ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп

(ВИДЕО) Заев: Владата преку поддршка на иновативни решенија вложува во развојна економија која нé движи напред и нé прави конкурентни на светскиот пазар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема: „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“ во организација на Фонд за иновации и технолошки развој, а по повод 21 Април, Светски ден на креативноста и иновативноста.

Покрај премиерот Заев, на панелот се обрати Коста Петров, директор на ФИТР, како и претставници на компании кои реализирале иновативна идеја со поддршка на ФИТР, односно Весна Кузмановиќ од „Стратум Рид“, Димитар Шошев од „Елисиум Центар“ , Ана Спасовска од „Иновејшн“ и Глигор Давчевски од „Докстим“.

На настанот беше потенциран успехот што го бележи ФИТР, во изминатите неколку години преку поддршка на повеќе од 550 компании. Претставниците на иновативните компании кои беа дел од дискусијата се осврнаа на тоа колку за нив била важна поддршката од ФИТР, не само во финансиска смисла, туку и во целиот процес од идеја до реализација. Заклучокот беше дека за успешни компании со конкурентни и иновативни продукти, неопходна е поддршката од Владата, но и партнерскиот однос помеѓу компаниите особено при промоција надвор од границите на нашата држава.

Во продолжение интегралното обраќање на премиерот Заев:

„Ми претставува посебна чест и задоволство што денеска учествувам на овој настан по повод Светскиот ден на креативноста и иновативноста. Честа и задоволството се двојно поголеми заради можноста да ги споделам со дел од корисниците на програмите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој вредностите на Манифестот на Светскиот ден на креативноста и иновативноста.

Во средиштето на овој Манифест е пораката дека со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста се создаваат промени за подобро утре. Јас сум убеден дека компаниите со чии претставници сме денеска тоа успешно го применуваат со поддршката од Фондот за нивните иновативни и креативни решенија.

Сите вие успешните апликанти во програмите за поддршка на Фондот учествувате и во остварувањето на неговата мисија за поттикнување и поддршка на иновативните решенија во микро, малите и средните претпријатија и за остварување забрзан технолошки развој на компаниите.

Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува поквалитетни и поконкурентни производи и услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделни.

Стремејќи и остварувајќи ги овие цели вие учествувате и со подобрувањето на бизнис климата во земјата и за создавање услови за развој на конкурентските капацитети на компаниите за да бидат покомпетентни и на европскиот и светскиот пазар.

Во оваа насока, улогата на Фондот за иновации и технолошки развој како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите е веќе сериозно препознаена.

За мене лично огромна потврда на тоа е што оваа година, во време на глобална пандемија, имаме рекорден број доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР.

На јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст кој воедно е дел од петтиот пакет на антикризни мерки пристигнаа дури 706 апликации, од кои 540 се од компании кои аплицираат за прв пат, а 207 се стартап компании.

За довербата во програмите на Фондот за иновации и технолошки развој и на економските политики на Владата говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.

Овој јавен повик следи по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо прилагодување и надминување на последиците од КОВИД-19, што беше дел од третиот пакет на антикризни мерки.

За 2021 година, ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе финансиски инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.

Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше само 36 компании.

Сето ова треба да се гледа во контекст на креирање на новата развојна економија што е во фокусот на Владата за 2021 година, а тоа меѓу другото, е можно и преку поддршка на иновативни проекти и стартапи.

Во Буџетот за оваа година имаме проектирано 70 милијарди денари или 1,1 милијарди евра за економски програми, кои подразбираат и директна поддршка на инвестициски проекти на компании, поддршка на технолошкиот развој, дигитализација, иновации, проширување на производствените процеси, повисока продуктивност, обука на вработените, претприемништво, но и индиректна поддршка за бизнисот во унапредување на регулативата, намалување на давачки, како и средства за реализација на капитални инвестиции во инфраструктурни проекти.

Наша најважна обврска како Влада е да креираме општество и образовен систем кој ќе создава млади нови генерации со критичка мисла, кои ќе бидат креативни и иновативни. Во тоа сме успеале тогаш кога младите почнуваат да бидат љубопитни, да ги ставаат на тест сите информации кои стигаат до нив и кога почнуваат да се прашуваат: Дали може подобро?

Тоа е основата и суштината на иновацијата.

Знаеме дека економскиот раст на една држава во најголем процент се должи на традиционалните инвестиции, но иновативноста е тоа што ја прави разликата, што нé движи напред и нé прави конкурентни на светскиот пазар и создава дополнителна вредност како за претпријатијата така и за државата.“

loading...

Animepahe: Time Bokan Series: Itadakiman anime episode 1 online free at https://animepahe.cc watch anime

AnimeHeaven: Princess Onaka anime episode 2 online free at https://animeheaven.pro anime heaven site

Tenkai Knights (Dub) (https://gogoanime.be/m/Bg1N) Episode 52

4Anime: Eden of The East the Movie II: Paradise Lost (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime website

Easypropertylistings com: https://easypropertylistings.com.au/support/users/animefreakws/

Xclams xwiki: http://xclams.xwiki.org/xwiki/bin/view/XWiki/gogoanimelol