(ВИДЕО) ТОА Е ТАА ХАРИЗМА НА ГОЛЕМИТЕ ЛИДЕРИ КОЈА ИЛИ ЈА ИМАШ ИЛИ ЈА НЕМАШ: БОЈКО БОРИСОВ МУ ГО ДАДЕ СВОЕТО ПАЛТО НА ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК
(ВИДЕО) ТОА Е ТАА ХАРИЗМА НА ГОЛЕМИТЕ ЛИДЕРИ КОЈА ИЛИ ЈА ИМАШ ИЛИ ЈА НЕМАШ: БОЈКО БОРИСОВ МУ ГО ДАДЕ СВОЕТО ПАЛТО НА ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК
(ВИДЕО) ПАЗЕТЕ ЛУЃЕ, КОПИЛИЊА И МОНСТРУМИ ДЕМНАТ НА ИНТЕРНЕТ СО НАМЕРА ДА ВЕ ОГРАБАТ
(ВИДЕО) ПАЗЕТЕ ЛУЃЕ, КОПИЛИЊА И МОНСТРУМИ ДЕМНАТ НА ИНТЕРНЕТ СО НАМЕРА ДА ВЕ ОГРАБАТ
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ: ПРОБЛЕМОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ШТО ТОЛКУ МНОГУ ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ГЛУП, И ТУКА Е ПРОБЛЕМОТ ШТО ГО ПОТЦЕНУВААТ ЦЕЛО ВРЕМЕ
(ВИДЕО) БОЈКОТИРАМ: ПРОБЛЕМОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ШТО ТОЛКУ МНОГУ ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ ДЕКА ЗАЕВ Е ГЛУП, И ТУКА Е ПРОБЛЕМОТ ШТО ГО ПОТЦЕНУВААТ ЦЕЛО ВРЕМЕ
ЦАРОВСКА: Подновувањето на Спомен-собата на Крсте Мисирков е значаен настан, не само за Институтот за македонски јазик, туку и за целата држава. На овој начин се покажува почитување кон неговото дело, но, и вложување во грижата и негувањето на македонскиот јазик

ОРДАНОВСКИ: СО БРАВУРОЗЕН ДОСЕГА НЕВИДЕН ВО МАК ПОЛИТИКАТА ПОТЕГ, ЗАЕВ ГО ТРЕСНА МИЦКОВСКИ ОД ЗЕМЈА, ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ!
ОРДАНОВСКИ: СО БРАВУРОЗЕН ДОСЕГА НЕВИДЕН ВО МАК ПОЛИТИКАТА ПОТЕГ, ЗАЕВ ГО ТРЕСНА МИЦКОВСКИ ОД ЗЕМЈА, ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ!
КОРОНАТА СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 отсто
КОРОНАТА СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 1,625 отсто
(ВИДЕО) БОСАНСКИОТ ВАСКО ЕФТОВ ГО НАПНА ВУЧИЌ ВО САРАЕВО - ПУКАШЕ ЛИ СО СНАЈПЕР ВО 90-ТИТЕ ПО САРАЕВЧАНИ?!
(ВИДЕО) БОСАНСКИОТ ВАСКО ЕФТОВ ГО НАПНА ВУЧИЌ ВО САРАЕВО - ПУКАШЕ ЛИ СО СНАЈПЕР ВО 90-ТИТЕ ПО САРАЕВЧАНИ?!
(ВИДЕО) ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: НИКОЈ НЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА, ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА
(ВИДЕО) ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: НИКОЈ НЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА ЌЕ ИМА ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА, ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

(ВИДЕО) Заев: Странските инвестиции постојано се зголемуваат и во година на корона кризата имаме 12 нови

Претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со странските инвестиции во Северна Македонија, подвлече дека, само во изминатите три години, 35 нови странски фирми, компании, инвестираа тука.

„Во 2018 година го надминавме рекордот на странски инвестиции, со 625 милиони евра нето странски инвестиции, со девизен прилив во државата. Во 2019 година, над 300 милиони евра. Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании“, потсети премиерот Заев.

Тој се осврна и на помошта и поддршката што ја добиваат и домашните фирми, со цел проширување и јакнење на своите капацитети.

„400 домашни компании добија поддршка од 17,3 милиони евра од државата, за нови инвестиции за време на КОВИД-19. Дополнителните инвестиции во енергетиката се нешто што ја движи нашата економија, и продолжуваме во тој правец“, истакна Заев.

Како што рече премиерот Заев, членството во НАТО е сериозно охрабрување и гарантира стабилност и сигурност при инвестирање во нашата земја и покрај тоа што се случи во време на пандемија, и ефектите не се почувствуваа во целост.

Премиерот Заев информираше и за фирми со кои во моментов се преговара.

„Разговараме за инвестиции во гасна електрана со Генерал Електрик Инвестмент во Битола. За 800 мегаватна електрана, вредна 400 милиони евра. Разговараме и за ТЕЦ Неготино, за што има заинтересирани повеќе од 50 инвеститори“, рече премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој информираше дека заврши и рокот за доставување на понуди за огромниот проект Чебрен. Тој информираше дека после 11 години неуспешни обиди на претходната власт, сега има 10 понуди, од големи компании од шпанското, француското, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, а има понуди и од турска и кинеска компанија. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра.

„Сите овие инвестиции се поради поволната политичка клима, идните перспективи, членството во НАТО и пријателството кое е изградено. Верувам дека и дома ќе постигнеме политички консензус, соработка помеѓу власт и опозиција, помали и поголеми партии, за да можеме да очекуваме уште по поволна бизнис клима“, заклучи премиерот Заев.

loading...

Watch Kaguya-sama: Love is War Season 2 (Dub) Episode 9 at Crunchyroll crunchyroll free

Naruto: Shippuden Episode 500 at ANIMEFLIX animeflix howls moving castle