„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси
„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси
На македонскиот државајнин кој во Тирана ja уби својата поранешна партнерка и сестра и му се заканува доживотен затвор
На македонскиот државајнин кој во Тирана ja уби својата поранешна партнерка и сестра и му се заканува доживотен затвор
(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
(ВИДЕО) АДЕМИ: СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА МОЈАТА РЕАКЦИЈА ВО СОБРАНИЕТО, БЕВ ИСПРОВОЦИРАН, НО НЕМА ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ПАК
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
Стојаноска: Адеми да си поднесе оставка, неговото однесување е срамно за собранието
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
БОМБА ОД ВАШИНГТОН: САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште

ВИСТИНОМЕР: Измислен говор на Путин вирално се шири на социјални мрежи

Ниту една од овие триесетина реченици од наводниот говор на Путин што се споделува на Фејсбук, рускиот претседател не ги кажал во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите реченици се целосно измислени. Со пребарување на Интернет не може да се најде запис од таков говор во ниту еден медиум, ниту на официјалната веб-страница на рускиот претседател

Многу вирална објава на наводен говор на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, се споделува на социјалната мрежа Фејсбук. Говорот којшто се споделува е измислен, никогаш не бил кажан или напишан од Путин и претставува дезинформација со која се манипулира јавноста.

Наводниот говор на Путин е многу емотивен, во него тој ја величи Руската Федерација, а ги критикува САД, Европа, Јапонија, Австралија и други земји кои застанаа на страната на Украина.

Во говорот се вели дека во Украина има нацисти, дека целта на Русија е да го победи нацизмот кој го нарекува „новиот рак“. Иако Путин во негови говори спомнува нацизам во контекст на Украина, сепак вакви реченици никогаш нема кажано. Тој на 18 март одржа митинг во Москва и во својот говор ги критикуваше своите непријатели во Украина со тврдења дека се „неонацисти“, но никогаш не рекол дека тоа е „новиот рак“.

Се спомнуваа и размена на 50 заробеници помеѓу руската и украинската страна. Вакво нешто, исто така, не кажал Путин. Вистина е дека досега се разменуваа војници помеѓу двете страни, но тоа Путин го нема спомнато во говори, а исто така нема кажано:

Украинските војници добија медицинска помош во нашите болници, јадеа три обилни оброци на ден и се вратија дома. Примивме руски војници со отсечени прсти и репродуктивни органи, како што се тврди во објавата.

Во ниту еден од своите говори, Путин не вели „Овој пат не одиме во Берлин“. Запис од таков говор не може да се најде во ниту еден медиум, ниту на официјалната веб-страница на рускиот претседател.

Ниту една од овие триесетина реченици не ја кажал Путин во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите реченици се целосно измислени.

Иако оваа објава не е вистинита, односно е целосно измислена со зборови кои наводно ги кажал Путин, таа во моментот на нашата рецензија имаше 380 споделувања, речиси 129 коментари и над 1.500 реакции.

Според коментарите под објавата, корисниците на социјалната мрежа Фејсбук поверувале дека Путин навистина дал ваков говор. Сите коментари се полни со поддршка и величење на ликот и делото на Путин, но и говор на омраза за неговите противници.

Ова е уште еден начин на којшто функционира руската пропаганда, со цел да привлече поголемо внимание во јавноста, собирање поддршка и градење култ на личност кон рускиот претседател.

loading...

may88 nhà cái cho go88 Go88 - Game bài đổi thưởng uy tín nhất hiện nay go88 hỗ trợ

https://tai.sunwin.gg/