ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВОВЕДЕ ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ КАЈ ЛИЦА КОИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ТЕМЕЛИ НА НОВА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАНИЧАТ И СЕ ТРЕСАТ ОД ПАНИКА!
ВРЕМЕ Е ДА СЕ ВОВЕДЕ ПСИХИЧКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ КАЈ ЛИЦА КОИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ТЕМЕЛИ НА НОВА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ ДА ПАНИЧАТ И СЕ ТРЕСАТ ОД ПАНИКА!
ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ОМРСАТ - Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ОМРСАТ - Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
Заев- Во мала земја за некој што бил директор на УБК , не е тешко да слушне дека е побаран притвор
Заев- Во мала земја за некој што бил директор на УБК , не е тешко да слушне дека е побаран притвор
(ВИДЕО) Маричиќ: И „Евростат“ потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со највисоките стандарди
(ВИДЕО) Маричиќ: И „Евростат“ потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со највисоките стандарди
ПЕНДАРОВСКИ: Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица
ПЕНДАРОВСКИ: Го осветливме Кабинетот на претседателот во боите на ретките болести со што се приклучивме на меѓународната кампања за поддршка на овие лица
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ - Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта и со дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да се постигне просечна цена од 180 денари по килограм
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ - Заев: Ја поддржуваме иницијативата Собранието да го продолжи рокот за откуп на тутунот за да се откупи целата годишна реколта и со дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да се постигне просечна цена од 180 денари по килограм
(ВИДЕО) Е ОВА НАРОДОТ САКА ДА ГО ЧУЕ: Премиерот Заев објави нови инвестиции во државава и отворање нови работни места
(ВИДЕО) Е ОВА НАРОДОТ САКА ДА ГО ЧУЕ: Премиерот Заев објави нови инвестиции во државава и отворање нови работни места
ЈАВНА РЕАКЦИЈА: Општина Шуто Оризари јавно го изразува своето незадоволство од одлуката на Министерството за Култура за одбивање на поднесената апликација на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година
ЈАВНА РЕАКЦИЈА: Општина Шуто Оризари јавно го изразува своето незадоволство од одлуката на Министерството за Култура за одбивање на поднесената апликација на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година

ВЛАДАТА САКА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ – како ќе „пресече“ Уставниот суд

Има најави дека е можно решение на проблемот што го наметнаа измените на Законот за медиуми, кој доколку доследно се почитува, веќе од ноември ќе биде голема пречка за кабелските оператори да ги реемитуваат странските канали. Тоа, пак, може гледачите во земјава да ги доведе до информативен мрак, односно да останат само на содржините на Македонската радиотелевизија.

Извори на Фактор велат дека кај власта постои расположение да се реши проблемот, а таква желба имало и кај премиерот Зоран Заев. Сепак, како што говорат нашите информации, тешкотија може да биде кусиот временски период кој власта го има на располагање, бидејќи веќе од 8-ми следниот месец завршува рокот што беше даден со владината уредба со законска сила. Тоа значи дека на тој датум, доколку не се најде поинаква солуција, измените на Законот за медиуми ќе почнат да важат, а операторите би морале да ги почитуваат. И токму поради овој закон, односно спорниот негов член донесен во февруари годинава, кој им налага обврска на операторите под материјална и кривична одговорност да одговараат за авторските права на содржините кои ги реемитуваат, гледачите може да останат без своите омилени телевизиски канали.

Од тие причини, според наши извори, најелегантно решение што во овој кус рок би можело да се најде, е доколку се интеревенира во Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, со тоа што спорниот член само привремено би се ставил вон сила.

Сепак, за ова на власта ќе и треба мнозинство пратеници во Собранието, а познато е дека тоа сега е проблематично, поради пратениците кои се во изолација бидејќи се болни од ковид 19. Некои извори од кабелските оператори очекуват дека „напомош“ би можела да дојде и опозицијата, со цел да се тргне привремено спорниот член, бидејќи, како што велат, „јасно е дека станува збор за апсурдно законско решение“.

Но, се укажува дека во наредниот период сепак ќе мора да се испеглаат ставовите меѓу кабелските оператори и радиодифузерите.

„Привременото ставање вон сила на спорниот член би било само привремено решение, се додека не се организира една темелна јавна расправа меѓу власта, кабелските оператори и националните телевизии, на која ќе се изнајде компромисно решение околу овој проблем. Бидејќи, власта не би можела само да го тргне тој член од законот, оти во тој случај ќе го навлече гневот на радиодифузерите, односно на телевизиите“, вели изворот за Фактор.

Како што е познато, кабелските оператори спорниот член го дадоа на Уствен суд, уште во март годинава. Но, оттаму се уште нема информација дали ќе ја прифатат Иницијативата за негово преиспитување и укинување. Од Уставен суд за Фактор велат дека е точно оти стигнала таква иницијатива, но постапката е во тек и конечна одлука сеуште не е донесена.

„За овој предмет се разгледуваат материјалите, постапката е во тек, но сеуште нема конкретна одлука. Штом Уставниот суд одлучи, јавноста за тоа ќе биде информирана, и преку веб страната на судот“, велат од Уставниот суд.

Оттаму нема информации кога би се донела одлуката. Единствено што се знае е дека оваа точка не е ставена на дневен ред на денешната седница на Уставниот суд.

Од редот на кабелските оператори предлагаат две можни решенија за решавање на проблемот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде укинат членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно, ние по сила на Закон, кој е стапен на сила и правилниците што ги има донесено АВМУ, не сме во можност да ги пререгистрираме странските каналаи со оние фамозни изјави што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“, вели Благој Христов од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија.

Од она што го кажува Владата, пак, станува јасно дека таа ќе ја чека одлуката на Уставниот суд, и ќе се раководи од нивниот став при носењето на одлуката. Таа на вчерашната седница дискутирала за ова прашање.

„Владата ја разгледа и усвои информацијата на Министерството за информатичко општество и администрација за постапката пред Уставниот суд на Република Северна Македонија по иницијативата за оценување на уставноста на член 143 од Законот, со кој се регулираат авторските права на програмите што ги реемитуваат кабелските оператори. На седницата МИОА информираше дека е во очекување на одлуката на Уставниот суд, по што ќе постапи соодветно на мислењето на судот“, се вели во информацијата што ја даде Владата по вчерашната седница.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, кабелските оператори од 8 ноември ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, што ќе значи информативен мрак за гледачите. Или, нив да им остане за гледање само МТВ, односно јавниот сервис.

Како што е познато, спорниот член на Законот за медиуми кој беше донесен во февруари, на кабелските оператори им налага обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат, и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Откако операторите го кренаа гласот и укажаа дека нема да можат да работат под овие правила на игра, па дури и на еден час ги исклучија од емитување сите телевизии освен јавниот сервис, во знак на револт и предупредување, Владата во јуни годинава донесе Уредба со законска сила, со која времено се одложи проблемот со реемитувањето. Уредба беше донесена од причина што во тој период важеше вонредна состојба во земјава.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

loading...

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 2 at website https://gogoanime.be gogoanime site

Watch Case Closed Episode 990 at website https://animeplanet.cc anime planet manga