ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
Бројката на загинати во ракетираниот трговски центар во Украина се искачи на 18, 36 лица се водат како исчезнати, ЕУ и САД го осудија нападот
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите
БРАВО - ЕРДОГАН УЧЕЛ ПОЛИТИКА ОД ТИТО: Еден ден откако одби да воведе санкции кон Русија, Турција го крена ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, Бајден веднаш упати честитка до сите

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година, кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за развој на одбранбените способности, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук пласира дезинформација дека со купување на воена опрема Македонија се подготвува за војна, а на самиот пост во прашална форма пишува: „се спремаме и ние?“.

Станува збор за манипулација во самиот наслов на текстот прикажан во рамките на постот којшто во моментот на нашата рецензија има над 300 коментари и 21 споделување:

Македонија се спрема за војна? – Ќе купуваме возила и артирелиски системи.

Вистина е дека армијата ќе се поднови со возила и артирелиски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема.

На 36 -та седница (05.04.2022), на предлог на Министерството за одбрана, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата и го донесе годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.

Планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили, Со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, стои во веста поврзана со купувањето на воена опрема, а објавена на официјалната интернет страница на Владата на Р.С. Македонија.

Во врска со ова „Вистиномер“ се обрати до Владата од каде ни одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се планирани во буџетот за одбраната за 2022 година, кој е јавно достапен и е во согласност со долгорочниот и среднорочниот план за развој на одбранбените способности.

Јавно достапна и повеќепати е повторена информацијата дека во Буџетот за одбраната за 2022 година над 30 отсто од средствата се предвидени за модернизација на Армијата. За овие 8 проекти за набавки, преку склучување на договори Влада со Влада, за оваа година се предвидени 48 милиони евра. Опцијата за склучување на договори Влада со Влада обезбедува највисока транспарентност и елиминирање на простор за корупција при склучувањето на договорите, ни одговорија од Владата.

Од сето ова можеме да заклучиме дека станува збор за наслов кој е делумно неточен. Вистина е дека армијата ќе набави воена опрема, но не е точно, како што пишува во насловот, дека Македонија се подготвува за војна, ставајќи го во контекст купувањето на воени возила и артирелиски системи.

Очигледно преку насловот од веста постирана на Фејбук, која е доста вирална, читана и коментирана , се сака да се рашири страв и паника кај населението, кое и онака е растревожено со оглед на случувањата во Украина, дека Македонија се подготвува за војна.

loading...

https://tai.go88.is/

https://tai.sunwin.gg/