ДЕНОВИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЕМЕ ТОЧНО КОГА, КАЖА ЗАЕВ
ДЕНОВИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЕМЕ ТОЧНО КОГА, КАЖА ЗАЕВ
ЗАЕВ: Во новиот Закон Против Дискриминација за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација
ЗАЕВ: Во новиот Закон Против Дискриминација за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација
Заев: МАНУ ќе мора да ја стави додавката Северна, имаме договор со Грција за добро име
Заев: МАНУ ќе мора да ја стави додавката Северна, имаме договор со Грција за добро име
БРАВО - Економските мерки на СДСМ даваат резултати, просечната плата за три години пораснала за скоро 4.500 денари
БРАВО - Економските мерки на СДСМ даваат резултати, просечната плата за три години пораснала за скоро 4.500 денари
МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ДА ЈА ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТА И МАСОВНО ДА СЕ ПОПИШАТ
МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ДА ЈА ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТА И МАСОВНО ДА СЕ ПОПИШАТ
Филипче: Кинеските вакцини пристигаат многу брзо, се финализираат деталите
Филипче: Кинеските вакцини пристигаат многу брзо, се финализираат деталите
ОВА ВЕЌЕ НЕ Е СМЕШНО, ТУКУ Е ТАЖНО, ОВОЈ ЧОВЕК НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА - МИЦКОСКИ ЈА ПОВИКА ДИЈАСПОРАТА МАСОВНО ДА СЕ ПОПИШЕ ОНЛАЈН, А ВО МЕЃУВРЕМЕ ЌЕ ГО ДЕВАЛВИРА ПОПИСОТ
ОВА ВЕЌЕ НЕ Е СМЕШНО, ТУКУ Е ТАЖНО, ОВОЈ ЧОВЕК НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА - МИЦКОСКИ ЈА ПОВИКА ДИЈАСПОРАТА МАСОВНО ДА СЕ ПОПИШЕ ОНЛАЈН, А ВО МЕЃУВРЕМЕ ЌЕ ГО ДЕВАЛВИРА ПОПИСОТ
Маричиќ: Горд сум од исходот со случајот на Мијалков!
Маричиќ: Горд сум од исходот со случајот на Мијалков!

(ВИДЕО) Заев во родната куќа на Конески: Овој великан ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот идентитет

Премиерот Заев денеска ја посети родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред споменикот во чест на неговиот роденден.

„Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година“, рече Заев додавајќи во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик.

Премиерот нагласи дека животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што, како што кажа, се исполнил вековниот сон на редици и редици генерации.

„Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа. Конески ја проучи и разработи суштината на македонскиот јазик, го насочи неговиот развој како современ литературен јазик сообразен со светски прифатените стандарди“, посочи Заев додавајќи дека Конески ги запишал и најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет.

Според премиерот, кога го чествуваме Конески не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик, туку и неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата.

„Богатството што Конески го остави зад себе засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ – искрените вљубеници во вистината и убавината“, нагласи Заев.

loading...

Noblesse (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/YgBw) Episode 10 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime twitter

Watch Attack on Titan Episode 23 (https://gogoanime.be/m/LZ/ep-23) at website https://gogoanime.be. See more anime gogo