Ми претставува задоволство што денеска објавуваме дека во централното градско подрачје започна изградбата на нова улица која ќе го поврзува новиот пешачки мост со новиот градски пазар кој е во изградба, односно со ул „Индустриска“. Изградбата на новата улица
ќе даде квалитетно сообраќајно поврзување и ќе отвори нови перспективи за развој на овој дел од градот кој е во централното градско подрачје, но со децении стои неуреден и запоставен.
Станува збор за изградба на улица „3“ која е проектирана за изградба во должина од 370 метри, со ширина на коловозот од 6 м и изградба на тротоар од едната страна со ширина од 2 метри. Улицата ќе биде изградена со два асфалтни слоја.
Вредноста на проектот изнесува 7.493.900 ден. Поголем делод средствата односно 5.266.748 денари се обезбедени како под-заем преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2 финансиран преку Светска Банка. Останатите средства се обезбедени по пат на кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево.
Во моментов се вршат земјени работи, а ќе се постави и потребната подземна инсталација. Градежните работи за изградба на улицата ги изведува фирмата „БАУЕР-БГ“