(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ

ВМРО ДПМНЕ СПРЕМА НОВА ИЗМАМА КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД – НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ, ЈА ПОТЦЕНУВААТ ЈАВНОСТА, ГО ПОТЦЕНУВААТ СДСМ!!!

Зоран Заев не е популист, не е диктатор, не е автократ, он е демократ, он е многу релаксиран модерен европски политичар. Што значи тоа на терен?

Тоа значи дека сите водоводи, градинки, патишта, мостови, училишта, болници итн итн не ги пушта он со медиска помпа туку праќа разни министри, заменици министри директори на јавни претпријатија тие да си ги промовираат проектите, Заев се појавува само на некакви конференции и еколошки или хуманитарни акции каде нема сечење црвена лента.

И ВМРО ДПМНЕ се онбидува тоа да го користи како адут против СДСМ и се обидува да ја лаже јавноста – само затоа што Заев го нема како Грујо да МАВА СО ТОА ЛОПАТАТА СО ЦРВЕНИ ПАНДЕЛКИ они сакаат да кажат дека ништо не се гради во земјава, но не е така!

Еве само дел од тоа што е изградено во земјава или што во моментов се гради низ нашата држава.

1. Државата ги оддолжи општините со околу 50 милиона евра и плус им помага со разни грантови со кои општините ширум земјава градат масовно патишта школи градинки водоводи канализации, еве само неколку од нив:

2. Ова погоре се само градинките, а што е со школите, разни спортски терени, детски паркови, водоводи, канализации, паркови, улици, плоштади, културни домови ширум земјава?

3. Многу од кредитите отидоа и за инвестиции во енергетиката, далекуводи, филтри на РЕК Битола, ново Фото Волтаици во Осломеј, поставување фотоволтаици на околу 150 јавни објекти со што се заштедуваат милиони евра за сметки на струја итн:

4. Многу од парите отидоа и за гасоводи и патишта:

Инаку еве детална листа од сите регионални и магистрални патишта кои се или изградени или целосно реновирани:

1. Еве ги првите 10 километра, Куманово – Свети Николе

Јавно претпријатие за државни патишта

December 2, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе, со должина од 10 км и вредност од 1,2 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

2. Еве уште 20 километра, Тетово – Попова Шапка, значи досега имаме 30 километра реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 1, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1209, делница Тетово – Попова Шапка, со должина од 18,2 км. и вредност од 1,7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

3. Некој си пат Калуѓерец – Растеш, бог мил знае кај е ова, но ете уште 7 километри, значи досега имаме 37 киломоетра реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 4, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат Р2132, делница Калуѓерец – Растеш, со должина од 7,4 км и вредност од 38,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

4. Транзитет пат низ Делчево, должина 4 километра, значи досега имаме вкупно 41 километар реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 4, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А3, Транзит низ Делчево – лев и десен коловоз, со должина од 3,90 км. и вкупна вредност од 27,50 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

5. Еве уште еден реновиран пат, Младо – Нагоричане до Пелинце, српска граница, должина 10 километри, значи досега имаме 47 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 5, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане – Пелинце, со должина од 10 км и вредност од 1,2 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

6. Ова е мало патче, 3 километра, Макази – Ресен, ама секој пат е важен и се брои. Значи засега имаме 50 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 6, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А3, делница Макази – Ресен, со должина од 2,70 км и вредност од 28,36 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

7. Е ова е веќе капиталец, Велес – Градско, должина 20 километра. Значи досега имаме 70 километра реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 17, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А1, делница Велес – Градско, со должина од 20,2 км и вредност од 57,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

8. Пат Струмица – Радовиш и Василево – Добрејци, вкупно 7 километра, значи досега имаме 77 километра реновирани патишта во земјава.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 17, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А4, делница Радовиш – Струмица и Р1403 делница Василево – Добрејци, со должина од 5,70 км и вредност од 46,10 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

9. Колари – Кичево, 11 километри. Значи досега имаме 88 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 18, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Колари – Кичево, со должина од 11,40 км. и вредност од 85,50 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

10. Пат околу Гостивар, 5 километри. Значи досега имаме 93 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

December 18, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат А2, делница Гостивар (мост кај село Здуње) – Гостивар (НС), со должина од 4,58 км. и вредност од 32,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

11. Изграден нов мост на Луда Мара во Кавадарци и реновиран мост на Вардар кај Неготино

Јавно претпријатие за државни патишта

December 26, 2019 ·
Завршени проекти:

– Изведба на мост бр.5 на р.Луда Мара на Државен пат Р1107

– Санација на мост над река Вардар на регионален пат Р1103, делница Лакавица – Неготино (Пепелиште)

12. Крупиште – Пробиштип, 18 километри. Овој пат е при крај и ќе се заврши во јуни, значи може да го собереме и него па досега имаме 111 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

March 23 ·
Реконструкција и рехабилитација на државен пат Р1205-секција: Крупиште –Пробиштип, во должина од 18 км, вредност 3,46 милиони евра.

12. Раброво – граничен премин Дојран, 8 километри, значи досега имаме 119 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 14 ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат Р1105 делница, врска со државен пат Р1401 Раброво-ГП Дојран

Должина: 7.80 км
Вредност: 50.90 милиони денари.

Активности: асфалтирање на завршен слој; изработка на канавки за одводнување; машинско гребење и профилирање на трупот на патот; изработен е првиот носив слој БНС 22 до просечна дебелина од д=6,0см; нови рабници на делот на влезот/излезот од граничниот премин во должина од Л=315,0 м; нови рабници заедно со ригола во должина од Л=120 м на дел од патот; комплетна хоризонтална сигнализација и изработка на банкини од тампонски материјал.

ЈПДП секогаш во функција на граѓаните

13. Возарци – Фариш, Прилепско, 9 километри, значи вкупно досега имаме 128 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

May 22 at 2:01 PM ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Китанов-Сугарески: „Привршуваме со асфалтирање на патот од Дреново до Фариш, еден од најзначајните патни правци кон Прилеп и регионот”

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во рехабилитацијата на државниот пат А1 делница, врска со 1103 (Возарци)–Раец-Фариш. Вредноста на делницата е 1,56 милиони евра финансирани од ЈПДП, со должина од 9,1 км, и ширина од 6,7 метри.

Дополнително, комплетно ќе се рехабилитира целиот патен правец до Прилеп, инвестиција преку десетина милион евра, а следува и распишување на тендери за рехабилитација на преку 140 километри патишта во Пелагонискиот регион.

14. Крива Паланка – Ранковце, 21 километар, значи досега имаме 149 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта

May 6 at 11:56 AM ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Китанов: „Се работи на последните 2 км од вкупно 21 км од рехабилитацијата делницата Ранковце – Крива Паланка”

Рехабилитацијата на магистралниот пат А2, делница Ранковце – Крива Паланка е во завршна фаза. Денеска увид во градежните работи изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кој на лице место се увери дека во моментов се работи на последните 2 км од вкупно 21 км. и ширина од 6 м. во вредност од 2,59 милиони евра.

Во завршна фаза е поставување на комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, како и монтажа на еластична одбојна ограда. Исто така, во моментов се работи на изградба на нови асфалтни риголи со ширина од 75 цм од двете страни на патот, санација на постоечките цевасти и сводести пропусти влезно и излезни глави и поправка на експонираната површина на плочестите пропусти и малите мостови со репарирачки малтер. Се очекува комплетно завршување на активностите до крајот на месецот.

15. Прилеп – Тополчани, 15 километри, значи досега имаме 164 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

May 5 at 12:55 PM ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Сугарески и Китанов на увид на завршните активности на поправката и рехабилитацијата на регионалниот пат Р1101 делница, Прилеп–Тополчани– Битола, во должина од 15,5 км и вредност од 1,05 милиони евра. Ова е многу значаен пат за регионот во Прилеп и Прилепско.

16. Лабуништа – Јабланица, 12 километра. Значи досега имаме 176 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 27 ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Рехабилитација на државен пат Р2241 делница, врска со државен пат Р1201-Лабуништа-Боровец-Јабланица

Должина: 11,80 км.
Ширина: променлива од 4 м до 6 м.
Вредност: 45,07 милиони денари.

Активности: Набавка, транспорт и изработка на завршен асфалт бетонски слој АБ16 дср=5см; изработка на банкини со механичка стабилизација од тампонски материјал Дср 5 и Дср 10 см; обележување на асфалтна површина со патарска рефлектирачка боја и др.

17. Удово – Смоквица, 6 километри, значи досега имаме 182 километар реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 22 ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат А1 делница, Смоквица – Удово и Р1401 делница, врска со државен пат Р1105- Брајковци-Балинци-Марвинци-врска со државен пат А1

Должина: 6.10 km.
Ширина: од 6м до 8м
Вредност: 46.30 милиони денари

Активности: асфалтирање на завршен слој асфалт АБ16с со дебелина од d=5cm врз претходно истругана, обеспрашена и испрскана со емулзија подлога; изработка на банкини.

18. Сопиште – Долно Соње, 4 километра, значи досега бројката стаса до 186 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 17 ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат Р2134 делница, Сопиште – Долно Соње

Должина: 3,7 км
Ширина: променлива од 5,5м, со проширувања во кривини до 9м.
Вредност: 13,65 милиони денари.

Активности: стругање на постоечки асфалт и асфалтирање на изгребена површина;
расчистување на трасата и машинско кресање и чистење на постојни банкини; предвидена е банкина во ширина од 1м од двете страни на патот; предвиден е завршен слој на асфалт АБ11 со дебелина од Дср=5см.

19. Банско – Колешино, 5 километри. Знчаи вкупно 191 километар реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

April 7 ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Државен пат Р1402 с.Банско-с.Колешино
Должина 5км.
Ширина 6 м.
Вредност 30 милиони денари.

20. Мушов Гроб – Мрежичко, 7 километри. Значи вкупно 198 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта

May 25 at 2:31 PM ·
ГРАДБИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Поправка и рехабилитација на државен пат Р1107 делница Мушов Гроб–Мрежичко

Должина: 7,15 км
Ширина: 6 м
Вредност: 68,10 милиони денари

Активност: 6,3 км асфалтирани со прв слој на асфалт; 1,7 км асфалтирани со втор завршен слој на асфалт АБ; градежните активности продолжуваат.

21. Драчево – Орешани – Таор 9 километри, 208 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 28, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р2131, делница Драчево – Орешани – Таор, со должина од 9 км. и вредност од 1,6 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

22. Кавадарци – Росоман, 6 километри. Значи досега 214 километри.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 27, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1107, делница Кавадарци – Росоман, со должина од 6,4 км. и вредност од 0,8 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

23. Струмица – Ново Село 13 километри, значи досега имаме 227 километри реновирани патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 26, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на магистралниот пат А4, делница Струмица – Ново Село, со должина од 12,7 км. и вредност од 1,6 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

24. Фурка – Богданци – Гевгелија, 11 километри, значи досега имаме 238 километри реновирани државин патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 25, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1109, делница Фурка – Богданци – Гевгелија, со должина од 11 км. и вредност од 1,3 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

25. Јурумлери – Драчево, 4 километри, значи 242 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патиштж8/а
November 25, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1106, делница Јурумлери – Драчево, со должина од 4 км. и вредност од 0,8 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

26. Делчево – Пехчево 11 километри, значи вкупно 253 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 21, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1302, делница Делчево – Пехчево, со должина од 10,8 км. и вредност од 1 милион евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

27. Делчево – Звегор 4 километри, значи вкупно имаме 257 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 20, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на магистралниот пат А3, делница Делчево – Звегор, со должина од 5 км. и вредност од 0,4 милиони евра.Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

28. Кадрифаково – Штип, 7 километри, значи вкупно имаме 264 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 19, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1204, делница Кадрифаково – Штип, со должина од 7,00 км. и вкупна вредност од 33,90 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

29. Транзитен дел низ Кавадарци, должина 1 километар, значи вкупно имаме 265 километри реновирани државин патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 19, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1107, делница Транзитен дел Кавадарци, со должина од 1,10 км. и вкупна вредност од 19,60 милиони денари.Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

30. Битола – Демир Хисар, 10 километри, значи вкупно имаме 275 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 17, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1305, делница Битола – Демир Хисар, со должина од 10 км. и вредност од 1,05 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

31. Берово – Виница, 10 километри, значи вкупно имаме 285 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 15, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1304, делница Берово – Виница, со должина од 11 км. и вредност од 1,9 милиони евра. Средствата се обезбедени преку Светска Банка.

32. Радовиш – Подареш, 10 километри, значи вкупно имаме 295 километри реновирани државни патишта.

Јавно претпријатие за државни патишта
November 14, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1310, делница Радовиш – Подареш , со должина од
9,85 км. и вкупна вредност од 49,40 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

33. Маврово – Никофорово, 7 километри, значи вкупно имаме 302 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 13, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р2235, делница с.Маврово – Никифорово, со должина од 6,60 км. и вредност од 52,53 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

34. Прилеп – Прилепско Езеро, 4 километри, значи вкупно имаме 306 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 12, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1312, делница Прилеп – Прилепско езеро, со должина од 4,2 км. и вредност од 26,90 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

35. Охрид – Подмоље, 8 километри, значи вкупно имаме 314 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 11, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1208, делница Охрид – Подмоље (кружен тек Еурохотел), со должина од 8,55 км. и вкупна вредност од 86,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

36. Транзит низ Охрид, 5 километри, значи вкупно имаме 319 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 8, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1301, делница Транзит низ Охрид до бензинска пумпа, со должина од 5,60 км. и вредност од 50,00 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

37. Негорци – Гевгелија, 5 километри, значи вкупно имаме 324 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта

November 6, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат Р1102, делница Негорци – Гевгелија, со должина од 5,4 км. и вкупна вредност од 32,89 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

38. Тркање – Пишица, Пробиштипско, 10 километри, значи вкупно имаме 334 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 5, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на државниот пат Р2342, делница Тркање-Пишица, со должина од 9,85 км. и вредност од 27,90 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

39. Пробиштип – Злетово, 17 киломоетри, значи вкупно имаме 351 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 4, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1205, делница Злетово – Пробиштип, со должина од 17,3 км. и вкупна вредност од 77,70 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

40.. Кочани – Пониква, 12 километри, значи вкупно имаме 363 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
November 1, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1309, делница Кочани – Пониква, со должина од 12км. и вкупна вредност од 86,90 милиони денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

41. Берово – Бугарска граница (Клепало) 7 километри, значи вкупно 370 имаме километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
October 31, 2019 ·
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Р1310, делница Берово – граница со Р. Бугарија (Клепало), со должина од 6,62 км. и вредност од 75,70 милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

42. Подмоље – Радожда, 4 километри, значи имаме вкупно 374 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
October 30, 2019 ·
Завршена е Рехабилитацијата на регионалниот пат Р1208, (кружен тек Еурохотел)
Делница: Подмоље – Радожда, со должина од 4,1 км., вкупна вредност од 24,7 милиони денари.
Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

43. Транзитен пат низ Мариово, 9 километри, значи имаме вкупно 383 километри реновирани државни патишта

Јавно претпријатие за државни патишта
October 15, 2019 ·
Славното МАРИОВО конечно доби асфалтиран пат.

Китанов: МАРИОВО иако е познато од приказните за Итар Пејо, но за жал заборавено од сите, конечно доби 9 километри асфалтиран пат на задоволство на жителите од целиот Мариовски крај.
Прекрасно е чуството да се види радоста во очите на жителите.
Продолжуваме напред.

44. Беровско, 3 километри, значи вкупно имаме 386 километри реновирани државни патишта

Рехабилитација на Р1310 транзитен дел низ Берово
(ул.Моша Пијаде)

Должина: 1 км.
Вредност: 8 милини денари
Започнато со гребење на постојниот коловоз и подготвување за асфалтерски работи

Рехабилитација на Р2345 Трсино – Бигла

Должина: 2 км.
Вредност: 16 милиони денари
Во тек се подготвителни работи (земјени работи и тампонирање)

Јавното претпријатие за државни патишта со овие изградби ги опфати сите патишта во Малешевскиот дел и понатаму продолжува со целосна посветеност на градежните активности.

45. Крива Паланка до Луќе, 11 километри, значи имаме вкупно 385 километри реновирани државни патишта

Goran Sugareski

September 23, 2019 ·
По педесет години од изградбата, обновен е патниот правец од кривопаланечките села Самоков преку Добровница и село Луке до Крстов Дол во должина од 11 километри. За рехабилитација на регионалниот патен правец Р2250 Јавното претпријатие за државни патишта инвестираше 500.000 евра.

46. Куманово – Опае, 6 километри, значи вкупно имаме 391 километри реновирани државни патишта во земјава.

Јавно претпријатие за државни патишта
September 18, 2019 ·
Завршена Рехабилитацијата на регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае

Должина: 6 км
Вредност: 0,67 милиони евра
Ширина: 6 метри
Средства: обезбедени од ЕБОР
Надзор: ГИМ
Изведувач: ЕСКАВАТОРИ
Градежните работи започнаа: Март 2019 година
Делницата е завршена: Август 2019 година

Досега стасавме до безмалку 400 километри реновирани патишта со слики со бројки со све, останатите над 350 километри се наведени подолу а слики ќе обезбедиме утре:

Goran Sugareski added 74 new photos to the album: “Градиме Патишта”.

November 24, 2018
Во изминатиот период заедно со Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта, посебно се посветивме на изградба и реконструкција на патната инфраструкура во земјава. Влеговме во еден силен инвестициски циклус во подобрување на целокупната патна мрежа. Македонија ја направивме едно големо градилиште.

Ги завршивме патните правци:

– Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица
– Рехабилитација на возната лента на автопат Петровец – Миладиновци и – Кадино – Хиподром
– Реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци
– Рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец
– Рехабилитација на трета лента на Валандовско брдо
– Рехабилитација на регионален пат Дебар – ГП Блато
– Рехабилитација на регионален пат Петровец – Катланово
– Рехабилитација на регионален пат пат Пршовце – Јегуновце
– Рехабилитација на делница Охрид кај Билјанини извори
– Рехабилитација на регионален пат Берово – Струмица
– Рехабилитација на регионален пат Сарај – Гупчин
– Рехабилитација на регионален пат Битола – Новаци
– Рехабилитација на регионален пат Кочани – Делчево
– Обиколница на Битола
– Обиколница на Скопје
– Реконструкција на регионален пат Гостивар – Колари
– Поставивме осветлување и сигнализација на клучка Скопје Запад, на делница Катланово -Велес, на делница Велес – Петровец, Осветлување на 6 клучки на делница Тетово – Гостивар како и дел од автопатот А2 и А4

Санација на мост Удово

Статус: Завршен
Тип: Мост
Локација: Удово
Финансирано од: Сопствени средства
Почеток на работите: 08.08.2017
Планиран датум за завршување: 16.11.2018
Вредност на договорот: 91.680.644 Ден

Сугарески на обиколницата кај Кочани – Во регионот вложивме 330 000 евра за патишта

47. Обиколница Кочани, 6 километри, значи вкупно имаме 397 километри реновирани државни патишта

Механизација и работници на градежното претпријатие „Гранит“ денеска почнаа со гребење на коловозот

и со поставување нов асфалтен слој на обиколницата кај Кочани, што е дел од магистралниот пат А3.
Се работи за проект на Јавното претпријатие за државни патишта и на Министерството за транспорт и врски, а со кој е предвидена целосна реконструкција на обиколницата, изградена пред околу три децении. Во придружба на градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, увид во текот на градежните работи направија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

-Со градежните работи ќе се рехабилитира асфалтниот слој на обиколницата, чија должина е околу 6,5 километри и ширина од седум метри, а освен тоа ќе се санираат и трите моста во нејзин состав. Со тоа ќе се рехабилитира една важна делница која е многу фреквентна и е дел од сообраќајното поврзување на нашата држава со соседна Бугарија и корист ќе имаат не само жителите на Кочани, туку на целиот регион. Планираниот рок за завршување на градежните работи е до крајот на октомври, поради што очекуваме учесниците во сообраќајот да имаат разбирање и трпение поради краткотрајните застои, истакна директорот Китанов.

Министерот Сугарески рече дека со рехабилитацијата на обиколницата на Кочани ќе се заокружат планираните зафати во сообраќајната инфраструктра за оваа година во источниот дел од државата.

Јавно претпријатие за државни патишта
December 7, 2018 ·
Почеток на работите: 02.05.2018
Планиран датум за завршување: 16.11.2018
Вредност на договорот: 37.052.000 Ден

Јавно претпријатие за државни патишта
December 7, 2018 ·
Почеток на работите: 29.09.2018
Планиран датум за завршување: 07.11.2018
Вредност на договорот: 9.656.359 Ден

Јавно претпријатие за државни патишта
April 27, 2018 ·
Целото осветлување е со имплементиран централен систем за мониторинг, контрола и управување на осветлувањењто, со кој е овозможено во секој момент да се врши далечинска контрола и мониторинг на електричните параметри од кои зависи квалитетот на осветлувањето. Истотака преку системот се врши детектирање и алармирање во случај на настанат дефект, кој помага во добивање навремена информација за брзо отклонување на дефектот, а со тоа се обезбедува подобра безбедност на сообраќајот во ноќните часови.

Преку централното управување од системот е овозможено вклучување и исклучување на светилките, согласно нивната географска позиција и промените во зимскиот и летниот период од годината.
Во периоди на намалена фреквенција на возила, се врши намалување на интензитетот на светилките, а со тоа и заштеда на потрошената електрична енергија.

Преку фото-апарати, поставени на канделабрите на светилките се врши визуелен мониторинг во реално време на временските услови и во случај на магла, осветлувањето далечински може да се вклучи.
На овие делници во системот се интегрирани шест мини метеоролошки станици кои ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а дополнително може да се постават и сензори за мерење на температурата на коловозот.

Сите овие информации и параметри од уредите на системот за мониторинг, управување и конторла на осветлувањето, се зачувуваат во посебна база на податоци и истите се користат за понатамошни анализи за поефикасно превентивно и периодично одржување, со крајна цел за зголемување на животниот век на поставената опрема и намалување на трошоците за одржување во периодот на експлоатација на објектите.

Вредноста на договорот е 61.000.000 денари, сопствени средства на Јавното претпијатие за државни патишта.

5. Многу од парите кои беа позајмени отидоа за субвенции поради Короната. Претходно многу пари отидоа и за реновирање на над 30 полициски станици, многу касарни беа реновирани, над 40 болници се реновирани, купена е нова опрема за полицијата и армијата, покачени се платите во многу јавни сектори, многу пари отидоа за покачување на социјалната помош за социјални пензии за детски додаток за над 50 000 деца, субвенции за раст на минималната плата која е покачена од 9000 на 14.500 денари итн итн итн…

Народот сето тоа го гледа и го знае, ВМРО ДПМНЕ нема да успее да го изманипулира и излаже овој пат. Кога сме кај болниците, еве листа каде се е реновирано и инвестирано:

Министерството за здравство информира дека во изминатите две ипол години подобрени се условите во 28 јавно-здравствени установи. Со ова, здравствената заштита за пациентите е подигната на едно повисоко ниво, додека пак здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа.

Целосно се реновирани хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за очни болести, како и болничкиот оддел на Клиниката за гастроентерохепатологија.

На Клиниката за ендокринологија извршена е комплетна реконструкција на кабинетот за интензивна нега и пристапните простории. На почетокот на 2020 година, се пушти во употреба новата хируршка сала и реновираниот болничкиот оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

За првпат, по 4 децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, како и условите за престој на родилките во Клиниката за гинекологија и акушерство – бојадисани се сите 24 соби од одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата.

Комплетно е обновена Службите за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола и во Здравствениот дом во Велес.

Минатата година, во Општата болница во Куманово се отвори новиот Ургентен центар – кој претставува комплетно нов објект изграден од темел.

Во Градската општа болница „8 Септември“ се отвори нов Кардиоваскуларен центар во оваа болница, со што се подигна нивото на здравствени услуги.

Исто така, во 2019 година се пушти во употреба од темел изграденото ново одделение за акутни состојби во Психијатриската болница-Негорци, а по 63 години изграден е нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Клиниката за психијатрија во Скопје целосно е реновирана. Комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти, како и амбулантскиот дел и кровот на зградата.

Вакциналните пунктови во Поликлиниките „Чаир“ и „Ѓорче Петров“ се целосно реновирани.

Во општата болница во Охрид се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, додека пак во Заводот за слух, говор и глас е реновиран одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања.

Подобрени се услови за пациентите и во Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок.

Со реновирањето на Институтот за трансфузиона медицина создадени се нови соодветни просторни услови.

Во Општата болница во Куманово, Клиниката за гинекологија и акушерство и во Клиничката болница Тетово се отворија три центри за упатување на жртви од сексуално насилство. Во овие центри се даваат услуги по стандардизирани оперативни процедури, со кои може да се превенираат животозагрозувачки последици.

Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата.

Во 2019 година се отвори „Родителска куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.

Во изминатите две години се отворија шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид.

Министерството за здравство продолжува и во наредниот период да ги подобрува условите како во здравствените установи, така и во вложување на нови медицински апарати и вложување во човечкиот капитал.

Инаку заборавивме да споменеме дека се започна и со изградба на нови брани како таа во Конско вредна 35 милиони евра и таа во Штип, Отиња вредна 10 милиони евра:

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed

AnimeBee: Haikara-san ga Tooru Movie 1: Benio, Hana no 17-sai anime episode Full online free at https://animebee.to watch anime online

https://animepahe.cc watch animes

Website https://animeflix.nl: Watch Majokko Tickle animeflix Episode 1 black butler animeflix

Godotengine: https://godotengine.org/qa/user/animeflixnl

Blip: https://blip.fm/animefreakws