(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
(ВИДЕО) Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат, но преговори за македонскиот идентитет не се опција
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
ГАК: Починатата пациентка не беше родилка, злонамерни се шпекулациите за причините за смртта
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
БРАЌАТА ШВЕЃАНИ СЕ БОРАТ ЗА НАС: Шведска бара итен почеток на ЕУ преговорите со С. Македонија
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
СПАСОВСКИ: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа.
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ВИДЕО: Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која носеше маска со знамето на Северна Македонија
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕЛО - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВО ПРИЛЕП СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ ВО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
Вице премиерот Груби се вакцинираше и апелира до граѓаните да се регистрираат на vakcinacija.mk
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава
КОЖУВЧАНКА ДОО со донација од 100.000 шишиња вода Изворска и 22.000 лименки безалкохолен пијалок Sinetta за потребите на пунктовите за вакцинација ширум земјава

(ВИДЕО) Заев од Гевгелија: Обезбедуваме услови, инвестираме во детски градинки за квалитетно предучилишно образование

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев придружен од градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорката на градинката „Детска радост” Елизабета Стојменова денеска направија увид во работните активности во новата детска градинка во населеното место Прдејци.

„Новиот објект на градинката во кој се згрижуваат околу 20 деца се гради по најсовремени стандарди со средства од Општина Гевгелија во износ од 6 милиони денари и се опремува од страна на Министерството за труд и социјални работи”, истакна премиерот Заев и додаде дека еден од приоритетите на Владата е да обезбеди услови за правилен ран детски развој, преку градење нови градинки или целосна реконструкција и проширување на капацитетите на градинките кои притоа ги задоволуваат стандардите за енергетска ефикасност и систем за еколошко греење.

„Од 2017 до 2020 година отворивме и проширивме капацитети на 63 објекти низ целата држава. На овој начин обезбедено е згрижување на 3.386 деца. Само од почетокот на септември 2020 година до сега, отворени се осум нови градинки во Гостивар, Сарај, Ресен, Лозово, Брвеница, Илинден, Боговиње и Новаци со што е зголемен опфатот за 551 дете”, рече премиерот Заев и додаде дека се зајакнуваат и професионалните компетенции на кадарот со цел квалитетно предучилишно образование.

На крај премиерот Заев подвлече дека се веќе обезбедени дополнителни 15 милиони евра за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки и дека Владата продолжува да ја искоренува детската сиромаштија, со цел да се постигне 60% опфат на децата од 3 до 6 години во предучилишна грижа и воспитување до крајот на 2024 година.

Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков истакна дека новиот објект е од големо значење за граѓаните од населеното место Прдејци и најави дека таму наскоро ќе се отвори и Домот на култура.

Директорката на градинката „Детска радост” Елизабета Стојменова кажа дека Општина Гевгелија има најголем опфат на децата од предучилишна возраст и тоа околу 57% и новиот објект на градинката е од особено значење за родителите за да не гравитираат кон градот затоа што сите услови се веќе обезбедени во самото населено место.

loading...

AnimeFreak boku no hero academia animefreak: Umibe no Étranger Episode Full

AnimeHeaven boruto anime heaven: Horimiya Episode 13