Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари

Фото: commons.wikimedia.org

Во конкретниот случај се работи за чиста манипулација. Ако се погледне фискалната сметка прикажана во текстот што се споделува на Фејсбук, ќе се види дека тоа е цена за две кафиња (макијато) по 120 ден, една кока-кола 140 денари и две топки сладолед по 60 денари, пишува Вистиномер.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме објава на Фејсбук со наслов „Битолчанец за сладолед, кафе и кока кола плати 500 денари во Охрид“, алудирајќи дека Охрид е прескап, а угостителите претеруваат со цените.

Во постот стои:

ОХРИЃАНИ ПОЧНАЈА ДА ГО ТОЧАТ САТОРО…

СПОДЕЛЕН Е И ЛИНК СО НАСЛОВ „БИТОЛЧАНЕЦ ЗА СЛАДОЛЕД, КАФЕ И КОКА КОЛА ПЛАТИ 500 ДЕНАРИ ВО ОХРИД“, КАДЕ Е ОБЈАВЕНА ФИСКАЛНА СМЕТКА ОД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД.

Но, тоа тоа не е баш така, во конкретниот случај се работи за чиста манипулација. Ако се погледне фискалната сметка прикажана во текстот ќе се види дека тоа е цена за две кафиња (макијато) по 120 ден, една кока-кола 140 денари и две топки сладолед по 60 денари. Значи, сметката не е за „сладолед, кафе и кока кола“, како што се вели во објавата.

Вистиномер нема намера да навлегува во дебата дали нешто е скапо или не. Во голем број случаи, тоа зависи и од финансиската состојба на секој граѓанин. Приложената фискална сметка е доволен доказ дека изнесеното тврдење во насловот на постот е неточно. Но, во продолжението на рецензијата сакаме да изнесеме неколку факти и информации.

Треба да се напомене дека ресторанот каде е направена сметката е на градското пристаниште во строгиот центар на градот, прва линија на самиот брег од езерото. Станува збор за виден ресторан во Охрид.

Во изминативе неколку месеци цените на сите производи пораснаа. Поскапено е и кафето, млекото, сладоледот, пијалоците, маслото и сите останати продукти. Очекувано е во услови на пораст на режиските трошоци, минималната плата, електричната енергија, да пораснат и цените на угостителските услуги, но поскапувањето е забележително во сите градови во земјава, а тоа го потврди и официјалната статистика.

ИНДЕКСОТ НА ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО АПРИЛ 2022 ГОДИНА, ВО ОДНОС НА ИСТИОТ МЕСЕЦ ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА, Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 9.8 %, ОБЈАВИ ВО МАЈ ГОДИНАВА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА.

„Вистиномер“ фотографираше дел од менито на ресторанот „Чун“ (од каде што е фискалната сметка), но и на еден друг ресторан во Охрид.

Разговаравме со повеќе угостители и може да се види дека има различни цени. Цената на макијато во Охрид се движи од 70 до 120 денари, зависно од позицијата и луксузноста на локалот, еспресо од 70 до 100 денари. Газираните сокови се движат од 100 до 150 денари.

Поради фактот што приложената фискална сметка е контрадикторна со споделената содржина, оваа објава ја квалификуваме како манипулација.

loading...

https://tai.go88.is/

https://sunwin.fan/