Во рамките на проектот на АД МЕПСО во соработка со АД ЕСМ за инсталација на нови системи на релејна заштита на четири големи хидроелектрани, стручен тим неуморно работи на проверка на перформансите на новата опрема.
Станува збор за второ од предвидените четири теренски тестирања на релејната заштита, од најнова генерација, монтирана и инсталирана во четири големи хидроцентрали. Нови системи за релејна заштита, покрај „Глобочица “ и „Тиквеш“ добија уште и хидроцентралите „Шпилје“ и „Вруток“, каде тестирањата ќе се одвиваат во наредниот период.
Реализацијата на зафатите ќе придонесе за сигурно и доверливо снабдување со квалитетна електрична енергија.