Владиката Тимотеј: Името Охридска архиепископија во себе содржи десетвековна историја, не е понижувачко

Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА, всушност, никогаш не ги прекинала разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста

Во однос на реакцијата на Руската православна црква на одлуката на Вселенската патријаршија, Тимотеј денеска рече дека Цариградската патријаршија и Московската патријаршија го имаат прекинато евхаристиското единство, не сослужуваат, односно цариградскиот сè уште го спомнува рускиот патријарх, меѓутоа руската црква го прекина единството со сите оние што ја признаа православната црква на Украина

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие не признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име, со себе имате една историја од десет века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

По седницата, САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат сè додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј вели дека МПЦ-ОА, всушност, никогаш не ги прекинала разговорите со Српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.

„Затоа велиме продолжуваат и во соопштението го потенцираме тоа дека разговорите со СПЦ продолжуваат сè додека не најдеме конечно решение за тој автокефален статус. Засега останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви“,

вели Тимотеј.

Тој се осврна и на односите меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија. Откако вчера Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, РПЦ излезе со став дека ги признава само канонските права на СПЦ во Северна Македонија.

Владиката Тимотеј денеска рече дека Цариградската патријаршија и Московската патријаршија го имаат прекинато евхаристиското единство.

„Не сослужуваат, односно цариградскиот сè уште го спомнува рускиот патријарх, меѓутоа руската црква го прекина единството со сите оние што ја признаа православната црква на Украина“, рече Тимотеј.

tải sunwin

sunwin club

sunwin sunwin tải sunwin apk

sunwin

tải sunwin