(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
(ВИДЕО) СТАР, СПОР, ГРД, ГО ВИКААТ ДИВА СВИЊА: АМЕРИКАНСКИ АВИОН А 10 Е НОЌНА МОРА ЗА ТАЛИБАНЦИТЕ, ИРАЧАНИТЕ И ИСИС, ИМА НАЈМОЌЕН МИТРАЛЕЗ КОЈ МЕЛЕ НА СИТНИ ПАРЧИЊА ЦЕЛИ ТЕНКОВИ, КУЌИ И ЗГРАДИ
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
САРАЧИНИ: Банално е благ збор за она што се случува во македонските медиуми и македонската јавност
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
(ВИДЕО) Американските војници имаат обука за струен удар
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
ЗАЕВ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК ВО ТВ ДУЕЛОТ: ГЛЕДАЧИТЕ СО ДРВА И КАМЕЊА ПО ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
Заев за Канал 5: За четири години со СДСМ просечната плата порасна за над 6.000 денари, а за шест години со ВМРО-ДПМНЕ за само 1.700 денари
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!
МИЦКОВСКИ ВО ДУЕЛОТ СО ЗАЕВ СЕ ПОЈАВИ СО ЧАСОВНИК ОД 8000 ЕВРА!

(ВИДЕО) ЗАЕВ: Со политиките за достоинствено живеење обезбедуваме пристоен дом за секој граѓанин, вклучувајќи ја и изградбата на живеалишта за 24 семејства од ромската населба во Кочани

„Наскоро ќе започне изградбата на типски живеалишта со соодветни услови за живеење за 24 семејства, со околу 120 лица, кои подолго време живеат во супстандардни и импровизирани живеалишта во ромската населба во Кочани“, соопшти претседателот на Владата Зоран Заев при денешната посета на Општина Кочани, а беше придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев.

Тој информираше дека за оваа цел се предвидени средства во висина од 25 милиони денари од Стратегијата за Ромите во областа на домување, од кои 16 милиони денари се обезбедени од Министерство за транспорт и врски во рамките на Стратегијата на Ромите и дополнителни 9 милиони денари од буџетот на Општина Кочани.

„Живееме во време кога секој заслужува пристоен дом, и тоа е врвна обврска на Владата и на локалната самоуправа во секоја општина. Да направиме сѐ што треба нашите сограѓани од секоја заедница, од секоја социјална група да се чувствуваат сигурно. Овој добар пример на градење и поврзување на централната и локалната власт ќе го спроведеме и во останатите општини каде што населението има потреба и каде што има услови за спроведување на вакви проекти. На тој начин нашите заложби ќе создадат добар пример за идните генерации, затоа што нашиот потенцијал доаѓа од нашите граѓани“, истакна премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев посочи дека и во овие услови, со неопходните мерки за лична заштита на работниците во полн ек е изградбата на социјални станови, кои во делот на градежништвото се значаен сегмент од капиталните проекти.

„Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017 година, односно за 6 години, биле изградени 678 стана, а во периодот од 2017 до 2020 година, или за три години се изградени и се во тек на изградба 897 станови од кои 10% како позитивна квота во критериумите ќе бидат наменети и за ромската заедница. Со овие капитални проекти го враќаме достоинството на граѓаните со социјални мерки за извлекување на наши сограѓани во социјален ризик од зоната на сиромаштијата со решавање на станбеното прашање на многу семејства“, нагласи премиерот Заев.

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека во делот на социјалната и станбена изградба во Кочани се планира и изградба на станбена зграда за 34 социјално ранливи семејства.

„Во текот на 2021 година изградбата на оваа станбена зграда ќе добие на силна динамика. Ова е многу значајно бидејќи државата секогаш треба да им се најде на граѓаните кога им е најпотребна. Во тој контекст обезбедувaме и 16 милиони денари за згрижување на ромско население преку изградба на типски куќи. Исто така, сакам да спомнам дека одвоивме и 6 милиони денари за инфраструктурни проекти за Кочани за реализација на кружни текови во централното градско јадро. Распределивме и 66 милиони денари на Општина Струмица за решавање на станбеното прашање на жители од општината“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека со овој проект се решава повеќедецениски проблем во Кочани во однос на прашањето на диво населените лица во објектот Стара касарна.

Тој нагласи дека Кочани е една од првите општини во државата што покажува дека може да одговори на домувањето на Ромите, како едно од најгорливите прашања за оваа заедница.

loading...