СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од малверзациите со ниви во Делчево
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од малверзациите со ниви во Делчево
СДСМ: Дали Мицкоски ја искористил шемата на неговиот шеф и ментор Груевски за ,,Делчевски ниви”?
СДСМ: Дали Мицкоски ја искористил шемата на неговиот шеф и ментор Груевски за ,,Делчевски ниви”?
Пановски до Град Скопје: Не шетајте ме по ќерамиди!
Пановски до Град Скопје: Не шетајте ме по ќерамиди!
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски
СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски
ГРАД СКОПЈЕ: Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди
ГРАД СКОПЈЕ: Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди
Богоев на ТВ 24: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза
Богоев на ТВ 24: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза
Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех
Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех
Украинската црква прогласи целосна независност
Украинската црква прогласи целосна независност

ВНИМАВАЈТЕ СО ЈАДЕЊЕТО ЛЕБ И БЛАГО, ВЕЖБАЈТЕ РЕДОВНО: Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

Еден век инсулин, односно сто години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот е годишниот мотив за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК вечерва организираше настан на кој го одбележа 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

– Имајќи предвид дека дијабетесот зазема се поголеми размери и се повеќе ги напаѓа децата, само зголемувањето на свеста и актуализирање на проблематиката не е доволно. Пандемијата за жал покажа дека меѓу најранливите категории се лицата со дијабетесот. Потребно е како општество да ги ангажираме сите ресурси и потенцијали во справување со дијабетесот, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во своето обраќање.

Пендаровски посочи дека е императив треба да биде набавката на сите уреди што им помагаат на луѓето со дијабет да живеат и да функционираат нормално. Тој додаде дека не смееме да доцниме зад светот и да дозволиме децата да немаат пристап до современи и иновативни терапии, како и кон медицинско технички системи, како што се системите за континуирано следење на ниво на шеќерот во крвта, можност што им е понудена на децата во Европа и регионот.

Министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање истакна дека од голема важност е да се унапреди животот на пациентите кои имаат дијабет.

– Во изминатите години напорно работевме во делот на иновативна терапија, инфраструктура во болниците и технолошките пронајдоци што ќе го олеснат животот на овие пациенти. Со измена на Законот за увоз на лекови, се укина Законот за паралелен увоз на лекови, со што престанаа да се носат инсулини на непроверен и несоодветен начин од Турција, вели Филипче и додава дека по примерот на најразвиените земји, сега ги имаме најсовремените инсулини, така како што пациентите заслужуваат.

Филипче истакна дека Министерството за здравство ја унапреди и програмата, со што се донесоа три нови инсулини и два нови препарати, со коишто полесно и во помала доза ја контролираат гликемијата, но и го зголемуваат квалитетот на животот на пациентите со дијабет.

– Целосно е реновирано Одделението на Ендокринологија, реновирани се и отворени се нови амбуланти, имаме и постапка за најсовремените сензори за мерење на гликемијата што значи дека децата нема потреба да се боцкаат, туку електронски ќе ја мерат гликемијата, со што значајно го олеснува мониторингот на нивото на шеќер во крвта, појасни министерот.

На настанот се обратија и Зорица Наумовска, вонреден професор на Факултетот за фармација, Диме Велев, претседател на СЗДМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија) и Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија.

Во рамки на настанот беше прикажана и изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и пропратните помагала за неговото користење. По принцип на времеплов, изложбата раскажува за појавата на инсулинот, неговиот пат, научен развој, практична примена и неговото суштинско значење за луѓето со дијабетес. Беа изложени и факти за изумителите на првиот инсулински препарат, првите корисници и начинот на користење на инсулинот.

Ширум светот 537 милиони луѓе имаат дијабетес, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Северна Македонија, во 2020 година од дијабетес заболеле 7432 лица, а починати се 1365 лица од дијабетес мелитус.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 4

GoGoAnime Bleach (Dub)

GoGoAnime Record of Ragnarok

GoGoAnime One Piece (Dub)

free anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)