ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!

ВЛАДА: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст

Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик“

„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.

Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.

Владата на Република Северна Македонија, во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив.

loading...

KissAnime watch animes: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 8 (https://kissanimeonline.com/m/Ogg1/ep-8)

AnimeTV watch anime dub: Horimiya (Dub) Episode 12