Жестока дебата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во магазинот на ТВ21 Клик плус. По одбележувањето на 11 Октомври како ден за борба против фашизмот тој, со обид да го оспори чествувањето на овој датум од македонската страна го нарече како наша провокација, што предизвика реакции во македонската јавност. Но запрашан што има спорно во одбележување на датум со кој се застанува на страната на антифашизмот, не даде конкретен одговор.
– Доаѓањето на власт на комунистичката диктатура не е никаков повод за чествување. Тоа во Бугарија е објавено како злосторнички режим. Од 44-та до 89-та година вие сакате да ја направите вашиот идентитет базиран на комунистичка диктатура – посочи Андреј Ковачев.