ВМРОВЦИТЕ СО НОВИ МАЈМУНАРИИ ВО СОБРАНИЕТО - СПРЕМНИ СЕ ДА ПРОТЕЧЕ КРВ САМО ДА НЕ ПОМИНАТ СУДСКИТЕ РЕФОРМИ: Повторно тензично во Собранието: Викање и тропање на Комисијата за европски прашања
ВМРОВЦИТЕ СО НОВИ МАЈМУНАРИИ ВО СОБРАНИЕТО - СПРЕМНИ СЕ ДА ПРОТЕЧЕ КРВ САМО ДА НЕ ПОМИНАТ СУДСКИТЕ РЕФОРМИ: Повторно тензично во Собранието: Викање и тропање на Комисијата за европски прашања
Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка
Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка
Отворен финалниот ден од натпреварот „НАТО Иновациски предизвик“
Отворен финалниот ден од натпреварот „НАТО Иновациски предизвик“
Столтенберг: НАТО ќе и помогне на Украина со сеопфатен пакет помош за самоодбрана од руската бруталност
Столтенберг: НАТО ќе и помогне на Украина со сеопфатен пакет помош за самоодбрана од руската бруталност
Синдикатот на УКИМ го одложи протестот, за барањата ќе има дијалог со МОН и МФ
Синдикатот на УКИМ го одложи протестот, за барањата ќе има дијалог со МОН и МФ
Пред самитот на НАТО во Мадрид Шведска и Финска најавуваат дека има придвижување во разговорите со Турција
Пред самитот на НАТО во Мадрид Шведска и Финска најавуваат дека има придвижување во разговорите со Турција
Од 55-та седница на Владата: Донесена Уредбата за распределба на приходите од ДДВ за општините; Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола; Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини

„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси
„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси

Владата го повикува СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%, учениците треба да се вратат во училиштата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.

Владата формираше работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор.

Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.

Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.

Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.

Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

loading...

tải go88 về ip đăng ký go88 Tải Go88 Club | Go88 Live APK, IOS, AnDroid 2022

sunwindow