ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
Кузеска за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ кочи, седи настрана и се моли државата да не успее, но ќе успееме заедно со граѓаните
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
БРАВО - ПО КОРОНА КРИЗАТА СЕ ВРАЌАМЕ ВО НОРМАЛА: Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти
ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ВАКЦИНАТА СИНОВАК КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ ВО 500 000 ПРИМЕРОЦИ: ИНДОНЕЗИЈА СЕ СПАСИ ОД ПАНДЕМИЈАТА СО ОВАА ВАКЦИНА, ПОДАТОЦИТЕ ДОСЕГА ВЕЛАТ ДЕКА Е 98% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ И 96% ЕФЕКТИВНА ПРОТИВ ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА!

(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
(ВИДЕО) КОМИЧАРОТ НИМЕШ ПАТЕЛ: ЈОГАТА Е ИЗМАМА, ЈА ИЗМИСЛИВМЕ НИЕ ИНДИСКИТЕ МАЖИ ЗАТОА ШТО САКАМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ЖЕНИ СТЕГНАТИ ВО ХЕЛАНКИ НАПУПЕНИ
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
СЕГА ЌЕ СЕ КАЕ ШТО НЕ ИЗБЕГА КОГА МОЖЕШЕ - Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
(ВИДЕО) Премиерот на Шпанија Санчез до македонските граѓани: Оддаваме почит кон премиерот Заев и сите граѓани, може да сметате на нашата поддршка кон ЕУ
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда
ЗЛАТКО МАРИН: Се радувам што населбата Лисиче, конечно, по 60 години ќе добие сосема нова и современа училишна зграда

Владата и граѓанските организации се заедно во борбата против родово базираното насилство

Во Владата на Република Северна Македонија вчера се одржа средба меѓу претставничките на Платформата за родова еднаквост и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за образование и наука Мила Царовска.

На средбата беше истакнато дека сите чинители во општеството, од институциите до граѓанските организации треба да се обединат и да бидат единствени во одговорот против сите форми на родово и сексуално насилство врз жени и девојки кои не смеат да останат одмолчени или неказнети.

Претставничките на граѓанскиот сектор нагласија дека појавите како „Јавна соба“ и другите организирани форми за насилство врз жените и девојките од Јавното обвинителство и согласно Кривичниот законик треба да се третираат како злосторничко здружување, при квалификувањето на делото, но и во понатамошните постапки.

Владата во целост ја разбира едногласноста во ставовите на претставничките на родовата платформа и ги споделува очекувањата за соодветни казни за организаторите и извршители на овие кривични дела, како и мерки и санкции за оние кои учествувале во непостапување бидејќи „Јавна соба“ и другите форми на родово насилство го напаѓаат достоинството, го загрозуваат правото на приватност и претставуваат повеќекратна дискриминација.

Министрите за внатрешни работи и правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ и министерките за труд и социјална политика и за образование и наука Јагода Шахпаска и Мила Царовска на средбата споделија став дека Владата и граѓанските организации се на истата страна, на страната на жртвите и дека овој отворен дијалог ќе биде редовна платформа за размена на конкретни предлози за активности и механизми кои ќе ја унапредуваат заштитата на жртвите од родово базирано насилство.

Министерот Спасовски и министерката Шахпаска се согласија дека е неопходно зајакнување на капацитетите на стручните работници во центрите за социјална работа и МВР, преку специјализирани обуки и едукација за справување со родово базираното насилство и поддршка на жртвите, како важни чекори во враќање на довербата на жртвите во институциите. Министерот Спасовски ги адресираше укажувањата околу непостапувања охрабрувајќи ги граѓанските организации да ги пријавуваат во внатрешна контрола полицајците за кои постојат такви сомневања, посочувајќи дека внатрешната контрола постапува неселективно. Министерката Шахпаска истакна дека од буџетот на МТСП се обезбедуваат средства за специјализирани услуги за жртвите согласно нивните индивидуални потреби во кои се вклучени и граѓанските организации.

Министерот Маричиќ истакна дека случајот „Јавна соба“ ги забрзал процесите за носење на потребните законски измени на Кривичниот законик кои ќе овозможат превенција и строга санкција на делата кои се опфаќаат токму со овој случај. Она што го истакна министерот е политичката волја за отворен дијалог со цел поефикасна имплементација на законските решенија. Министерката Царовска истакна дека покрај досегашната работа на законските решенија на различни ресори и моменталниот здружен напор за санкционирање и справување со родово базираното насилство, од суштинска важност е да се посветиме на квалитетна образовна реформа која долгорочно ќе создаде родово сензитивирани генерации.

Заедничка констатација од средбата е дека, освен законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно важно место има законската обврска за брзо и ефикасно постапување на јавното обвинителство и судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита.

Во таа насока од средбата беше упатен апел до обвинителството и судот да постапуваат согласно законските одредби и да ја остварат својата улога да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство.

loading...

AnimeFreak anime freak: Watch Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode 1 (https://animefreak.ws/m/m12y/ep-1)

AnimeTV good anime tv shows: Watch Tokyo Ghoul Episode 12 (https://animetv.cc/m/Eyl/ep-12)