Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

(ВИДЕО) Заев: Со Константин Георгиевски, европски Охрид, ќе се издигне таму каде што му е местото – во ризниците на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и на локалната сапоуправа во Охрид, предводена сегашниот и иден градоначалник Константин Георгиески и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство Во опасност, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Охрид, во рамките изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Заев нагласи дека работата не е завршена, мора да продолжат да се спроведуваат препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство, а тоа ќе се постигне со максимална ангажираност и посветеност и заедно, бидејќи режимските криминалци пак би го урнисале постигнатото.

За Охрид, да се издигне каде што му е местото, во ризниците на УНЕСКО – како заштитено природно културно наследство, без закани и опасности, но и за да го издигнеме Охрид каде што му е местото – меѓу врвните европски градови од светски интерес, со унапреден туризам потребно ни е да го задржиме континуитетот на напредокот на Охрид, затоа што Охрид е нашето Најдобро и затоа што Охрид го заслужува Најдоброто, порача Заев.

Тому затоа тој од охриѓани побара поддршка за уште еден градоначалнички мандат за успешниот градоначалник Константин Георгиески, кој покажа дека работи одговорно, чесно и домаќински и кога беше најпотребно на дело покажа грижа за природните, културните и духовните вредности на градот.

Константин Георгиески, заедно со советниците предводени од носителот на кандидатската листа, Науме Јованоски, имаат желба, имаат знаење, имаат волја, општина Охрид да биде заеднички, убав, среден, топол, сигурен, чист, безгрижен, модерен, европски дом за секој жител и секое семејство, порача Заев.

Константин Георгиески ја има поддршката од центалната власт за да го унапреди Охрид од „балкански Ерусалим“ во „европски Охрид“, тоа ќе го постигнеме со Најдоброто, затоа на 17 октомври гласајте за број 12 за Констатнин и советничката листа, за Најдоброто, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Охрид.

loading...

Go88 cho Android - Tải về APK md5 go88 cách tải go88

game sunwin bị sập sunwin download sunwin intelligent