мегавати, тоа е малку повеќе од еден блок од РЕК Битола. Важен проект е. Преку тоа очекуваме многу поевтина и конкурентна електрична енергија, сигурно снабдување на гас, затоа што ќе сме сопственици во гасниот терминал, секако, перспектива која отвора сериозни економски придобивки за стопанството, но и за граѓаните и ова веројатно, сигурно е возможно само поради Преспанскиот договор. Секако и грчката Влада даде позитивен аспект и осврт на тоа да Северна Македонија инвестира во Грција и тоа директно од државните претпријатија, што е убаво. Би било понепријатно ако останеа само Бугарија и Грција во ваков значаен проект. Тоа е подобрување на имиџот на нашата земја и слично.

Но, се разработуваат уште неколку големи проекти. Еден од најголемите конкуренти за Чебрен е „ППС“, заедно со „Архиродон“ од Грција од деветте компании, кои што ја поминаа првата фаза, проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра. Овој пат сме убедени дека ќе успее, поради новите критериуми кои што ги поставивме и интересот од така џиновски, големи компании.

Понатаму, учествуваат во тендерските процедури за изградба на железницата за Коридорот 8. Грчки, една, две три, не знам колку компании се. Но, големите компании исто така во делот на нафтената индустрија, во делот на фармацевтската индустрија, во делот на земјоделието и во делот на природниот гас, исто така се присутни во постапки на разговори, инвестиции, преговори, некаде ќе имаме јавно приватно партнерство, некаде ќе имаме концесии, некаде ќе имаме чисти приватни инвестиции, сето тоа ќе го подигне бруто домашниот продукт во земјата, ќе отвори нови работни места, а секако ќе го зголеми и нашиот извоз. Тоа е бенефитот што го добива државата, а севкупно значи подигање на економскиот стандард на целиот наш народ. Тоа се дел од проектите. Има уште многу помали во обем, но значајни за нас, во сите области, буквално од секојдневниот живот и функционирање, кои верувам дека ќе растат, како одминува пандемијата. Значи овие успеси се, додека трае пандемијата и еве ги на повидок. Верувам дека ќе имаме уште многу успешни проекти заедно, македонско- грчки проекти.

Да преминеме на политичкиот дел, за време на вашето учество на Делфи економскиот форум изразивте оптимизам за решение со Бугарија, но и побаравте помош од Грција. Дали можеби на средбата со вашиот грчки колега Кирајкос Мицотакис добивте некакви знаци, некаква иницијатива дека Грција би можела на некој конкретен начин да ни помогне за да се тргне бугарската блокада на нашиот пат кон Европската Унија?

-Јас верувам во тој оптимизам што го кажав од многу прагматични причини. Значи ова покрај тоа што е проблем и предизвик на Северна Македонија, е проблем и на Европската Унија или предизвик за Европската Унија, вклучувајќи ја Грција и Бугарија. Така да треба да ја мислат и тие заедно, а Грција исто така затоа што го тангира и Преспанскиот договор и треба да биде дополнително заинтересирана и на крајот е голем поддржувач на интеграциите на Северна Македонија и на Албанија затоа што сѐ почна од 2003 година од Солунскиот самит, кога се сврте фокусот на евроинтеграциите на Западен Балкан во Европската Унија.

Јас верувам дека прво ќе се најде некое решение со Бугарија, затоа што проблемот не е од таква природа каде што би можел да биде пречка, имајќи предвид дека допрва се отвораат 35 поглавја и на отворање и на затварање се носат одлуки од сите земји- членки, така да верувам дека намалените тензии и кај нас и во Бугарија ќе помогнат во целиот тој дел. Но, ни треба помош и од сите други пријатели, а премиерот Мицотакис разви неколку идеи и многу сум благодарен заради креативноста која што ја понуди. Нормално не можам да ги коментирам, затоа што сепак тие тоа треба да го направат, но за нас се исклучиво позитивни. Мене ми е многу драго што шефот на Владата на Грција не само што помага, не само што учествува, тој директно на Европскиот совет и министерот Дендиас на Советот на министри и таму се гласни и зборат и работат за помошта на интеграциите на Северна Македонија и на Албанија, секако и на двете земји, а сега покажаа и дополнителна креативност, што сум позитивно изненаден на многу пријателски начин, на многу прагматичен начин.

Верувам дека може да биде само од помош и да биде решение на проблемот. Така да убаво е чувството, навистина кога имате пријатели. Ние сме мала земја, стварно сме пријатели со сите, но кога ќе ви возвратат со пријателство е убаво чувството. Ред е тоа да го споделам со нашиот народ. Верувам во успеси, верувам низ дијалог и договор дека се постигнуваат решенијата и навистина Грција, можам да потврдам дека е еден од најпосветениот наш пријател за нашите евро- атлантски интеграции.

Така и премиерот на Грција, вчера на средбата го соопшти, а гледам и денеска низ сите коментари е дека Грција останува наш посветен пријател и партнер во нашите евро- атлантски интеграции. Потврдувам и дека тоа го потврдуваат и на практично ниво, вака разговарајќи, мислеле луѓето, нашле начини, тие сепак се внатре во Европската Унија и ги знаат деталите, така да сум многу среќен и задоволен што развиваат вакви идеи. И да не успеат сум среќен, ако успеат сигурно ќе бидам многу среќен.

loading...

Rozen Maiden: Träumend (Dub) Episode 12

https://animepahe.cc anime online

Pac-World (Dub) Episode 52

Sunday Without God: Memories Episode Full

Onlineboxing: http://onlineboxing.net/jforum/user/editDone/110745.page

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimelol