Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
Герасимовски: Лицата со оштетен слух добиваат бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
ЗАСЛУЖЕНО, БУЧКОВСКИ ИМА ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО И РЕЈТИНГ - Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Заев- Таравари лаже. јавно да се извини или на суд
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Со толеранција против насилство: Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
Претседателскиот центар за политичко образование го идентификува популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ПОСТОЈАН РАЗВОЈ: ЗГОЛЕМЕН ОПСЕГ ЗА OPEL CORSA-e и MOKKA-e
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања
ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР МЕЃУ РАДЕВ И ЗАЕВ Дијалогот на високо ниво и решавање на спорните прашања

Во април и мај нови количини вакцини, надлежните апелираат на масовна имунизација

– Откако Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“.

Во текот на овој месец, рече Заев, од ЕУ треба да стигнат првите 20.000 – 25.000 вакцини од вкупно 100.000, сите 200.000 кинески вакцини, следните количини „Спутник В“, како и вакцините „Фајзер“ од кои имаме нарачано 800.000. Со набавката на 500.000 „Синовак“, ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини за 1,3 милиони граѓани.

Масовна имунизација е предвидено да се врши во салата „Борис Трајковски“ каде дневно ќе се вакцинираат по околу 5.000 граѓани. Според министерот за здравство Венко Филипче, подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање, а согласно планот, ќе се работи во две смени, од 08:00 до 20:00 часот.

За имунизација се подготвуваат и други објекти со цел одвивање на процесот без прекин.

Пред да дојдат на вакцинација, граѓаните можат да го пополнат документот „COVID19 Согласност за вакцинација“ за да се избегне метеж на пунктовите, нагласи Филипче и оцени дека вакцинацијата што почна завчера ширум државата се одвива одлично.

Последниот КОВИД биланс, пак, е нови 1.402 случаи, оздравени 761 пациент и починати 29 лица, сите во болнички услови. Вкупната бројка на дијагностицирани до вчера беше 131.424, а направени се 3.978 тестирања.

Во КОВИД-центрите има околу 260 празни болнички кревети.

-Јас, како претседател на Владата, министерот за здравство и другите министри вртиме телефони насекаде во светот, се трудиме да донесеме вакцини час поскоро. Апелирам до граѓаните да се пријават за да им олеснат на здравствените служби, да имаат појасна евиденција и да го спроведат точно прецизниот здравствен протокол. Сите вакцини се проверени, меѓународно тестирани. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши борбата со овој невидлив непријател КОВИД-19. Со се поголемиот интерес на граѓаните веруваме дека ќе стигнеме до милион и триста вакцинирани граѓани. Многу е важно да ги покриеме сите тие периоди, за континуитет на целата вакцинација, од прва и втора компонента. Има дел од вакцините кои што се примаат како втора компонента меѓу осум и 12 недели, како што е „Астра Зенека“, а другиот дел се две до три недели, рече Заев по пристигнувањето на 20.000 „Спутник В“ пред Институтот за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Заев уште еднаш упати порака до сите граѓани да влезат комплетно во системот на масовна вакцинација. Тој нагласи дека како претседател на Владата се пријавил онлајн за вакцинација и министрите го направиле истото. Ниту еден министер, дециден е премиерот, нема примено вакцина, сите чекаат ред согласно планот за масовна вакцинација. Заев рече и дека би ја примил која било вакцина.

-Верувам во сите вакцини и сакам да го охрабрам нашиот народ. Дефинитивно треба да ја прифатиме секоја вакцина, како доаѓа редот и протоколот. Кога ќе дојдеме на ред, јас, моето семејство, колегите од Владата, која вакцина ќе биде на ред, таа, вакцина ќе ја примиме, изајви Заев.

– Сега кога веќе се достапни во нашата земја и овие вакцини, претходните околу 5.000 преостанти од „Астра Зенека“ ги вклучуваме во веќе постојниот систем, којшто процес на имунизација ширум здравствените домови добро се спроведува за да се дополни бројката на постарите граѓани кои се веќе пријавени со тоа што се проширува сега и возрасната група. Вакцините на „Спутник“ ќе бидат во еден дел да се надополнат уште повеќе овие критични категории на граѓани, но и за почеток на оние категории кои веќе ги најавивме согласно најавата дека ќе ја чекаме и официјалната потврда на Агенцијата ЕМА и нивното мислење за тоа дали на помлади групи граѓани може да се даде вакцината „Астра Зенека“, ние сега тој процес ќе го започнеме токму со оваа количина од вакцината на „Спутник“, рече министерот Филипче по пристигнувањето на српската донација.

Според него, околу 20 проценти од веќе закажаните не се јавиле за вакцинирање.

-Вакцината „Спутник В“ е нешто специфична, после отворањето има два часа да се аплицира целата содржина од вијалата, која содржи десет дози. Согласно тоа, сметаме дека е идеално да биде на едно место и затоа вакцинирањето ќе почне во салата „Борис Трајковски“, изјави Филипче и додаде дека вакцинирањето ќе биде организирано преку закажување на системот „Мој Термин“ и директно во институциите со кои комуницираат, за вработените во МВР, дел од Армијата, судовите, обвинителството, вработените на патарина, царина и УЈП, возачите во јавен транспорт…

Коментирајќи ја актуелната КОВИД состојба и ситуацијата со болничките капацитети, министерот објасни дека други земји имаа многу порестриктивни мерки и се соочија со многу посилен бран од нашиот. Со умерена рестрикција и индивидуалната одговорност, кај нас немаше експоненцијален раст на бројот на новозаболени.

-Успеавме тоа да го изменаџираме и сега добро го менаџираме, има сосема доволен број кревети. Кога споредуваме со пикот во ноември, оние кревети кои се на располагање во Скопје, болнички се точно двојно повеќе, близу 400 од кои 130, 140 се веќе ангажирани, само тука во Клиничкиот центар, рече Филипче.

Во однос на смртноста, нагласи дека во некои земји, меѓу кои Бугарија, БиХ, Словенија, стапката е поголема.

-Секогаш кога има нов бран и зголемен број новодијагностицирани случаи, се случува да расте и смртноста. Ние не сме исклучок, тоа е буквално правило насекаде. Тоа што можам одговорно да го кажам е дека во консултација и координација на сите директори, експерти, инфектолози, специјалисти по интерна медицина им се пристапува на сите пациенти максимално професионално, се дава се што треба во однос на терпаевтскиот пристап што е унифициран и се темели на принципите на лекување што владее буквално во сите земји во светот, подвлече Филипче.

Тој најави и дека за околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело, наменето за лекување на КОВИД-19.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на земјава и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот. Ова го истакна вчера претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на средбата со резидентниот координатор на Обединети нации, Росана Дуџак.

Земјава досега има добиено два пати по 3.000 „Спутник В“, 8.000 вакцини „Фајзер“ од Србија и 24.000 „Астра Зенека“ преку КОВАКС механизмот. Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „Астра Зенека“, како и дози од други производители, со кои треба да продолжи процесот на масовна имунизација на населението, што почна завчера со вакцинација на лицата повозрасни од 77 години. Премиерот Заев изрази уверување дека во текот на мај ќе стигнат и дополнителни количини.

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

Watch Sakura Internet Episode 1

Website https://twistmoe.net: Watch Amagi Brilliant Park twistmoe Episode 13 free anime online

AnimeHeaven: Venus Wars (Dub) anime episode Full online free at https://animeheaven.pro watch anime free

Buzzfeed: https://www.buzzfeed.com/gogoanimebe/

Easypropertylistings com: https://easypropertylistings.com.au/support/users/animefreakws/