ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ВЛАДАТА МУ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА БИЗНИСОТ – КОМОРАТА УСПЕА ВО БАРАЊЕТО ЗАКОНСКИ ДА СЕ УКИНАТ ИЛИ НАМАЛАТ ЦАРИНСКИТЕ СТАПКИ ЗА 260 СУРОВИНИ И РЕПРОМТЕРИЈАЛИ

Од 18 поднесени иницијативи од Стопанската комора до министерството за финансии од моментот кога министерот Бесими раководи со овој сектор, досега 7 се целосно прифатени, 9 се во фаза на реализација, 2 се одбиени. Овој резултат е пример дека преку дијалог и дебата врз база на аргументи, анализи и факти, може да се постигне успех односно, Владата да носи решенија кои се во интерес на бизнисот, изјави претседателот на Комората Бранко Азески на денешната заедничка прес конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Трајното укинување или намалување на царинските стапки кај околу 260 суровини и репромтеријали кои се користат во производствениот процес кај компаниите кои се претежно извозно ориентирани а за кои активностите беа иницирани преку Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, ќе овозможи повеќе од 13 милиони евра (што досега се плаќаа на име на царински давачки) да останат во компаниите, во насока на поддршка на нивната извозна конкурентност. Тоа треба да е пример како треба да се соработува и со другите владини институции и органи, вели Азески, изразувајќи благодарност до министерот за финансии.

Министерот Бесими посочи дека е од исклучителна важност што во комуникацијата и соработката со Стопанската комора предводена од претседателот Азески постои разбирање што не сите иницијативи може веднаш да се решат, и најави континуитет на соработката.

Со измените на Законот за царинска тарифа, кои неделава ги донесе Владата, на системски начин, трајно се пристапува кон усогласување на нивото на царинска заштита со актуелните потреби на домашната индустрија. Овие измени значат и хармонизација со царинските стапки кои се применуваат во ЕУ, посочи м-р Анета Димовска менаџер во стручната служба на Комората. Така, намалените царински стапки на ќе влијаат на конкурентноста на компаниите од преработувачката индустрија, пред сé на компаниите од автомобилската, електро-металната индустрија, металургијата, хемиската, како и на текстилната и кожарската индустрија.

Со предложениот Закон се намалуваат царинските стапки до нивото на оние кои се пропишани во ЕУ за најприоритетните стоки, суровини и репроматеријали кои се користат како компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи, како и за други производи чие производство е условено од набавки од странство. Димовска посочи дека укината е и царината за увоз на природниот гас (наместо постојната царинска стапка од 2% по TJ, предвидено е слободен увоз), со што директно се влијае врз конкурентноста.

На денешната прес конференција беше промовиран и Договорот за соработка помеѓу СКСМ и Царинската управа за едукација на економските оператори во доменот на царинското работење, со што Комората ги потврдува своите заложби во доменот на едукацијата. Договорот како што истакна Извршниот директор на Комората м-р Антони Пешев предвидува план за обуки за 2022 година кои ќе значат приближување на царинското работење на компаниите, во насока на подобро разбирање на измените на регулативата, како и воведувањето на дигитализацијата во царинските постапки.

Директорката на царинската управа Славица Кутиров посочи дека овој договор е уште еден во низата на соработка на двете институции и посочи дека Царината ги става на располагање своите стручни кадри за едукација на економските оператори со цел поддршка на извозната активности и процесите кои водат до ефикасност во работата на компаниите.

loading...

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

AnimeFreak So I'm a Spider, So What?

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

anime freak site Josee, the Tiger and the Fish

english anime My Hero Academia Season 4