БРАВО - ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СИ ГИ ОПРАВДАА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ И НАЈАВИ ДЕКА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ 5 ОТСТО ЌЕ СТИГНАТ МЕСЕЦОВ
БРАВО - ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СИ ГИ ОПРАВДАА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ И НАЈАВИ ДЕКА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ 5 ОТСТО ЌЕ СТИГНАТ МЕСЕЦОВ
(ВИДЕО) Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека не е мала листата на лица во Македонија кои се засегнати од извршната наредба на Бајден
(ВИДЕО) Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека не е мала листата на лица во Македонија кои се засегнати од извршната наредба на Бајден
Ѓоргиев: Мешовитата комисија е во методолошки ќорсокак
Ѓоргиев: Мешовитата комисија е во методолошки ќорсокак
Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Треба да бидеме во чекор со постпандемичните потреби како дигитализацијата
Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Треба да бидеме во чекор со постпандемичните потреби како дигитализацијата
Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ

Владата го раскинува договорот со „Сархемс“, контроверзниот милионски проект нема да се реализира

Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик.

Ова е наведено како една од точките на последната владина седница каде се споменува „започнување на постапка за раскинување на Договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“.

Единствено досега беше познато дека „Сархемс“, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство пред неколку месеци, но што се случувало понатаму останува недоречено, бидејки потпишаниот договор беше недостапен за јавноста.

Владата во декември минатата година потврди дека е потпишан договорот со компанијата, која требаше да нуди бесплатна медицинска помош како еден вид „воздушна болница“, а за тоа, по некоја логика, да наплаќа од осигурителните компании. Според минатогодишните најави на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го туркаше овој проект, по половина година од потпишувањето на договорот, партнерот беше должен да набави два хеликоптери за помош и спасување и да ги остави за државата кога ќе истече рокот на партнерството.

Единствено досега е познато дека државата требаше да обезбеди државно земјиште за изградба на хелиодромите од страна на оваа компанија. „Сархемс“ е компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB, регистрирана во Шведска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за грабеж тежок 72 милиони евра. додека Рашковски тврдеше дека овој договор нема да ја чини државата „ни денар“.

„Праксата вели дека ваквиот тип на услуги се наплаќаат преку договори со осигурителни компании. На осигурителните компании им е полесно да платат одредена такса и нивните осигуреници да имаат таков вид на помош во таа држава, отколку да плаќаат скапи поединечни ангажмани на хеликоптерски услуги на договорна база. Друг начин на наплата, е компаниите да го вметнуваат осигурувањето во зелените картони на автомобилите и во таков случај исто заштедуваат средства“, објаснуваше лани Рашковски по објавениот јавен повик и изборот на приватниот партнер.

За работата на хеликоптерската прва помош, генералниот секретаријат изработи и физибилити – студијата за Системот за хеликоптерско спасување.

Според договорот, компанијата требаше да инвестира 9 милиони евра, а секоја година на државата да ѝ плаќа 10.000 евра. Интервенцијата на хеликоптерите требаше да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја.

loading...

WCOStream anime sites: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 11 (https://wcostream.cc/m/LWNN/ep-11)

AnimeDao fairy tail animedao: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 2 (https://animedao.nl/m/229q/ep-2)