Битиќи за „Утрински брифинг“ - Со оперативниот план за вработување, сите кои ги изгубиле работните места поради Ковид, ќе ги вратиме назад на пазарот на трудот
Битиќи за „Утрински брифинг“ - Со оперативниот план за вработување, сите кои ги изгубиле работните места поради Ковид, ќе ги вратиме назад на пазарот на трудот
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи во Топ Тема: Имаме најава за четири нови инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2000 работни места
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи во Топ Тема: Имаме најава за четири нови инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2000 работни места
Одржан третиот состанок на Заедничкиот економски управувачки комитет помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија – Соработката помеѓу двете земји продолжува да се развива, две германски компании ги прошируваат своите инвестиции

(ВИДЕО) Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови
(ВИДЕО) Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови
КАКОВ БАКСУЗ: СНИМАТЕЛОТ БОРИСЛАВ СТОИЛКОВИЌ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА МОНСТРУМ БИЛ ПОГОДЕН ОД БЕКАТОН ПА ПАДНАЛ ВО ШАХТА БЕЗ КАПАК!
КАКОВ БАКСУЗ: СНИМАТЕЛОТ БОРИСЛАВ СТОИЛКОВИЌ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА МОНСТРУМ БИЛ ПОГОДЕН ОД БЕКАТОН ПА ПАДНАЛ ВО ШАХТА БЕЗ КАПАК!
СТАНУВАМЕ АМЕРИКАНСКИ ПАРТНЕР БРОЈ ЕДЕН НА БАЛКАНОТ: РАДМИЛА ПОТПИША АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО САД!
СТАНУВАМЕ АМЕРИКАНСКИ ПАРТНЕР БРОЈ ЕДЕН НА БАЛКАНОТ: РАДМИЛА ПОТПИША АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО САД!
PEUGEOT 208 И 2008 НА ВРВОТ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ НА ИЗБОРОТ ЗА „СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА ЖЕНИ“
PEUGEOT 208 И 2008 НА ВРВОТ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ НА ИЗБОРОТ ЗА „СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА ЖЕНИ“
БРАВО: Се интензивира соработката РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
БРАВО: Се интензивира соработката РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната

(ВИДЕО) Заев во завршната изјава за Самитот за Западен Балкан: Интегрираниот и поврзан регион со визија за заеднички регионален пазар и Зелена агенда се движи во вистинската насока и прави забрзани чекори кон ЕУ

Лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска во Софија заврши со заеднички изјави за медиумите и за јавноста за резултатите од Самитот на ко-домаќините на настанот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, и канцеларката на СР Германија Ангела Меркел на чија иницијатива се спроведува Берлинскиот процес за регионот.

Во своето обраќање премиерот Зоран Заев истакна дека за прв пат воведената пракса за заедничко водење на проектите од оваа иницијатива од земја членка и земја кандидат за членство од Западен Балкан, е силен доказ за тоа дека Берлинскиот процес суштински ги забрзува и зајакнува евроинтегративните аспирации на земјите од регионот.

Иако Самитот се организираше во невидени времиња заради пандемијата со КОВИД-19, рече премиерот Заев, заедничкото ко-домаќинство со Берлинскиот процес спроведе бројни активности насочени кон одржување енергична соработка во многу области и на остварување на видливи и опипливи резултати.

„Дискутиравме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Акцискиот план за заеднички регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. Поддршката за двете иницијативи ќе го поттикне економскиот раст и развојот во регионот, но исто така и ќе опфати и некои од актуелните еколошки и здравствени предизвици, нудејќи огромен потенцијал за раст, за нови работни места и за стратешки пристап кон заштитата на животната средина“, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата.

Премиерот Заев нагласи дека ЕУ храбро ја потврди поддршката за Западен Балкан со најавените дури 9 милијарди евра за грантови, надополнети од новиот Инструмент за гаранции за Западен Балкан, со кој треба да се зголемат инвестициите до 20 милијарди евра, со што ќе се обезбеди голема финансиска поддршка за реформските процеси и за економска трансформација на регионот.

„Претставувањето на Зелената Агенда за Западен Балкан дополнително ќе донесе нов наратив во однос на економскиот развој и ќе помогне да се интегрира регионот во клучните политики на ЕУ“, рече Заев.

Премиерот Заев потенцираше дека идејата за интерконекција, којашто е во сржта на Берлинскиот процес, еволуираше во поврзаност во многу поширока смисла од инфраструктурната и регионот со право ја препозна важноста на деловната поврзаност, младинската мобилност, дигиталната поврзаност, дијалогот со граѓанското општество, културната размена, со цел да се конкурира на глобалните пазари, како и заради општата благосостојба на своите граѓани.

„Сите ние се согласивме дека треба да ги унапредиме нашите напори за дополнителен реален напредок во реформските процеси и да ја унапредиме регионалната економска соработка за да се постават темелите за одржлив раст. Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон ЕУ. Визијата на Акцискиот план за заеднички регионален пазар и Зелената агенда го покажуваат вистинскиот правец“, потцрта претседателот на Владата на Северна Македонија и ко-домаќин на Самитот за Западен Балкан во Софија Зоран Заев.

Тој додаде дека низ Берлинскиот процес како политичката платформа се остваруваат и други инцијативи како што се регионалниот договор за патување со лична карта, проширувањето на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на ЕУ и соработката во областа на здравството за регионален одговор на пандемијата.

Регионот, нагласи Заев, ја поттикнува и ја обезбедува реализацијата и на иницијативите за соработка со граѓанското општество, особено за прашањата поврзани со младите.

Во завршницата на својата изјава за Самитот во Софија премиерот Заев им изрази благодарност на сите учесници и партнери во Берлинскиот процес за континуираната поддршка и придонес.

Премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов од своја страна истакна дека за време на заедничкото домаќинство на неговата земја и Република Северна Македонија на Берлинскиот процес беше изразена силна посветеност за развојот на регионот, која со исто толку внимание беше поддржана и од лидерите на земјите членки на ЕУ и од европските институции кои зедоа активно учество и денешниот Самит.

loading...

The Day I Became a God (Dub) Episode 6 at website https://animeflix.nl animeflix banana fish

Watch Dr. Stone (Dub) Episode 15 at website https://animefreak.ws bleach animefreak