(ВИДЕО) МНОГУ СЕ ОМРСИЈА ОД ПРОПАГАНДАТА НА ГРУЕВИЗМОТ, ОД ПОЛИТИЧАРИ, ПРЕКУ ПЕАЧИ, НОВИНАРИ, СУДИИ, БИЗНИСМЕНИ, ЕКСПЕРТУТКИ
(ВИДЕО) МНОГУ СЕ ОМРСИЈА ОД ПРОПАГАНДАТА НА ГРУЕВИЗМОТ, ОД ПОЛИТИЧАРИ, ПРЕКУ ПЕАЧИ, НОВИНАРИ, СУДИИ, БИЗНИСМЕНИ, ЕКСПЕРТУТКИ
Градоначалникот на Подгорица гостин на Шилегов
Градоначалникот на Подгорица гостин на Шилегов
Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот
Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот
ФАКТ ПРЕД КОЈ АНТИ ВАКСЕРИТЕ МОЛЧАТ: ОД 700 000 ГРАЃАНИ КОИ ПРИМИЛЕ ДВЕ ВАКЦИНИ, НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА КОМПЛИКАЦИИ
ФАКТ ПРЕД КОЈ АНТИ ВАКСЕРИТЕ МОЛЧАТ: ОД 700 000 ГРАЃАНИ КОИ ПРИМИЛЕ ДВЕ ВАКЦИНИ, НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА КОМПЛИКАЦИИ
Пендаровски – Штајнмајер во Њујорк: Градењето пријателски релации со Германија е од исклучително значење за Република Северна Македонија
Пендаровски – Штајнмајер во Њујорк: Градењето пријателски релации со Германија е од исклучително значење за Република Северна Македонија
НОВА ВЕРЗИЈА НА ПРИКАЗНАТА ЗА ОВЧАРОТ, СЕЛАНИТЕ И ВОЛКОТ: Валканиот план на ВМРО ДПМНЕ како да ги изеде овците, да го намести волкот и да ги измами селаните!
НОВА ВЕРЗИЈА НА ПРИКАЗНАТА ЗА ОВЧАРОТ, СЕЛАНИТЕ И ВОЛКОТ: Валканиот план на ВМРО ДПМНЕ како да ги изеде овците, да го намести волкот и да ги измами селаните!
СТАНИЦИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КРАДЕЛЕ ОД ДРЖАВАТА околу 3 милиони евра од уплатените такси завршиле на нивните сметки
СТАНИЦИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КРАДЕЛЕ ОД ДРЖАВАТА околу 3 милиони евра од уплатените такси завршиле на нивните сметки
ФИЛИПЧЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ЛЕКАРСКИ СИМПОЗИУМ: Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата
ФИЛИПЧЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ЛЕКАРСКИ СИМПОЗИУМ: Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата

(ВИДЕО) Заев за кампањата „Учи паметно, работи стручно“: Повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата

Премиерот Зоран Заев денес во Тетово беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Темата на дебатата беше реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.

„Владата на Република Северна Македонија како дел од своите приоритетни агенди во својата програма го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки”, истакна премиерот Заев на дебатата.

Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани во своето излагање истакна дека Министерството за образование и наука е во процес на усогласување на наставните програми кои се работат како одговор на потребите на бизнисот секторот.

„Низ настава комбинирана со пракса да одговориме на долгогодишните барања на реалниот сектор за потребата од одредени профили, но и да ја зголемиме вработливоста на младите на локално ниво. Во учебната година 2021/2022 се очекува дека приближно 10.000 ученици ќе имаат побарувања за реализација на учење преку работа во компаниите, а од 2022/2023 таа бројка на ученици ќе биде приближно 20.000 ученици. Целта на новиот концепт учење преку работа во Република Северна Македонија e да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на учењето преку работа, посебно за училиштата во кои се пилотираат трите квалификации, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика“, нагласи заменик министерот за образование Арафат Шабани.

На дебатата во која учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата се разговараше и околу досегашната успешна соработка со бизнис секторот во која се издвои информацијата дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата.

Преку отворен дијалог и реформа која се спроведува низ отворена и инклузивна дебата ќе биде овозможено обезбедување на квалитетни кадри кои брзо и едноставно ќе се вклучат на пазарот на работна сила и активно ќе учествуваат во градењето на современата македонска економија.

Серијалот дебати е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.

loading...

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://wcostream.cc: Watch The 8th son? Are you kidding me? wcostream Episode 12 anime stream

ANIMEFLIX: Armitage III anime episode 4 online free at https://animeflix.nl animeflix dragon ball z

Website https://gogoanime.be: Watch Girls Bravo gogoanime Episode 11 sites like gogoanime

Ourstage: https://ourstage.com/epk/qbfrdtxkonau

Rsc gov: http://rsc.gov.vn/SitePages/faqDetail.aspx?item=961