ВМРО ДПМНЕ: На предремени избори убедлив победник ВМРО-ДПМНЕ, огромно мнозинство сметаат дека Ковачевски лошо работи
Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.
1. На прашањето доколку утре се оддржат предвремени парламентарни избори и доколку на тие избори се кандидираат само партии, а не коалиции, за која партија би гласале?
Ø ВМРО-ДПМНЕ 22%
Ø СДСМ 12.9%
Ø ДУИ 6.2%
Ø Левица 5.4%
Ø Алијанса за Албанците 2.8%
Ø БЕСА 2%
Ø Алтернатива 1.3%
Ø Други партии 3.9%
Ø Неодлучни 17.1%
Ø Одбивам да одговорам 15.8%
Ø Нема да гласам 10.6%
2. Кои се најзначајните проблеми?
v Лош стандард, ниски плати и пензии, високи цени 20%
v Економија, финансии 19%
v Невработеност 10%
v Криминал, корупција 6%
v Образование 4%
v Иселување на млади од државата 3%
v Меѓусоседски односи- односи со Бугарија 3%
v Лошо здравство 2%
v Лоши услови во земјоделие 2%
v Останати теми 24%
v Не знам 7%
3.Како го оценувате досегашното работење на Димитар Ковачевски?
· Лош резултат 38%
· Многу лош резултат 24%
· Добар резултат 24%
· Одличен резултат 11%
· Не знам 3%
4.Со која од следните изјави се согласувате највеќе?
ü Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнувањена преговорите со ЕУ- 32%
ü Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија за да ги вклучи Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ- 39%
ü Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговоритесо ЕУ- 10%
ü Не знам- 19%
5. Која страна ја поддржувате во војната со Украина?
o Русија 13%
o Украина 29%
o Двете страни 10%
o Ниту една 38%
o Не знам 10%
СДСМ: Нарачаните анкети на ВМРО ДПМНЕ се манипулација за личен спас на Мицкоски
П: Како ја коментирате последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата наводно имала предност пред власта и дали ова би допринело кон зголемен притисок од опозицијата за предвремени избори?
Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации.
Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби.
Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните.