БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари
Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна, Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна, Приведен крадец во Прилеп
Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна, Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна, Приведен крадец во Прилеп
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
МИСКОСКИ: Завршивме со целосна реализација на детски реквизити во детскиот парк во ЈОУДГ "ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ" Кривогаштани
МИСКОСКИ: Завршивме со целосна реализација на детски реквизити во детскиот парк во ЈОУДГ "ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ" Кривогаштани
БОМБА НА ДЕНКО МАЛЕСКИ: Блескав успех на македонската дипломатија!
БОМБА НА ДЕНКО МАЛЕСКИ: Блескав успех на македонската дипломатија!
Ковачевски: Вклучивме околу 200 невработени лица за поддршка и грижа на над 1.500 лица со попречености
Ковачевски: Вклучивме околу 200 невработени лица за поддршка и грижа на над 1.500 лица со попречености

ВО ДРАЧЕВО ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ КРСТ ОД 63 МЕТРИ, ФИНАНСИРАН Е ОД СВЕТСКИOT МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС НА ТОДОР ПЕТРОВ И ДВЕ ГРАДЕЖНИ ФИРМИ

Идејата за поставување на крстот е од граѓаните, кои побарале помош за реализација од Светскиот македонски конгрес, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. (Фото: Општина Кисела Вода)

Во населбата Драчево, во скопската општина Кисела Вода, вчера почна изградбата на крст висок 63,5 метри. Крстот ќе биде втор по големина во Скопје, по оној на Водно. Подножјето ќе биде уредено со содржини кои ја карактеризираат Македонската православна црква (МПЦ), а од врвот ќе има поглед на градот.

Идејата за поставување на крстот, како што вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е од граѓаните, кои побарале помош за реализација од Светскиот македонски конгрес на Тодор Петров.

„Одлуката помина на Советот на Општината и беше изгласана едногласно од сите советници. Општината нема да ја чини поставувањето на крстот ниту еден денар. Тој е донација на Светскиот македонски конгрес и фирмите ‘Факом’ и ‘Дабар’ кои се ктитори. Сигурен сум дека оваа локација ќе им биде омилена на нашите жители, дека ќе биде атрактивна дестинација за туристите, и секако, ќе биде значајно одбележје на Драчево, но и на цела Кисела Вода“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Крстот треба да биде готов за три и пол месеци. На нашето прашање дали можеби и овој верски објект ќе заврши како другите верски објекти кои стојат недоизградени (црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија, црквата „Христос спасител“ кај „Сити мол“), Ѓорѓиевски вели дека тоа нема да се случи, бидејќи тој лично ќе се заложи летово крстот да биде отворен.

На осветувањето на камен-темелникот на крстот покрај ктиторите, градоначалникот Ѓорѓиевски, претставници од партијата ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваше и архиепископот на МПЦ-ОА Г. Г. Стефан.

loading...

go88 bị điều tra chơi go88 online go88 inpho

https://sunwin.gg/