(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ

БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

(ВИДЕО)Шахпаска: Семејството Ангелески од Демир Хисар задоволни од услугата помош и нега во домот, заслужено ги уживаат пензионерските денови

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети брачниот пар, Ангелина и Александар Ангелески, во Демир Хисар, кои се корисници на услугата помош и нега во домот на стари лица. Шахпаска по средбата посочи дека оваа социјална услуга придонесе за поквалитетен живот и спокојни пензионерски денови на брачните другари Ангелески кои зачекорија во деветтата деценија од животот. За семејството веќе два месеци се грижи негувателка која им помага во набавката на лекови и храна, одржување на хигиената во домот, им помага при прошетките и употребата на електронски уреди. Во Демир Хисар услугата помош и нега во домот ја даваат седум негувателки кои се грижат за 21 корисник над 65 години.

„Како Министерство за труд и социјална политика заедно со нашите партнери успеавме да го постигнеме она што се залагавме – нашите родители, роднини и пријатели да имаат квалитетен живот и спокојни денови во нивната старост. Степенот на развој на едно општество се мери според тоа каква е грижата за лицата од ранливите категории. Денес видов дека сме ја постигнале целта бидејќи корисниците се задоволни затоа што со помош на оваа услуга во нивниот дом заслужено ги уживаат своите пензионерски денови. Општините во реализацијата на социјалната реформа дадоа важен придонес бидејќи тие најдобро ги познаваат своите граѓани и нивите потреби. Токму ваквата соработка на централната и локалната власт придонесе да имаме двоен ефект, бидејќи освен задоволни корисници создаваме и нови работни места. На овој начин го подигнуваме квалитетот на животот на граѓаните, го зајакнуваме човечкиот потенцијал и создаваме услови за развој на општините“, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски посочи дека со вклучување на општините се обезбедува поголема функционалност на услугите, но и поголем опфат на лица, што е крајна цел на социјалната реформа.

Новата социјална услуга помош и нега во домот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка и има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно окружување преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот.

Во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика поддржани се 19 проекти во 24 општини. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Проектот е еден од инструментите на поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа.

loading...