Имам чувство дека ВМРО си ја ишка мувата на капата, цело време сакаат да ги ректеираат скандалите кои ги симнаа од власт.
Колку би биле они среќни ако избие утре афера дека сегашното ДБК прислушкувало 20 000 народ како што тоа го правеа вмровците?!
Колку би биле среќни ако се случи афера како со владината пропаганда па да се дознае дека владата дала 20 милиона евра народни пари на телевизии и портали за пропаганда…
Колку би биле среќни некој близок на власта да убие човек а власта со денови да се обидува да го спаси тој близок на власта…
Цело време како да се обидуваат сите настани да ги стават во калап и да ги спакуваат во афери исти на оние кои ги срушија од власт.
Па така со смртта на ракометарот Денис Тот, мала забуна околу неговите повреди кои не се гледале туку биле во главата им дадоа на ВМРОВЦИТЕ можност да 2 дена ја лажат јавноста дека некој криел убиство, иако убиецот е другар токму на Мицковски?!?!
И порано сум приметил дека вака правеле, се нешто се обидуваат да го прикажат СДСМ исто како ВМРО на Груевски па да дојдат на власт по девизата ИСТИ СМЕ, СИТЕ КРАДЕМЕ, АМА БАРЕМ НИЕ СМЕ ПАТРИОТИ?!