Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
Граѓаните на Струмица ги избраа трите најприоритетни проекти за идната буџетска година
МАРИЧИЌ: Честитки за 15-годишното постоење на Академијата за судии и јавни обвинители, таа е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив

ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“

ВЛАДАТА СЕ ПРЕДОМИСЛИ ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ НОВОЗАБОЛЕНИ: Во Србија, Црна Гора и БиХ нема влез без тестирање 48 часа пред влез во земјите

Македонските државјани можат да патуваат во Косово без приложување негативен ПЦР тест, додека таа обврска останува и понатаму за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, откако Владата синоќа поради новонастаната епидемиолошка состојба ја ревидираше одлуката донесена во понеделнкот со која требаше да се отворат границите со сите четири земји.

-Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со Ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа, стои во соопштението.

Воедно, се посочува дека Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Првичната одлука за отворање на границите Владата ја донесе на седницата минатиот понеделник, врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот по принципот на реципроцитет и по предлог и позитивно мислење од Комисијата за заразни болести.

Според тогашните проценки на Комисијата во тој момент немало индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката беше донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелираше патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19,.

Македонските граѓани досега можеа да патуваат без приложување негативен ПЦР тест само во Албанија и во Турција.

loading...